Средба Ангеловска-Бежоска со претставникот на ЕИБ, Бјорн Габриел

Зелените финансии станаа потреба.

Тековната криза е потсетник за потребата од постојано проактивно делување на полето на структурните реформи, како предуслов за поголема отпорност на економиите. Во овој контекст се и активностите за зајакнување на зеленото финансирање, односно поддршката на инвестициите во обновлива енергија, енергетска ефикасност, одржливо земјоделство и технолошки иновации. За исполнување на своите основни цели, како одржувањето на ценовната и финансиската стабилност, сѐ повеќе централни банки во светот преземаат активности за поддршка на зелените финансии. Нашата централна банка ги постави зелените финансии како стратегиска цел и работи на повеќе активности и монетарни мерки за нивно поттикнување. За ова беше разговарано на состанокот помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и Бјорн Габриел, претставникот на Европската инвестициска банка (ЕИБ) во земјава, кој беше назначен кон крајот на мај.

Гувернерката посочи дека Народната банка, од минатата година, спроведува активности за подетално прибирање податоци за зеленото финансирање, како Анкетата за ризиците од климатските промени, којашто беше спроведена кај сите банки и штедилници во земјава. Анкетата покажа дека во банкарскиот сектор има висока свесност за ризиците коишто ги носат климатските промени, како и висок интерес за воведување „зелени“ производи. Во овој контекст значајна улога имаат кредитите линии на меѓународните финансиски институции, како што е ЕИБ. Следејќи ја европската практика, Народната банка планира подготовка на насоки за работењето на банките во доменот на зелените финансии, за начинот на вклучување на ризиците од зелената транзиција во стратегиите и деловните политики на банките, како и за транспарентно известување. За оцена на отпорноста на банкарскиот систем на климатските промени се планираат стрес-тестови коишто ќе го вклучат и ризикот од климатските промени.

Габриел ја истакна тековната поддршка на ЕИБ за секторот на малите и средни претпријатија во земјава, проектите од областа на животната средина за чиста вода и поголемите инфраструктурни проекти во транспортот и енергетиката. ЕИБ е подготвена да ја зголеми поддршката за Република Северна Македонија во заложбите за декарбонизација и инклузивна економија, како и заложбите на Народната банка во делот на зелените финансии и во одржувањето на стабилноста на финансискиот систем при нови предизвици поврзани со климатските промени. Отворањето на Канцеларијата на ЕИБ кај нас, како што беше нагласено, е јасен сигнал за нивната длабока посветеност на развојот и напредокот на земјава на нејзиниот пат кон ЕУ. Кај ЕИБ, како климатска банка на ЕУ, проектите за одржливост на климата и на животната средина се сржта на нивната мисија. На состанокот, беше посочено дека ЕИБ е подготвена да ја разгледа можноста за техничка поддршка за некои од проектите во делот на зеленото финансирање коишто ги спроведува Народната банка.

________________

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер