Спасовски: Вклучен е и моторот правда по евро-атлантските интеграции, за брза развојна економија - режимот не успеја да го спречи

Ова е голем ден за правдата во нашата држава, а со тоа и за брзата развојна економија што ја најавуваме во следниот 4-годишен мандат, рече Оливер Спасовски, носител на СДСМ во ИЕ 2.

Денеска стапи на сила Законот за јавно обвинителство, со којшто ги поставивме основите за правната држава, со којшто сите предмети што го отвори СЈО се спасени и се гарантира судска разрешница - и покрај сите блокади што ги правеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

И од државниот јавен обвинител се слушна денеска уверување дека сите предмети ќе добијат судска разрешница и тоа така мора да биде и ќе биде, за да биде задоволена правдата.

Правда за сите ветивме и остваруваме. Режимските остатоци во судстството и врвот на ВМРО-ДПМНЕ тоа не успеаја да го спречат. И во следните 4 години целосно ја заокружуваме оваа цел, со прочистување на правосудството од корумпирани судии и обвинители поврзани со режимот што го поразивме на претходите избори.

На овие избори ќе продолжиме по правиот пат, во правна држава со што додаваме уште еден мотор, покрај евро-атлантските интеграции, во брзата развојна економија со повисоки плати и пензии и нова поголема финансиска поддршка на младите луѓе во следните 4 години.

Препреките за развој на економијата се надминати. Станавме членка на НАТО, добивме одлука за почеток на преговорите со ЕУ и тоа даде резултат од 624 милиони евра странски инвестиции, најмногу во Југоисточна Европа, со што ја завршивме 2019 година, а денес се веќе над 660 милиони евра.

Нашата држава е најповолна за инвестирање во регионот поради сигурноста што ја обезбедивме и ако на стартот на интеграциите имаме 660 милиони евра странски директни инвестиции - со почетокот на преговорите со ЕУ и со воспоставената функционална правда што ја бараат инвеститорите, со право најавуваме една милијарда евра странски инвестиции до крајот на мандатот.

Во Програмата се обврзуваме дека ќе ги поддржиме домашните и странските компании со 600 милиони евра – 300 милиони од буџетот и 300 од европските фондови. И ќе има и просечна плата од 34.000 денари и минимална плата од 20.000 денари во следните четири години.

На прав пат сме, на патот на развојна економија, во праведна и правична држава којашто се грижи за сите, на патот на европска Македонија и продолжуваме кон сигурна иднина напред, затоа што можеме уште повеќе и уште подобро.

Силен земјотрес од 6,8 степени ја погоди Аргентина (ВИДЕО)

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа ја погоди провинцијата Сан Хуан во Аргентина, соопшти германскиот центар за истражување и геолошки науки (ГФЗ).

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.

Главниот бил проследен со уште најмалку пет последователни земјотреси што ги потресоа зградите, но засега нема извештаи за повредени и не е издадено предупредување за цунами.

Последователните потреси се движеле со јачина од 3,5 до 5 степени, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Објави од социјалните мрежи покажуваат како се тресат домови и згради, а сеизмичката активност предизвикала пукнатини на патиштата, додека шишиња паѓале од полиците на продавниците.

Гувернерот на Сан Хуан, Серхио Уњак, го повика населението да остане смирено и да контактира со соодветните служби доколку им треба помош и да се јават на 911.

„Да ги примениме во пракса сите потребни мерки што ги научивме“, рече тој.

ЕМСЦ објави дека земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала се случил во 23:46 минути по локално време (3,46 UTC) на 41 километар југо-југозападно од Сан Хуан, град со 447 000 жители.

Новата прва дама на САД ќе продолжи да работи како професорка

Џил Бајден е добро запознаена со светот на врвната политика, а по победата на нејзиниот сопруг Џо, поранешната втора дама на САД ќе има можност да ја модернизира улогата на прва дама за 21 век со задржување на професорската позиција.

„Повеќето американски жени го балансираат деловниот и приватниот живот, но на првите дами никогаш не им било дозволено да го сторат тоа“, вели Кетрин Џелисон, професор по историја на Универзитетот во Охајо.

„Сепак, можеби дојде време повеќето Американци да се чувствуваат пријатно со првата дама која не е достапна 24 часа на ден во Белата куќа.

Џил Бајден со години е доверлив советник на нејзиниот осум години постар сопруг.

Како прва дама, таа се очекува да работи во областа на образованието и повторно да ги започне Здружените сили, воена мисија за обединување на семејството што таа и Мишел Обама ја иницираа во 2011 година.

