Средба на министерот Тошковски со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте - Канал 5

Средба на министерот Тошковски со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Соработката меѓу двете полиции, соопштија од МВР, вклучува брза размена на оперативни информации, сознанија во сите области на криминалитетот директно и преку меѓународните канали на ИНТЕРПОЛ, ЕВРОПОЛ и СЕЛЕК.

Средба на министерот Тошковски со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна средба со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте, на која биел потврдени традиционално добрите пријателски односи и соработка што се одвива на билатерално и мултилатерално ниво.

Соработката меѓу двете полиции, соопштија од МВР, вклучува брза размена на оперативни информации, сознанија во сите области на криминалитетот директно и преку меѓународните канали на ИНТЕРПОЛ, ЕВРОПОЛ и СЕЛЕК.

- На средбата беше разговарано и за следните активности како организирање и учество на заеднички обуки и тренинзи, застапување на заедничките интереси со цел континуиран процес на унапредување на капацитетот на двете полиции во борба со сите видови криминалитет и транснационалниот организиран криминал, се вели во соопштението.

Амбасадорката Адела Миника Аксинте потенцирала дека Романија ќе продолжи и во иднина да биде лојален поддржувач и пријател на Македонија, особено во евроинтеграцискиот процес.

Сеноќно бдение во Бигорски во чест на чудотворната икона „Достојно ест“

На 23 јуни (понеделник) 2025 лето Господово, во Свештената бигорска Обител во 22 часот ќе започне сеноќното бдение во чест на празникот на Пресвета Богородица.

Сеноќно бдение во Бигорски во чест на чудотворната икона „Достојно ест“

Свештената бигорска Обител традиционално и годинава ќе го одбележи празникот на Пресвета Богородица, во чест на нејзината икона „Достојно ест“, која во овој божји храм пристигна кусо по пожарот на 30 септември 2009 година, кога пламените јазици целосно го пеплосаа Горни Палат.

-На 23 јуни (понеделник) 2025 лето Господово, во Свештената бигорска Обител во 22 часот ќе започне сеноќното бдение во чест на празникот на Пресвета Богородица, во спомен на Нејзината чудотворна икона „Достојно ест“. Благослов да присуствуваат имаат сите коишто молитвено сакаат да го прослават сечесниот спомен на Мајката Божја, стои во соопштението.

Архимандрит Кирил за МИА изјави дека Бигорскиот собир се закитил со копијата од оваа прекрасна икона во 2009 година, како „една слатка утеха после страшното огнено искушение врз обителта".

-Со тоа Богомајката им покажа на своите чеда монаси, дека е тука со нив и во најтешките мигови, за мајчински да ги поткрепи и да им вдахне нови сили за духовна борба. А благодарното монашко срце непрестајно ја искажува својата верност и благодарност, плетејќи сеноќни славословија во чест на Царицата и на нејзината икона „Достојно ест“. Така и сега неизмерната синовска љубов ќе ги собере сите во Бигорското светилиште на уште една духовна средба со Мајката на животот, во чиишто прегратки сите таги и неволи исчезнуваат, вели архимандрит Кирил..

Според црковниот календар и преданијата на црквата, на 24 јуни се празнува иконата „Достојно ест“ заради чудото кое се случило пред неа во времето на патријархот Никола Хрисоверг (983-996).

Традиционално во Бигорскиот манастир се очекува големо присуство на верници кои ќе присуствуваат на одбележувањето на денот на иконата „Достојно ест.

Генерал-полковник Замир: Израелците треба да се подготват за „продолжена кампања“ против Иран

 Началникот на Генералштабот на израелската армија, генерал-полковник Ејал Замир во видеопорака им порача на Израелците дека мора да се подготват за „продолжена кампања“ против Иран, со цел „да се елиминира заканата со таква големина“.

Генерал-полковник Замир: Израелците треба да се подготват за „продолжена кампања“ против Иран

Тој истакна дека Иран „со години гради јасен план за уништување на државата Израел“, а планот изминатите месеци стигнал „до точката од која нема враќање, каде што капацитетите достигнаа оперативна способност“.

- Ја почнавме кампањата кога Иран поседуваше околу 2.500 проектили земја-земја, со висока стапка на производство, таква што во рок од приближно две години се очекуваше да поседуваат околу 8.000 проектили, посочи Замир.

Замир нападот врз Иран од 13 јуни го оцени како превентивен.

- ИДФ нема да стои настрана и да гледа како се развиваат заканите … Ние проактивно и превентивно ќе дејствуваме за да ја спречиме егзистенцијалната закана и да се соочиме со секој предизвик, посочи Замир, додавајќи оти ИДФ со години се подготвувала за напад врз Иран.

Според началникот на ГШ на ИДФ нападите врз Иран „постигнале извонредни резултати“.

- Ја елиминиравме високата команда на непријателот, нанесовме длабока штета на компонентите на нуклеарната програма, отворивме воздушен коридор кон Техеран, идентификувавме и уништивме околу половина од ракетните фрлачи, некои само неколку минути пред лансирањето, и го изненадивме непријателот и покрај неговата зголемена состојба на готовност, потенцира Замир во видеопораката.

OJO: Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид

Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител предложи мерка притвор за двајцата осомничени.

OJO: Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 2 лица за Тешки дела против безбедноста на луѓето имотот во сообраќајот од член 300 став 2 од Кривичниот законик, во врска со синоќешната сообраќајна несреќа на булеварот “Туристичка” во која едно лице го загуби животот, а уште едно беше тешко повредено.

Првиот осомничен го извршил делото со директно загрозување на безбедноста во сообраќајот, односно во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, бидејќи како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал автомобил Фолксваген голф без да поседува возачка дозвола и со брзина неприспособена на својствата и состојбите на патот. Поради тоа 21-годишникот изгубил контрола над возилото, навлегол на кружниот тек преминувајќи преку средишниот остров, возел надвор од коловозот и удрил во метален столб – канделабра на тротоарот. Потоа продолжил да се движи по тротоарот каде налетал на двајца пешаци и конечно удрил во бетонска ограда.

Во несреќата била повредена пешакот Александра Божиноска која починала на лице место, додека кај другиот пешак биле предизвикани тешки телесни повреди.

Истрага е поведена и за сопатникот во автомобилот Фолксваген голф, 18-годишен сопственик на автомобилот. Тој делото го сторил загрозувајќи ја безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство, односно во врска со член 298 став 1 од Кривичниот законик.

Иако бил свесен дека поради неговото постапување може да настапи штетна последица, односно дека неговиот другар не поседува возачка дозвола и може тешко да ја загрози безбедноста на сообраќајот и да го доведе во опасност животот на луѓето, вториот осомничен му го дал возилото цо негова сопственост да го управува.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител предложи мерка притвор за двајцата осомничени.

притисни ентер