Средба на Одборот за акредитација на високото образование со Стопанската комора

Претседателот на Одборот за акредитација на високото образование проф. д-р Марјан Ѓуровски и Претседателот на Стопанската комора  Бранко Азевски остварија заедничка средба.

Претседателот на Одборот за акредитација на високото образование проф. д-р Марјан Ѓуровски и Претседателот на Стопанската комора Бранко Азевски остварија заедничка средба со цел да ја интензивираат соработката меѓу двете институции во функција на градење механизми за поддршка на развојот на високото образование во земјата.

Договорено e Одборот и Стопанската комора да потпишат договор за соработка во кој ќе се дефинираат повеќе активности, бидејќи национален интерес е квалитетно високо образование кое ќе ги задоволува потребите на стопанството.

Заеднички беше констатирана потребата од анализа на профилот на кадар со високо образование за стопанството, како и оценка на дипломираните студенти од аспект на нивна подготвеност и стручност за директно вклучување вопроцесите, како идни менаџери и вработени .

Покрај законските услови, посебно внимание треба да се посвети на општествената и стопанска оправданост на студиските програми кои се акредитираат, поради што Одборот за акредитација на високото образование ќе иницирадијалог меѓу бизнис заедницата и факултетите, односно низдиректен разговор со работодавачите и со инвеститорите ќе се утврдуваат приоритетите и насоките за идно креирање настудиски програми преку кои ќе се едуцира квалификуван и стручен кадар, неопходен за актуелните бизнис трендови.

​На средбата во Стопанската комора присуствуваа и потпретседателот на Одборот за акредитација на високото образование проф. д-р Куштрим Ахмети и Претседателот на организацијата на работодавачите Ангел Димитров кој е член на Одборот за акредитација согласно Законот за високо образование.

Одборот за акредитација на високото образование

Сиљановска Давкова на Самитот за мир: Компромисите можат да го компромитираат европскиот мир

Компромисите со меѓународното право и принципи можат да го компромитираат европскиот и светскиот мир

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на пленарната сесија на Самитот за мир во Украина, што викендов се одржува во Бургеншток на езерото Луцерн во Швајцарија.

Во обраќањето претседателката оцени дека тековната војна во Украина нè засега сите нас, земјата е изложена на огромно човечко страдање и уништување, безбедносната архитектура на Европа е под закана, а на глобално ниво животите на милиони луѓе се засегнати од тешките економски последици.

„На најсилен можен начин ја осудуваме неиспровоцираната и неоправдана агресивна војна на Русија и ја поддржуваме Украина на најдобар начин, дури и повеќе од она што го дозволуваат нашите ограничени капацитети, ресурси“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Нашата држава, посочи претседателката, се приклучи кон Кримската платформа и целосно се усогласи со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, а Украина беше главен приоритет за време на македонското претседавање со ОБСЕ во 2023 година.

На хуманитарен план, рече претседателката, се приклучивме на меѓународната коалиција за враќање на украинските деца и обезбедивме цивилна поддршка и итна помош за Украина и за украинските бегалци. Како поддршка на евроатлантските аспирации на Украина, посочи претседателката, испративме воена опрема преку Пакетот за сеопфатна помош на НАТО.

„Како суверена нација, само Украина може да одлучи за својата иднина. Од Украина зависи кога и како ќе ја ангажира Русија за евентуално усогласено решение. Праведниот мир мора да биде вкоренет во принципите на Повелбата на ОН за суверенитет и територијален интегритет. Обидот на Русија да стекне територија со сила е флагрантно кршење на овие основни начела. Кога опасните преседани остануваат неоспорени, тие можат да се претворат во толерирани практики. Компромисите со меѓународното право и принципи можат да го компромитираат европскиот, па дури и светскиот мир и безбедноста. Единствениот начин да се избегне ова е да се почитува Повелбата на ОН и принципите на меѓународното право, без исклучок“, рече претседателката Сиљановска Давкова, истакнувајќи дека воздржувањето од употреба на сила, почитувањето на суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите, и заштитата на човековите права и основните слободи, се цврсти принципи за кои не може да се преговара.

Во обраќањето претседателката Сиљановска Давкова рече дека додека се развива рамката за иден мировен договор, ќе продолжиме да ја поддржуваме слободна, независна, демократска и суверена Украина.

Кулеба: Во нацрт-изјавата од самитот во Швајцарија беа земени предвид ставовите на Украина

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска изјави дека ставовите на Киев биле земени предвид во завршното соопштение од самитот за мирот во Украина, што се одржа вчера и денеска во Швајцарија.

Кулеба во Бургеншток им изјави на новинарите дека изјавата е „балансирана“, според британските медиуми.

Украинскиот министер додаде дека на овој дводневен настан не се разговарало за алтернативни планови за мир.

Повторно отворен аеродромот во Нова Каледонија

 Главниот аеродром на француската прекуморска територија Нова Каледонија повторно ќе биде отворен за сообраќај откако беше затворен еден месец поради големите судири меѓу полицијата и милитантните борци за независност.

Аеродромот Ла Тонтута, кој го поврзува главниот град на Нова Каледонија Нумеа со летови до Сиднеј, Токио, Сингапур и други места, повторно ќе биде отворен в понеделник, се вели во денешното соопштение на високиот комесар на територијата.

Донесена е и одлука полицискиот час да се скрати за околу два часа, поради „подобрување на ситуацијата и да се олесни постепеното враќање во нормален живот, се вели во соопштението на високиот комесар.

Насилството што избувна на 13 мај поради контроверзните реформи за гласачкото право остави девет мртви, вклучително и двајца жандарми, и голема материјална штета. Како што започна кампањата за предвремените парламентарни избори во Франција, францускиот претседател Емануел Макрон ги суспендираше реформите кои би ги промениле избирачките права во Нова Каледонија.

Туристите заробени поради затворањето на аеродромот беа евакуирани со воени авиони.

притисни ентер