Средба Филипче - Бартолини: Со 4 милиони евра од ЕУ се обезбедува опрема во здравството

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, вчера оствари средба со Никола Бартолини - шеф на секторот за Програми за финансиска поддршка при Делегација на Европската Унија во Скопје. 

На средбата се разговараше за десет годишната стратегија за развој на здравството со поддршка на ЕУ.

„Го финализираме стратешкиот документ - 10 годишната стратегија за развој на здравството, со поддршка на Европската унија. Со ова, ќе овозможиме унапредување на здравствената заштита, поголемо вложување и стабилен здравствен сектор. Исто така, во тек е финализирање на подготвоките за ИПА 3 програмата во секторот здравство. Станува збор за акциски документ преку кој ќе се реализираат проекти, активности во областите, унапредување на здравјето на мајки и деца, електронско здравство, како и подобрување на превенција и контрола на незаразни болести."- истакнува министерот Филипче.

Со помош на ЕУ, се реализира проект за јакнење на здравствениот систем и брз одговор на заразни болести ковид-19 преку кој ќе се обезбеди опрема во вредност од околу 4 милиони евра.

Во изминатите месеци со справувањето со коронавирусот, здравствените установи од Унијата добија 20 механички вентилатори, 20 монитори за интензивна нега, 626 сета за 31.300 тестови и близу 40.000 парчиња разна медицинска опрема, 30.000 заштитни маски за лице, 100.000 хируршки маски, 750.000 хируршки ракавици, 20.000 заштитни очила, како кислородни маски, филтри, катетри и други неопходни материјали за потребите на здравствениот сектор.

Министерот Филипче се заблагодари за целокупната поддршка која ЕУ и ја дава на Република Македонија низ годините, особено во изминативе месеци со справувањето со пандемијата ковид-19.

Фото: Слепа пливачка се фотографирала за Плејбој

Пливачката Елена Кравцова е родена во Казахстан но сега настапува за параолимиската селекција на Германија во пливање.

Елена во родниот Казахстан започнала полека да го губи видот.

Германската параолимиска шампионка неодамна одлучила да се слика гола за магазинот Плејбој.

Без разлика на тоа што е скоро слепа, гледа само 3 проценти Елена постигнува многу успеси во пливањето.

Кравцова е светска шампионка во пливање од Монтреал 2013 и Лондон 2019 но и параолимписка вицешампионка од игрите во Лондон во 2012 година.

-Во основ сум многу екстровентна личност и немам проблеми со голотијата. Сликите се секогаш многу естетски и мислам дека изворедно ја прикажуваат жената и нејзината убавина. Многу сум среќна што се сликав за Плејбој, изјавила Кравцова

Ja, es ist wahr!⁣ ⁣ Ich bin die erste Paralympicssportlerin auf dem Playboy Cover 😇⁣ ⁣ Diese Möglichkeit konnte ich nicht ausschlagen und bin sehr dankbar für die Anfrage vom @playboygermany 🐰⁣ ⁣ Mit dem Shooting möchte ich ein Zeichen setzen, für mehr Toleranz in der Gesellschaft. Dafür, dass auch Menschen mit einer Behinderung alles schaffen können und sich nicht verstecken, auch wenn man nicht so ist wie die meisten, denn nicht jede Behinderung sieht man auf der ersten Blick.Vielfalt gehört zur Gesellschaft und Toleranz bringt uns alle weiter. Nun ja, jetzt bin ich also im Playboy 😁⁣ ⁣ Die zwei Tage Shooting, die ich erleben durfte, waren großartig. Ich habe es mir schon immer gewünscht mal einen Tag als Profimodel zu erleben und das habe ich getan, es hat mir viel Spaß gemacht 📷⁣ ⁣ Es sind sehr viele wunderschöne ästhetische Bilder entstanden. Ihr könnt euch gerne die Zeitung ab morgen online oder im Zeitschriftenladen kaufen und die wundervolle Arbeit ansehen 💕⁣ ⁣ Jetzt lüfte ich das Geheimnis, morgen geht’s führ mich nach München zur Playmate Wiesen Party 😃⁣ ⁣ Ich bin sehr gespannt was auf mich zu kommt und freue mich sehr auf den Abend. Ich werde euch natürlich so gut es geht davon berichten, damit ihr auch einen kleinen Einblick bekommen könnt.⁣ ⁣ 📸: Sacha Höchstetter für PLAYBOY Oktober 2020 #playboygermany #alleswasmännerlieben #teamkrawzow #playboy #berlin #cover #playboycover #schwimmen #swimming #paraswimming #paraathlete #paraswimmer #visualimpairment #sehbehinderung #lebenmitbehinderung #toleranz #gesellschaft #berlingirl #werbung #ad