Бајден е исто така професор, мајка, баба и поткрепа што го турка Бајден напред по трагедијата што го погоди пред скоро пет децении.

Незамисливото му се случило на Џо Бајден во 1972 година - неговата сопруга и ќерката загинале во сообраќајна несреќа. Тој останал сам со два сина кои биле повредени.

Џил Џејкобс е родена во 1951 година и пораснала во предградие на Филаделфија. Нејзиниот татко од службеник во банка станал нејзин менаџер, а нејзината мајка била домаќинка.

Џил се разведувала од првиот сопруг кога го запознала Бајден, вдовец, кој секојдневно патувал од Делавер до Вашингтон, каде што работел како американски сенатор.

Двојката се венчала во 1977 година, а Џил станала мајка на неговите синови Хантер и Џо. Семејството Бајден има и ќерка Ешли, родена 1981 година.

Додека го подигнувала семејство, Бајден добила две магистерски студии. Таа исто така има докторат по образование и сега предава на Универзитетот во Вирџинија.

„Таа нè врати на нозе“, рече Бајден во видео порака во август на демократска конвенција, додека опишувал колкаво влијание имала Џил врз семејство обележано со трагедија. „Таа е неизмерно силна и лојална“, рече тој.

Бајден стана втора дама во 2009 година, кога нејзиниот сопруг стана потпретседател за време на мандатот на Барак Обама. Таа присуствувала на важни настани со првата дама Мишел Обама.

И сега, во третата трка на Бајден за Белата куќа, Џил била една од неговите најефикасни и најмоќни замени.

Таа неуморно ја водела кампањата за нејзиниот сопруг, обиколувајќи ги Ајова и Њу Хемпшир и изборните фронтови како Флорида и Мичиген, главно на помали настани.

Таа често го претставувала својот сопруг како кандидат кој најдобро им одговара не само на умерените демократи, туку и на независните и републиканците кои биле разочарани од Трамп.

Во март, таа се најде во улога на заштитник на еден настан во Лос Анџелес кога драматично го бранела својот сопруг од двајцата демонстранти кои и се нафрлија на сцената.

„Добро сме“, рече таа со мирен глас.

Во својот говор на конвенција од училница во средно училиште во Вилмингтон, каде предавала англиски јазик во 90-тите години на минатиот век, таа ги истакна карактерот, способноста и срцето на нејзиниот сопруг.

Таа рекла дека нејзиниот сопруг е снаодлив во неволји и верува дека тоа е квалитет што може да го поврзе со милиони американски семејства кои страдаат од пандемијата, масовните отпуштања и расните тензии.

„Како да составите скршено семејство? На ист начин како што составувате цела нација“, рече Бајден. "Љубов, разбирање и мали дела на сочувство. Храброст. Непоколеблива вера", додаде поранешната втора дама.

Бајден, која жестоко го заштитувала семејството за време на кариерата на нејзиниот сопруг, се подготвувала за напади од страна на Трамп и неговите сојузници.

Сега може да се подготвува четири години во Белата куќа и зафатен распоред на предавања и должности во источното крило.

„Ако Бајден продолжи да предава, таа засекогаш ќе ги промени очекувањата и ограничувањата на оваа позиција“, изјави за AFP Кејт Андерсен Броуер, автор на „Први жени: Слава и моќ на модерните први дами на Америка“.

„Мислам дека може да биде предизвик да се усогласат работата на првата дама и огромните одговорности, но исто така мислам дека ќе ги прошири нашите хоризонти за тоа за што се способни првите дами“, рече Броуер.

Камион прегази 16 работници во Индија, 13 загинале (Вознемирувачко видео)

Најмалку 13 работници -мигранти, кои спиеле покрај автопат, загинале откако ги прегазил камион во индиската држава Гуџарат.

Несреќата се случила рано утрово. Камионот се судрил со трактор и возачот изгубил контрола и налетал на мигранти од северната држава Раџастан кои спиеле покрај патот по целодневната работа. Според владиниот извештај, уште шест мигранти се сериозно повредени, пишува Би-Би-Си.

Во Индија, работниците мигранти честопати можат да се видат како спијат покрај патот, поради што можат да бидат жртви на сообраќајни несреќи.

Минатата година во државата Махараштра воз прегази шеснаесет лица кои заспале на пругата. Тие се обиделе да пешачат до железничката станица за со воз да заминат дома за време на карантинот.

притисни ентер