Средба на претседателот Џафери со Гент Цакај

Претседателот на Собранието на Република Македонија,  Талат Џафери, денеска имаше средба со Гент Цакај, овластен министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија.

Во оваа прилика, претседателот Џафери се заблагодари на Република Албанија што беше трета земја членка на Алијансата што го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО. Тој го запозна министерот со претстојните работни активности на Собранието, како што е разгледувањето на повеќе законски измени наметнати од пандемијата со Ковид-19, потоа активностите сврзани со европската агенда и отворањето на првите поглавја кон крајот на оваа година. Покрај тоа, го извести и за заокружувањето на функционалноста на Собранието со формирање на делегациите за мултилатерална соработка и на групите за билатерална соработка.

Претседателот Џафери изрази задоволство од заедничкиот интерес и иницијатива за склучување билатерален договор за поедноставување на граничните процедури (едношалтерски систем) за патници и возила на граничниот премин Ќафасан и изрази поддршка за сите проекти кои се во прилог на соработката помеѓу Република Македонија и Албанија во рамките на ИПА 2 Програмата за прекугранична соработка како што е изградбата на патна, енергетска и железничка инфраструктура во рамките на Коридорот 8.

Претседателот Џафери ја поздрави посветеноста на Албанија во рамките на претседавањето со ОБСЕ, во услови кога Европа се справува со сериозни закани за нејзината безбедност и последици врз демократските текови.

Министерот Цакај му го честиташе реизборот на претседателот Џафери и го поздрави формирањето на Владата и функционалноста на Собранието. Тој ја нагласи подготвеноста на Албанија за натамошно унапредување на севкупната соработка, како и интензивирање на соработката меѓу двете пријателски земји.

Соговорниците разменија мислења и за регионалната соработка која е клучна за европската перспектива и стабилноста на нашиот регион а остварувањето на заедничката стратешка цел за членство во ЕУ и во таа насока, напорите за формално започнување на преговорите за членство до крајот на оваа година, ги подвлекоа како главен приоритет на двете земји, стои во соопштението од Собранието на РМ.

Успешна мисија на кинески сателити- направија неверојатни снимки од Земјата и Месечината (ФОТО)

Лунарните кинески сателити - Кеџиао-2, Тијанду-1 и Тијанду-2 - започнаа со комуникациски и навигациски тестови за идните мисии.

Тие на командата ѝ испратија и исклучително интересна фотографија од Месечината со Земјата во позадина, пишува LiveScience.

Сите три сателити беа лансирани со ракета-носач Long March 8 на 19 март, а влегоа во орбитата на Месечината на 12 април.

- Националната вселенска администрација објави дека сателитите кои орбитираат околу Месечината, изградени од Кинеската академија за воздушна наука и технологија ги завршија комуникациските тестови на орбитата. По проценката, сателитите функционираат нормално и извршуваат задачи на мисијата. Тие можат да овозможат комуникации за четвртата фаза од проектот за истражување на Месечината. Мисијата е полн погодок – изјавија од кинеската вселенска агенција CNSA.

Во последните 20 години, Кина посвети многу внимание на лунарната програма, па во 2007 година стана третата земја што слета вселенско летало на Месечината (по САД и СССР) и прва што го сторила тоа во 21ви век. (Минатата година тоа беше направено од Индија, а оваа година од Јапонија.) CNSA планира да испрати уште неколку сонди на површината на Месечината, а потоа да испрати човек до сателитот на Земјата во текот на следната деценија.

Петмина мигранти, меѓу кои и дете, се удавија при обид да го преминат Ламанш

Најмалку пет мигранти загинаа, меѓу кои и едно дете, додека се обиделе да го преминат Ла Манш и да стигнат до Англија во близина на брегот на Вимеру.

Несреќата се случила утрово околу 5 часот и 30 минути, изјавил градоначалникот на Вимеру, пренесува БФМ ТВ.

Според градоначалникот, спасени се 48 лица, спасувачите се уште трагаат по чамецот, а плажата Вимеру е затворена.

Локалните власти соопштија дека во бродот имало 110 луѓе.

Претходно, во ноќта меѓу 13 и 14 јануари пет лица загинаа на брегот на Вимеру додека се обидуваа да заминат за Британија.

Околу 36.000 мигранти се обиделе да стигнат до Англија преку Ла Манш минатата година.

Прва објава на Кејт Мидлтон, откако откри дека има рак- има посебен повод (ФОТО)

Инстаграм профилот на Кенсингтонската палата објави фотографија од најмладиот син на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, принцот Луис, по повод неговиот 6-ти роденден.

Фотографијата ја направила неговата мајка.

На фотографијата е насмеаниот принц Луис, кој денес полни 6 години.

„Среќен 6-ти роденден, принц Луис. Ви благодариме на сите за убавите желби“, пишува на фотографијата.

Ова е прво јавно појавување на војвотката од Велс по долго време откако таа се повлече од јавниот живот откако објави дека боледува од рак. Фотографијата на младиот принц ја направила Кејт, која досега многупати фотографирала детски портрети.

Според Sky news, фотографијата е направена во последните неколку дена во Виндзор и се верува дека е немонтирана.

Медиумите пишуваат дека Вилијам и Кејт ја објавиле фотографијата за да им се заблагодарат на сите што им испратиле честитки, а во исто време ја штитат нивната приватност.

Изминатите неколку месеци беа предизвик за семејството откако Кејт објави дека боледува од рак.

Иако се зборуваше дека таа најверојатно ќе се врати на кралските обврски по Велигден, тоа се уште не се случило.

притисни ентер