Спречен терористички напад во Париз- планирале да убиваат што повеќе луѓе на Божиќ

Француската полиција уапсила двајца мажи, исламски екстремисти, бидејќи планирале да убиваат луѓе со ножеви во Париз на Божиќ, објави француската BFMTV.

Уапсени се мажи на возраст од 23 и 29 години, а на 29 ноември биле приведени од секторот за внатрешна безбедност, изјавил судски извор за БФМТВ, потврдувајќи ја информацијата на „Ле Паризиен“.

Против нив е поднесена кривична пријава, од 3 декември се во затвор, а истрагата е во тек.

Уапсените планирале да упаднат во трговски центри, факултети, преполни улици, а еден од уапсените го признал нападот.Во нивниот дом е пронајдена џихадистичка литература и пропаганда на таканаречената терористичка Исламска држава.

Според „Ле Паризиен“, нивната цел била потоа да бидат убиени од полицијата и да бидат прогласени за маченици.

Санкционирани 29 возачи поради непрописно престигнување на територијата на СВР Тетово

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во периодот од 7 до 11 часот била спроведена засилена акциска контрола за санкционирање возила кои непрописно престигнуваат на територијата на СВР Тетово, при што санкционирани се 29 возачи.

На сите прекршители, како што посочуваат од МВР, изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби.

Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Арсовска: Договорот им е прекинат на лица кои не се појавувале на работа

Договорот им е прекинат на лица кои не ги извршувале работните обврски и не се појавувале на работа.

Тоа што на некого не му е продолжен договорот, значи дека раководството не е задоволно од неговата работа. Се работи за лица кои не си ги извршувале своите работни обврски, а најголем дел нив не се ни појавувале на работното место, изјави денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска одговорајќи на новинарски прашања за отпуштањето од работа на 33 лица вработени во ЈП „Комунална хигиена“.

Во однос на добиените закани кои градоначалничката ги доби изминатиов период поради прекинување на договорот на овие лица, таа посочи дека тие не смеат да се дозволат во едно општество.

Според Арсовска, доколку некој смета дека овие лица треба да бидат поддржани во тоа да не доаѓаат на работа и да не ги извршуваат работните обврски, тој треба да излезе и јавно да го каже тоа.

-Ние, својот мандат го имаме добиено од граѓаните, да им се испорачуваат најдобрите можни услуги и притоа да нема непродуктивни трошења на лица кои не си ги извршуваат своите работни обврски. На крајот, одговорноста за тоа дали работата се завршила како што треба или не, е наша, а оние лице кои не доаѓаат на работа сметам дека треба да наидат на силна осуда во општеството, рече Арсовска.

Напомена дека ќе продолжат со вакви реформи и во следниот период, а како што рече, одговорност треба да има и за оној кој дозволил со години некој да седи на работното место и ништо да не работи.

Србија: Дадилка го киднапирала бебето што го чувала

Полицијата во Крушевац, Србија поднесе кривична пријава против 35-годишна жена поради сомнение дека сторила кривично дело киднапирање малолетно лице.

Жената е осомничена дека го однела бебето старо 40 дена, кое повремено го чувала, кај своето момче, пишува „Новости“.

Таа го изнела детето на прошетка и не го врати во договореното време.

Мајката на детето утрово пријавила дека бебето исчезнало и во полиција рекла дека бебиситерката ја пронашла преку Фејсбук. Таа им кажала и дека мобилниот телефон на 35-годишниот е недостапен.

„Сите расположливи полициски сили веднаш тргнаа во потрага по бебето и набрзо беше пронајдено во куќата на момчето на 35-годишната жена“, соопштија од полицијата.

Бебето е пронајдено без никакви повреди, а полицијата продолжува да работи на околностите на случајот.

притисни ентер