Бранко Тричковски врши сериозна алузија на убиство, при што сечењето на цреша во дворот на актерката Моника Белучи ( дрво кое најверојатно е фиктивно ) го споредува со сечење на главата на прославениот македонски режисер Владе Милчин.
Страшно и загрижувачки е што Јавното Обвинителство изгледа не ни помислува да реагира на вакви бестијални изрази на говор на омраза, каков што е и примерот на кривичната пријава токму за серијал на говор на и од омраза на едно лице познато како Саше Ивановски а поднесена од Канал 5 ТВ!
Треба ли да бидеме сведоци на „реализација“ на тие сериозни облици на говор на и од омраза на разни Бранковци и Сашевци, па дури тогаш тимот на Јовески да го придвижи својот обвинителски „мастодонт“?
Како е можно тимот на тој истиот Јовески да биде брз и ефикасен кога стануваше збор за исто така оправдани тужби за говор на омраза за актерот Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ или пак екс спортскиот водител, Миленко Неделковски?
Дали ОЈО повторно ќе ги отфрли пријавите и т.н. допрен глас, на многу наши сограѓани против овој лик Бранко Тричковски,како што направија лани во Декември, или пак ОЈО реагира само на видео материјали објавени во странски медиуми?