Средба на претседателката на бугарскиот Парламент со македонскиот главен државен ревизор

Државниот ревизор на Македонија Максим Ацевски денеска во Софија имал средба со претседателката на бугарскиот Парламент Ива Митева, соопшти прес -центарот на Народното собрание на Бугарија.

Дописникот на МИА од Софија, информираше дека дека главниот државен ревизор е во посета на Бугарија во рамки на проектот „Подобрување на надворешната ревизија и парламентарната контрола", во којшто партнер е Бугарската национална канцеларија за ревизија.

На средбата присуствувал и претседателот на Националната канцеларија за ревизија на Бугарија Цветан Цветков.

Како што се наведува во соопштението од Народното собрание на Бугарија, Ацевски ја информирал Митева за проектот, финансиран од ЕУ, истакнувајќи дека неговата цел е да ја подобри надворешната ревизија во Македонија и нејзината ефикасност.

Митева, како што стои, нагласила дека бугарскиот модел на врховна ревизорска институција е уникатен за ЕУ.

Таа посочила дека првично имало 11 члена на Судот на ревизори, но потоа нивниот број бил намален поради законските измени, додавајќи дека сега неговиот состав вклучува претставници номинирани од Институтот за внатрешни ревизори во Бугарија и Институтот за овластени сметководители.

– Транспарентноста за трошењето на јавните средства е клучен елемент за зголемување на довербата на граѓаните во државните институции, изјави Митева.

Таа навела дека досега ревизиите на Бугарската национална канцеларија за ревизија не биле секогаш разгледувани од страна на Националното собрание, што е, како што посочи, пропуст и треба да се смени.

Кевин Спејси повторно обвинет за сексуален напад

Американскиот глумец Кевин Спејси се соочува со уште една тужба за сексуален напад.

Имено, во Велика Британија, денеска против него е поднесена граѓанска тужба пред Високиот суд во Лондон, нешто повеќе од 18 месеци откако беше ослободен од сите обвиненија во претходното кривично судење.

Според судските документи, предмет се води и против лондонскиот театар „Олд Вик“, каде што Спејси работи како уметнички директор од 2003 година, но подобности за тужбата не се достапни.

Обвинителската адвокатска канцеларија потврди дека тужбата е поднесена.

Сите средни училишта во Сеул добиле дојави за поставени бомби

Сите средни училишта во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, добиле преку факс закани на јапонски јазик дека ќе бидат кренати во воздух, соопшти денеска јужнокорејската полиција.

Во соопштението се наведува дека полицијата трага по лицето кое ги испратило заканите, а училиштата ги зајакнале безбедносните мерки.

Во факсот се укажува дека бомбите веќе се поставени во сите средни училишта во Сеул и дека ќе почнат да експлодираат в петок попладне по локално време, соопшти полицијата.

Општина Аеродром започна да спроведува бесплатен скрининг на тироидна жлезда кај 9-оодделенци

Учениците од деветто одделение од сите основни училишта во Општина Аеродром имаат можност да извршат бесплатен скрининг на тироидната жлезда.

Скринингот стартуваше вчера во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче и ќе бидат прегледани сите деветтоодделенци по претходно добиена писмена согласност од родителите или старателите.

В.д. градоначалникот, Дејан Митески, посочи дека Аеродром е прва општина во која се спроведуваат вакви скрининзи што имаат превентивен карактер.

Иницијативата ја даде директорот на здравствената установа „8-ми Септември“, проф. д-р Синиша Стојаноски, а родителите на учениците без двоумење ја прифатија оваа превентивна мерка.

Инаку, д-р Стојаноски ги спроведува скрининзите во училиштата заедно со д-р Невена Маневска.

Општина Аеродром останува посветена на создавање уште подобри услови за безгрижно и здраво детство на нашите најмили.

Општина Аеродром

притисни ентер