Средба Божиновска - Агелер: Поддршка од САД за размена на искуства во сферата на енергетиката

Министерката за  енергетика, рударство и минерални суровини  Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. г-ѓа Ангела Агелер.

На средбата се разговараше за новоформираното министерство за неговите цели, активности и проекти.

Министерката Божиновска ја истакна огромната важност за реализирање на нови капитални инвестиции во полето на енергетиката и усогласување на постоечките закони со оние на Европската Унија во делот на енергетиката.

Неопходно е зајакнување на билатералната соработка меѓу двете земји, истакна Божиновска имајќи предвид дека стратешката определба која е во насока на зајакнување на односите со нашиот партнер САД.

На средбата се нагласи и поддршката на САД во делот на размена на искуства и знаење во сферата на енергетиката и обновливите извори на енергија, се наведува во соопштението.

Фон Дер Лајен реизбрана за претседателка на Европската комисија

Урсула фон дер Лајен останува на чело на Европската комисија, со 401 глас од европратениците ја доби подршката да ја води Комисијата и во наредните пет години. 

Во свето речиси едно часовно обраќање во кое ги претстави нејзниот план и визија за вториот мандат порача дека проширувањето на Унијата ќе биде меѓу клучните приоритети и дека приемот на нови земји претставува морална, историска, политичка и геостратешка одговорност на Европа. Осврнувајќи се на земјите од регионот, но и на Украина, Грузија и Молдавија, Фон фер Лајен потенцираше дека зачленувањето се темели на заслуги, но посочи дека ќе ги поддржат кандидатските земји со инвестиции во текот на спорведувањето на реформите.

“Пристапувањето секогаш ќе биде процес базиран на заслуги и ќе обезбедиме сите земји да бидат подготвени за членство. Западниот Балкан, Украина, Молдавија и Грузија го направија нивниот слободен избор. Тие избраа слобода наместо угнетување, тие избраа демократија наместо зависност и некои од нив платија многу висока цена за овој избор. Затоа ние мора да го направиме нашиот избор и да искажеме посветеност дека нивната иднина ќе биде слободна и просперитетна во нашата Европска унија“, рече Фон дер Лајен во обраќањето.

Инаку во Фон Дер Лајен во обраќањето ја акцентираше и безбедноста на континентот повикувајќи на формирање на европска одбранбена унија и јасно стави до знање дека Европа и понатаму ќе стои рамо до рамо со Украина. Фон дер Лајен повика и на запирање на крвопролевањето во Газа, а во нејзиниот говор не изостана ниту осуда за неодманешната посета на Орбан во Москва. Реизборот на Фон дер Лајен за претседателка на ЕК, сепак не течеше мазно и беше одбележан со краток инцидент во кој романската европратеничка Дијана Шошоака со довикуавње од место ја прекина дебатата, проади што беше остранета од паралменатранта сала во Стразбур.

На изборот на Фондер Лајен преходеше и реизборот на Роберта Мецола, која во вторникот ја доби подршката од европратениците да престедава со Европскиот парламент и во наредните две ипол години. Претходно за нов претседател на Европскиот совет беше избран и поранешниот португалски премиер Антонио Кошта.

Средба на министерката Јаневска со турскиот амбасадор Улусој

Со потпишувањето на протокол за соработка во областа на науката, технологијата и иновациите, што треба да се случи до крајот на календарската година, Македонија и Турција уште повеќе ќе ги зацврстат добрите билатерални односи.

Со потпишувањето на протокол за соработка во областа на науката, технологијата и иновациите, што треба да се случи до крајот на календарската година, Македонија и Турција уште повеќе ќе ги зацврстат добрите билатерални односи, обезбедувајќи нови можности академскиот кадар и наставно – научната фела во двете земји.

Оваа тема беше во фокусот на денешната средба помеѓу министерката за образование и наука Весна Јаневска и турскиот амбасадор Фатих Улусој, на која двете страни изразија задоволство од добрите досегашни односи меѓу државите и очекувања за взаемно делување и во иднина.

Министерката Јаневска на состанокот информираше за тековните активности на министерството во насока на обезбедување поквалитетен образовен систем. Сподели и дека над 8000 ученици следат настава на турски наставен јазик во македонските училишта и дека грижата за квалитетно образование на турската заедница, како и за сите останати во државата, ќе продолжи да биде интензивна и подеднаква во иднина. Информираше и за активностите кои се веќе започнати во министерството, а се дел од новата програма за работа на институцијата.

Честитајќи и на министерката за именувањето на позицијата, амбасадорот Улусој изрази подготвеност за соработка и нови иницијативи во сите образовни сегменти.

Министерство за образование и наука

Какви ефекти ќе донесе буџетската дупка и јавниот долг од 68% од БДП?

Зголемувањето на дефицитот на 720 милиони евра е загрижувачка вест, стигнаа првите оценки од економските експерти по вчерашното презентирање на ребалансот на буџетот.

Со прекројувањето на државната каса се обезбедија повеќе пари за плати, околу 66 милиони и за пензии 80 милиони евра. Домашните експерти сугерираат дека со ова може да се доведе во ризик развојната компонента на буџетот.

-Понатамошното преземање на двете обврски и на двете категории, плати и пензии, дополнително ја става во ризик развојната компонента на буџетот и доколку не се преземат ригорозни чекори во следниот процес на планирање на буџетот, ние имаме сериозни притисоци по основ на развојната компонента,- Благица Петрески – „Фајнанс тинк“ .

Петрески има забелешки и за проекциите на капиталните инвестиции. Очекува за следното планирање на годишниот буџет да да има посериозен план и да се води сметка за намалување на задолжувањата, за кои вели дека сега се неопходни за бизнисот и отплата на старите долгови.

-Ние и од претходната анализа на 8 годишен тренд на буџетот, забележавме сериозни слабости во процесот на планирање, особено во капиталните расходи кадешто имаме хронична подреализација што упатува на потенцијална можност на нереално надувување на капиталните расходи во процесот на планирање и нивно понатамошно кратење со ребаланс.

Клучните препораки за следниот период е да имаме посериозно планирање во делот на буџетот, но и да се преземат поригорозни чекори во делот на фискалната консолидација,- Благица Петрески – „Фајнанс тинк“ .

Денеска на домашниот пазар пак имаме ново задолжување со државни обврзници од речиси 48 милиони евра за тековните реализации на буџетот, прво по формирање на новата влада. Според информациите од берзата, овие хартии од вредност се без девизна клаузула, со единечна номинална вредност од 10 илјади денари и каматна стапка од 5,6 отсто.

Инаку освен договорениот заем од Унгарија од пола милијарда, Владата најави дека на почеток на следната година ќе бара нов заем оттаму за да отплати еврообврзница од претходната власт, а министерката Димитриеска Кочоска рече дека во спротивно ќе треба да се земе нова еврообврзница која би била со повисоки камати.

Со ребалансот јавниот долг ќе достигне 68 посто од БДП. Корекции има и кај растот - од првично проектираните 3,4 отсто на 2,1 отсто.

притисни ентер