Средба на претседателката Сиљановска Давкова со унгарскиот амбасадор Клајн

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска остварила средба со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клајн.

Како што соопшти претседателскиот Кабинет, на средбата бил поздравен интензивниот политички дијалог и изразена подготвеност за натамошна успешна соработка меѓу двете земји на билатерален и мултилатерален план.

Претседателката се заблагодарила за принципиелната и континуирана поддршка од Унгарија како гласен поддржувач на македонската европската интеграција, што претставува наш стратешки и национален интерес и ги поздравила приоритетите на унгарското претседавање со Европската Унија и најавите во однос на политиката на проширувањето, стои во соопштението.

Во таа насока, биле разменети информации околу текот на македонските евроинтеграции, при што претседателката го истакнала очекувањето дека процесот на пристапување во Европската Унија ќе биде евалуиран праведно, врз основа на Копенхагенските критериуми.

Од Кабинетот на претседателката додаваат дека соговорниците разговарале и за соработката во сферата на образованието, науката, одбраната и транспортот, при што претседателката изрази надеж дека во наредниот период дополнително ќе се продлабочи започната соработка помеѓу државните и високообразовните институции на двете земји.

На средбата биле посочени можностите и за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји и зголемување на трговската размена.

Жител од с. Сирково е повреден во пожарот во близина на Росоман

Жител на селото Сирково во општина Росоман е повреден во пожарот што попладнево избувна во овој дел. 

Се здобил со изгореници на рацете и ногата, информираат од ЦУК. Во меѓувреме на помош во гаснењето на пожарите во земјава пристигнаа и два авиони од Романија. Големиот противпожарен авион „Спартан“ кој фрла т.н. водни бомби од повеќе од пет тони, а како логистика, со него во придружба е и авионот „Херкул“.

Директорот на Центарот за упрување со кризи Стојанче Ангелов најави дека веднаш ќе започнат да дејствуваат и ќе се придржат на авионите и хеликоптерите што претходно пристигнаа од Турција, Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора.

планината Серта каде гори појас долг 30 километри и натаму е главната критична точка.

„Четири хеликоптери полетаа кон планината Серта. Во општина Радовиш, кај селото Калањево упативме два големи армиски хеликоптери, еден полициски хеликоптер и еден црногорски хеликоптер. Во село Негорци, Гевгелија упативме два словенечки хеликоптери, а во Општина Ново Село, во непосредна близина на границата со Бугарија, упативме еден голем турски хеликоптер и еден голем српски хеликоптер. Пожарот под Солунска глава се одвива на исклучително тешко пристапен терен, а и на поголем дел непристапен терен. Таму ќе го упатиме романскиот „Спартан“, кој во еден налет ќе фрли пет тони вода, па потоа ќе одлучиме што понатаму.“

Градоначалникот на Неготино Горан Стојанов за Канал 5 вели дека загрижувачка е ситуацијата кај неготинското село Пепелиште, каде се ативни неколку жаришта. Интервенираат голем број пожарникари но се очекува и воздушна поддршка.

„Моменталната состојба на терен е тешка, се уште пожарот е активен и распрснат на повеќе места. од утрово е повторно активиран и пожарот кај Калањево, кај месноста Дуњица. Требаше од 10 часот да се интервенира со неколку летала и ер трактори, но сега за сега се уште не се дејствува.“

Градоначалникот на Општина Ново Село, пожарникари од струмичката противпожарна бригада и неколку граѓани попладнево се нашле опколени од огнените јазици на планината Огражден каде што во моментов има активен пожар. Подоцна биле евакуирани од местото со помош на хеликоптерите од Словенија.

„Бевме затекнати од сите страни со пожар. Околу нас имаше оган. Хеликоптерите стигнаа на време. “

„Бевме на многу непристапен терен. Патот по кој се движевме овие седум дена беше затворен со оган.“

Во гасењето на десетината активни пожари, освен леталата, вклучени се и пожарникарите, 100 припадници на Армијата и 30 припадници на полицијата.

