Спикерот на стадионот во Грозни го нарече судијата магаре

Рускиот прволигаш Терек од Грозни се соочува со парична казна од 16.500 долари, бидејќи спикерот на неговиот стадионот го навреди главниот судија за време на фудбалскиот натпревар на домашниот тим со Рубин Казан, нарекувајќи го магаре.

Дисциплинската комисија на Руската федерација в среда ќе одржи средба, на која ќе одлучува околу казната за Терек.

Но навредите на сметка на судијата Михаил Вилков не завршија тука. Почесниот претседател на чеченскиот клуб, Рамзан Кадиров го нарече судија „корумпиран“, бидејќи го исклучил од игра Ризван Уцијев.

- На целиот свет му се извинувам за зборот што беше употребен, но не и на судијата. Натпреварот беше ужасен, бидејќи судијата правеше се за да влијае на крајниот резултат. Не досуди чист пенал и му покажа на Уцијев втор жолт картон, истакна Кадиров.

Вчерашниот натпревар заврши без голови./МИА

Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци

Кавадарчанец затруен од наркотици бил пронајден во бессознание во двор во Кавадарци, информираа денеска од СВР Велес.  

- Вчера во 12.00 часот во ОВР Kавадарци, од Итна медицинска помош било пријавено дека во дворот на М.К.(42) од овој град, во бессознание бил пронајден кавадарчанецот Б.О.(40), кој бил затруен од наркотични средства. Подоцна, со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на М.К., при што била пронајдена и одземена таблета екстази. М.К. бил лишен од слобода, појаснија од СВР Велес.

Оттаму додадоа дека по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Стојаноска: Македонија ќе стане една од земјите во регионот со најниски даноци

„Платформа 1198“ предвидува рамен данок со што, Македонија ќе стане една од земјите во регионот со најниски даноци

Додека министрите на ДУИ мака мачеа да постигнат гол или кош повеќе во просториите на министерствата и додека мака мачеа да договорат тендер плус, и на сето ова, секако, министрите на СДСМ не смеат да гугнат, тетовските стопанственици, пак, мака мачат да опстанат.

Поради овие аздисани политичари, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа 1198“ се ветува рамен данок кој што ќе остане и во иднина, се ветува Македонија да стане една од земјите во регионот со најниски даноци. И, се ветува на стопанствениците поголема поддршка и помош.

Токму поради овие причини, стопанствениците во Македонија ќе гласаат за бројот два (2), затоа што сакаат Македонија да се врати во нивни раце и Македонија повторно да ја направиме горда.

Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6

СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица

СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење

Синдикат на Полиција во Македонија (СПМ) поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во Скопје (ОЈОГОКК) против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица членови на дисциплинска комисија за утврдување на дисциплинска одговорност при СВР Штип, заради основано сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“.

-Пријавените во својство на службени лица – во еден наврат, ги пречекориле границите на своите службени овластувања на тој начин што со повреда на законските прописи за спроведување на управна постапка, со пропуштање на должен надзор несовесно постапувале во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа на оштетените Б.Д и Е.Д. им нанеле материјална штета, соопштија од СПМ.

Според Синдикатот, пријавените ги пречекориле границите на своите овластувања постапувајќи спротивно на член 196 став 3 од ЗВР од моментот на спроведување и одржување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, па се до изрекување на решение на министерот за внатрешни работи.

-Иако биле свесни и должни да ја прекинат постапката заради настаната апсолутна застареност истите продолжиле се до донесеното незаконско решение, се вели во соопштението на СПМ.

притисни ентер