Средба на претседателот на Собранието Африм Гаши со Армен Григорјан од УНДП

Претседателот на Собранието Африм Гаши, денеска оствари средба со Армен Григорјан, постојан претставник на Развојната програма на Обединетите нации (УНДП) во земјава.

Средба на претседателот на Собранието Африм Гаши со Армен Григорјан од УНДП

На средбата се разговараше за понатамошно унапредување на соработката, како и за конкретна поддршка од Собранието за донесување и за спроведување на Националната развојна стратегија 2024 – 2044 (НРС).

Честитајќи му го изборот на новата функција, Григорјан истакна дека Стратегијата опфаќа неколку сегменти со кои УНДП соработува со државните институции, со предлог и Собранието и понатаму да биде активно вклучено: дезинформации, младински политики (корелација со Националната младинска стратегија, транспарентност на ревизорските извештаи, образовна стратегија - со фокус кон донесување на подобрени закони за основно и средно образование, образование за возрасни, стручно образование и за ученици со посебни потреби). Посебен фокус во наредниот период ќе биде поставен и на климатските прашања и еколошката правда, односно легислативно институционализирање на правото на чиста човекова околина како основно човеково право.

Претседателот Гаши ги информира присутните дека очекува на првите седници на овој парламентарен состав, Собранието да ја донесе Националната развојна стратегија, комплетирањето на Управувачкиот совет и планирање на натамошните активности во Собранието. Претседателот се заложи и на општинско ниво да бидат разработени повеќе проекти особено за помалку развиените општини, кои ќе донесат бенефит за граѓаните, при што ја подвлече поддршката од Собранието при носење закони во функција на нивна реализација.

Гаши и Григорјан заклучија дека и во наредниот период соработката меѓу Собранието и УНДП ќе остане отворена и ќе продолжи со зголемена динамика, како и со другите институции во државата, сѐ со цел да се гарантира одржливоста на НРС во опфатениот период од 20 години, се наведува во соопштението од Собранието.

Премиерката на Тајланд го прогласи Бангкок за „вонредна зона“ по земјотресот

Премиерката на Тајланд го прогласи Бангкок за „вонредна зона“ по земјотресот што го погоди соседен Мјанмар.

Премиерката на Тајланд го прогласи Бангкок за „вонредна зона“ по земјотресот

Премиерката на Тајланд Паетонгтарн Шинаватра го прогласи главниот град Бангкок за „вонредна зона“ по силниот земјотрес што го погоди соседен Мјанмар.

Голема зграда во областа на паркот Чатучак се урна, при што загина најмалку едно лице, а повредени се десетици граѓани а има информации за штети низ градот, јави Си-Ен-Ен.

Шинаватра „веднаш му наложи на Министерството за внатрешни работи да го прогласи Бангкок за вонредна зона и да ги извести провинциите ширум земјата да ја третираат ситуацијата како национална вонредна состојба, овозможувајќи итна јавна помош доколку е потребно“, се вели во соопштението од кабинетот на премиерката.

„Премиерката веднаш се враќа во Бангкок и ја повикува јавноста да избегнува високи згради, да користи само скали и да остане смирена. Сите владини агенции се брифирани, а училиштата добија инструкции да ги испратат децата порано дома, се вели во соопштението.

Владата предупреди дека може да има нови потреси во следните 24 часа. Силен последователен потрес со јачина од 6,4 степени го погоди Мјанмар по првичниот земјотрес со јачина од 7,7 степени.

Рубио изрази загриженост за „нестабилноста“ во Турција

- Ги гледаме истите извештаи што сите други ги гледаат за тоа што се случува, им рече Рубио на новинарите во авионот со кој се враќаше од патување на Карибите.

Рубио изрази загриженост за „нестабилноста“ во Турција

Американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека разговарал со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, кому му изразил загриженост за „нестабилноста“ што се гледа во Турција по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.

Рубио рекол дека Турција има внатрешно-политички проблеми и Вашингтон нема да ги коментира.

- Ги гледаме истите извештаи што сите други ги гледаат за тоа што се случува, им рече Рубио на новинарите во авионот со кој се враќаше од патување на Карибите.

- Секако дека сме загрижени за овие протести и некои од медиумските извештаи, додаде тој.

Шефот на американската дипломатија додаде дека претседателот Доналд Трамп имал „многу добри работни односи“ со турскиот претседател Таип Ердоган за време на неговиот прв мандат и оти Вашингтон сака да ги обнови тие односи и да соработува со Анкара за низа прашања.

МЖСПП: 200 илјади евра казна за БУЛМАК поради истекување технолошка вода

 БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип подружница Рудник Тораница, Крива Паланка е казнет со 200 илјади евра за инцидент во кој пукнала цевка преку која се доведува технолошката вода од таложникот за јамски води до погонот флотација.

МЖСПП: 200 илјади евра казна за БУЛМАК поради истекување технолошка вода

БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип подружница Рудник Тораница, Крива Паланка е казнет со 200 илјади евра за инцидент во кој пукнала цевка преку која се доведува технолошката вода од таложникот за јамски води до погонот флотација, прекршок, кој според Министерството за животна средина и просторно планирање е од трета категорија.

-По извршен вонреден инспекциски надзор на ден 24 март годинава од страна на Државниот инспекторат за животна средина, утврдено е дека од страна на БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип подружница Рудник Тораница, Крива Паланка согласно член 212-ж став (1) точка 16 и став (2) од Законот за животна средина е сторен прекршок од трета категорија при што гореименуваниот сторител е согласен за поведување на постапка за спогодување согласно Законот за животна средина пред Комисијата за спогодување при Министерството за животна средина и просторно планирање, велат од МЖСПП.

Од Министерството појаснуваат дека според известување од страна на БУЛМАК, на 14 март во период од 06:30 до 07:00 часот се случил инцидент поради пукање на цевка преку која се доведува технолошката вода од таложникот за јамски води до погонот флотација, која не содржи хемиски средства бидејќи е истечена пред да дојде во погонот на флотација и содржи само механички онечистувања, односно е заматена. БУЛМАК известил дека во меѓу време дефектот се санира и е сопрено истекувањето на водата.

-Со потпишување на записник сторителот се согласува за поведување на постапка за спогодување согласно член 212-г од Законот за животната средина. Предвидената прекршочна глоба за големи трговци согласно регистрацијата во Централен Регистар на РСМ во овој случај за правниот субјект е максимална и изнесува 180-000 до 200.000 евра во денарска противвредност, односно максимални 10.000 евра во денарска противвредност за одговорното лице, велат од Министерството.

Министерот Изет Меџити, додаваат, испратил јасна порака дека нема толеранција за загадувачите.

-Законот мора да се почитува. Секој што ќе ја загрози животната средина ќе се соочи со санкции, без исклучок. Инспекциските контроли ќе продолжат со засилено темпо, а Министерството ќе инсистира на целосна транспарентност и одговорност. Ова е само еден од многуте чекори што ги преземаме за да обезбедиме чиста и безбедна околина за сите граѓани, рекол министерот Меџити.

Министерството за животна средина и просторно планирање, потенцираат оттаму, е целосно посветена за заштита на природните ресурси и подобрување на механизмите за следење и контрола.

притисни ентер