Во меѓувреме, министерот за надворешни Муцунски во телефоснки разговори помош побарал и од грчкиот колега Јоргос Герапетритис и австрискиот шеф на дипломатијата, Александар Шаленберг, а разговорал и со колегите од Словенија, Хрватска и Романија.

Тема на Канал 5: Кои се најчестите причини за пожарите?

Надлежните се сомневаат дека зад поголем дел од пожарите кои беснеат низ земјава стои човечки фактор. Бараат поригорозни казни за предизвикувачите и навремени забрани за движење низ шумите. 

И намерни и ненамерни, се поголеми се сомнежите кај надлежните дека пожарите кои беснеат низ земјава се резултат на човечкИ фактор... ова За канал 5 го потврди и директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.. од мвр засгеа нема информација дали има осомничени, иако велат дека работат на случаи каде постојат сомнеѓи за намерно подметунување на пожари..сомнеж дека актуелните пожари се предизвикани од човечки фактор има и кај поранешниот командант на скопската противпожарна бригада Владимир Симоновски, кој во неговиот стаж видел многу пиромански дела. Тој смета дека за предизвикувачите на пожар треба да има поригорозни казни, а проблем се и забраните за движење кои вели не се издаваат навремено.

„Во 2021 година имаше намерно палење на шумата во Македонски Брод каде што беа изречени и судски пресуди ама тоа е се под прекршочна пресуда, колкава и да е штетата се одговара прекршочно, со некоја финансиска казна. Ако ние губиме шуми со огромни количини и огромни квадратни километри, тогаш ќе треба да се преземат некои поригорозни мерки за да заштитиме шумите.“

Сепак, се поставува прашањето дали механизам за рана детекција би спречил пожари од вакви размери како моменталните. Хрватска таков и понуди на Македонија уште пред три години. Единствено како пилот проект се постави во резерватот Јасен.

„Со Јасен, во вакви периоди во последниве неколку години не сме имале некакви ситуации каде што би можело да дојде до пожари како што имаме, а знаете дека е 90% шума.“

Моделот за превенција е интелигентен надзорен систем кој ги следи во живо ранливите подрачја преку надзорни камери поставени на предаватели и состојбата ја следи деноноќно, а пожарите и штетите во Хрватска ги сведе на минимум.

„Ние можеме да го следиме и да го видиме тој пожар пред воопшто да почнеме да го гасиме, да видиме колку ќе се прошири и колку сили ни се потребни да можеме тој пожар да го ставиме под контрола. Факторот време за пожарникарите е навистина битен. Секоја минута или 10 минути подоцна ако започнеме тоа значи дека неколку часа подоцна ќе ни треба подолго да го ставиме под контрола. “

Во изминативе неколку години се опустошија огромни шумски подрачја во Македонија, каде беше предизвикана штета која брои десетици милиони евра, а допрва ќе се пресметува штетата од актуелните пожари.

Прва анкета по обидот за убиство врз Трамп- води пред Бајден

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е во водство пред Џо Бајден,актуелниот шеф на Белата куќа, покажуваат резултатите од најновото истражување на јавното мислење, во пресрет на претседателските избори закажани за првиот вторник во ноември

Како што пренесува Фокс њуз, ова е првото истражување на јавното мислење спроведено откако Трамп преживеа обид за атентат минатата сабота, кога беше полесно повреден (куршум му го повреди увото) и кога беше убиен напаѓачот Метју Томас Крукс (20).

Според анкетата на Ројтерс/Ипсос, Трамп има два процентни поени предност пред Бајден. За него би гласале 43 отсто од испитаниците, а за Бајден 41 отсто.

Она што загрижува е дека огромното мнозинство од испитаниците, кои исто така се регистрирани гласачи, се загрижени за „хаосот во Америка“. Дури 80 отсто од нив сметаат дека „земјата излегува од контрола“ по нападот врз Трамп.

Маргината на грешка во истражувањето е плус или минус до три проценти. Истражувањето е спроведено на вториот ден од Националната конвенција на Републиканците во Милвоки, каде Трамп го избра сенаторот од Охајо, Џеј-Ди Венс за свој кандидат.

притисни ентер