Спикерот Џафери на средба со европратениците Бутикофер и Стрик

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денес оствари средба со Делегација од европратеници на Зелените/Европска слободна алијанса (EFA) од Европскиот парламент .

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денес оствари средба со Делегација од европратеници на Зелените/Европска слободна алијанса (EFA) од Европскиот парламент во состав: Тинеке Стрик, европратеничка од Холандија, Известител во сенка и портпарол за Република Македонија и Рајнхард Бутикофер, европратеник од Сојузна Република Германија.

Изразувајќи задоволство од повторната средба, претседателот Џафери се заблагодари за одличната соработка и континуираната поддршка на Европскиот парламент за нашите евроинтеграции. Од негова страна, посебен акцент беше ставен на макотрпниот пат кој граѓаните и политичарите го поминаа за остварување на двете стратешки цели, членството во НАТО и во ЕУ, од кои едната е веќе реалност, а за втората од јули оваа година конечно влеговме во последната фаза од пристапувањето. Претседателот Џафери ги информираше соговорниците за активностите на државните институции за поддршка на институциите на Украина и приклучувањето кон санкциите кон Руската Федерација, како и за неговата посета на Украина и средбите со претставниците на државниот врв на земјата.

Стрик го поздрави одржувањето на денешната средба, нагласувајќи дека делегацијата во чиј состав е и самата во повеќе наврати ја посетува Република Македонија и е нејзин безрезервен пријател и особено се радува за почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Истовремено, ја изрази нивната длабока депримираност од загадувањето на евроинтеграцискиот процес со историски и билатерални прашања, посочувајќи дека нивната партија ќе направи сè што е во нивна моќ да го исчисти процесот, бидејќи земјата заслужува еднаков третман и членство согласно Копенхашките критериуми. Нејзиниот колега Бутикофер се интересираше за процесот на уставни измени и за изборниот модел во земјата, чија реформа би овозможила фер услови за помалите политички партии и нивна застапеност во Собранието.

Уапсени се 13 членови на „балканскиот картел“, шпанската полиција им влезе во бункерот (ВИДЕО)

Агенти на Националната полиција во Шпанија, во соработка со своите колеги од Србија, разбиле криминална организација со српско потекло во Барселона, која наводно се занимавала со меѓународен шверц на дрога.

По тој повод, како што јавија шпанските медиуми, откриени се пет плантажи со марихуана во кои се запленети повеќе од 37.000 растенија.

Во шест провинциски општини уапсени се 13 лица и извршени се шест претреси во кои се запленети 25 килограми пупки марихуана и 32.000 евра во кеш, пишува Блиц.

Насадите се наоѓале во населени места, далеку од урбаните центри, а најголемите ги сместиле во напуштен хостел, кој претходно го претвориле во бункер.

Како што се наведува понатаму, освен трговија со дрога, осомничените им доставувале и таканаречени растенија „бејби“ на продавачите во Барселона.

Истрагата започнала во јануари годинава како резултат на размена на информации меѓу српската и шпанската полиција за водачот на криминална група од српско потекло кои живееле во Шпанија и биле особено активни во трговијата со дрога со своите роднини од иста националност.

„Откако истражителите ги лоцирале и идентификувале сите членови на организацијата, откриле дека тие биле задолжени за управување со експлоатација на неколку насади со марихуана во различни делови на провинцијата Барселона. Организацијата била структурирана на пирамидален начин, со јасна распределба на функциите кои сите нејзини членови ги знаеле и ги извршувале координирано и подредено, со целосна дискреција во комуникацијата со цел да се гарантира нивната безбедност“, вели изворот за шпанскиот медиум. Покрај наведеното, полицијата конфискувала и три мобилни телефони и едно возило.

Ева Лонгрија среде улица ги соблече високите сандали и одеше боса (ВИДЕО)

Ева Лонгорија била на настанот на американското издание на магазинот Elle во Лос Анџелес.

Таа за оваа прилика облече долг сребрен фустан кој го истакна нејзиното деколте и потпетиците во иста боја.

Но, изгледа дека чевлите не ѝ биле баш удобни. Додека се шетала со пријателките по настанот, Ева застанала на сред улица и ги соблекла штиклите, а папараците го снимиле тој момент. Остатокот од патот продолжи боса.

Во оваа ситуација можеа да се препознаат голем број жени бидејќи секоја од нив барем еднаш одела дома боса по ноќно излегување.

Потсетуваме дека оваа есен почина актерот Тајлер Кристофер, поранешниот сопруг на Ева, а многумина ја осудија актерката. Имено, наместо посвета на Кристофер, успехот кој го постигна актерката го сподели во магазинот Тајм. Додека едни ѝ честитаа за успехот, други беа лути што таа не му посветила објава на нејзиниот починат поранешен сопруг.

„А што е со Тајлер?“, „Таа не коментираше, а тој беше толку прекрасен човек“, „Би требало барем да напишеш нешто за бившиот“, „Тој не се ни олади, а ти се фалиш“. „Мислам дека Ева и Тајлер не беа во најдобри односи, па можеби сака да ги задржи чувствата за себе“, се дел од коментарите.

Да потсетиме, Кристофер беше во брак со ѕвездата од серијата „Очајни домаќинки“ од 2002 до 2004 година.

Сите бегаат од поплавите, а еден човек има друг проблем- снимката е хит (ВИДЕО)

Циклонот Михаунг предизвика големи поплави во Индија, а следното видео е снимено во областа Ченаи.

Многу жители на главниот град Тамил Наду се во сериозни проблеми поради поплавите. Сепак, среде хаосот, поединци се обидоа да го извлечат најдоброто од најлошото.

На социјалните мрежи кружи снимка од маж кој лови риба во надојдената вода. Наводно сѐ било снимено во населбата Тарамани, пренесува Times Now News.

Човек во кабаница уловил голема риба, но тешко ја контролирал. Корисниците најмногу на шега коментираа на сцената.

„Кога ќе добиеш поплава, оди на риболов“, напиша една личност.

Имало и такви кои изразиле загриженост за подводниот свет и опасноста што ги снашла.

„Поплавите предизвикаа многу проблеми, но долгорочно придонесуваат за опстанок на одредени видови. Оваа ситуација им дава можност да мигрираат во различни зони и да одржуваат генетска разновидност“, напишал еден човек.

притисни ентер