A post shared by Elena Krawzow (@elena_krawzow) on

Елена која е родна во Казахстан откако започнала да го губи видот со семејството заминала за Русија, за во 2005 година од Москва со автобус да тргне кон германскиот град Бамберг каде живее и денеска.

Вежбај на отворено: Карпош дел од националниот фитнес ден

Општина Карпош, се приклучува на иницијативата за одбележување на Националниот фитнес ден – 24.09.2020 година. 

Во соработка со граѓанското здружението „ТАКТ“ во изминатиот период организираа серија активности за промоција на спортот и физичкото здравје на локално ниво.

Националниот фитнес ден има цел да ја подигне јавната свест кај младите, повозрасните, и воопшто кај сите граѓани за зголемена и континуирана физичка активност.

Денеска се потсетуваме и на потребата од квалитетна и сеопфатна инфраструктура за вежбање и спортски активности. Во период на светска пандемија од Ковид – 19, кога затворените спортски сали и објекти се користат под ригидни протоколи, потребно е да излеземе надвор!

Во оваа насока, Општина Карпош минатата недела го отвори и Спортско – рекреативниот центар во Карпош 3, во рамки на училишниот двор на „Лазо Трповски“.

На овој јавен простор беше организиран и фитнес час, од страна на фитнес инструкторот на „ТАКТ“, Надица Јовановиќ и извршната директорка на оваа организација, Магдалена Спасовска.

Локалната самоуправа, изминатиот период работеше на креирање на повеќе вакви зони. Достапна за сите граѓани е фитнес зоната во Карпош 4, која се направи во соработка со Агенцијата за млади и спорт. Една од попосетените зони е и Баланс + фитнес зоната долж Кејот на Вардар. Веќе повеќе години, граѓаните се рекреираат и во фитнес делот во Козле (долж булеварот „М.Т.Гологанов“).

Независно од ковид кризата, фитнесот, вежбањето е добро за нашето здравје, психичка подготвеност и полесно совладување на различните животни предизвици.

Каракачанов: Бугарија не е против, но смета дека не е време за меѓувладина конференција

Бугарија нема што да менува во својата политика. 

Бугарија нема да се спротивстави, но ќе каже дека не е време да се закаже датум за одржување на првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите за пристапување на Македонија во ЕУ, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Тој за за бугарската ТВ Европа истакнува дека никој не сака да се воведат нови критериуми за Македонија, но оти постои многу јасен услов на ЕУ: секоја земја кандидат за членство мора да ги расчисти проблемите со соседите пред да започне преговори, пренесува БГНЕС.

– Бугарија нема што да менува во својата политика. Во октомври минатата година многу јасно кажавме дека ако не се почитува Договорот за пријателство меѓу Република Бугарија и Република Македонија од 2 август 2017 година, ќе се спротивставиме на закажувањето на првата меѓувладина конференција, вели Каракачанов.

Тој упатува и критики кон поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, дека три години не е направено ништо за подобрување на билатералните односи, како и кон Драги Ѓоргиев, копретседавач на заедничката Комисија за историски и образовни прашања.

– Тие мислат дека можат да ги прикријат работите. Тие замислуваат дека некој во Брисел или низ целиот свет ќе ја притисне Бугарија и ние ќе клекнеме. Очигледно, не разбраа што е ЕУ и како работи. Имаа три години да се превоспитаат. Бугарија нема да се спротивстави, но ќе каже дека не е време да се закаже датум за одржување на првата меѓувладина конференција. Кога некој не е подготвен да се појави во прво одделение, има предучилишна подготовка. Во моментов зборувам во име на владата, изјави Каракачанов. /МИА.

притисни ентер