Спасовски:Стотици полицајци трагаат по исчезнатата Вања-проверени коритото на Вардар, подруми..

Пет дена мистерија, каде исчезна 14 годишната Вања Ѓорчевска? Засега од МВР  не даваат детали од истрагата. 

Над 100 полицијаци се на терен деноноќно, прегледани се снимки од 50 камери од системот „Сафе сити“, пребарани се сите подруми околни манастири и цркви испрашени се сите сведоци од семејство, пријатели ученици. Полицајци ги пребаруваат и речните корита и целата околина, објасни министерот Оливер Спасовски за исчезнатото девојче.

„Не даваме никакви информации за истрагата заради заштита на истата“-изјави Оливер Спасовски министер за внатрешни работи.

Министерот им се заблагодари на граѓаните и на медиумите за изнесените коректни и точни информации. Но, посочи дека ширење на дезинформации и лажни вести е сериозно и секој ќе биде повикан во полиција на разговор.

„Веќе неколку граѓани се повикани на информативен разговор во полиција. Ве замолуваме да не се објавуваат неточни и непроврени информации. Веќе неколку граѓани се повикани во полиција на разговори. Со неточните информации се прави проблем во истрагата.- изјави Оливер Спасовски министер за внатрешни работи.

Според информациите на семејството на Вања, последниот сигнал на мобилниот телефон на Вања бил во близина на универзалната сала. Од семејството посочија дека немале проблеми. Министерот посочи дека „Save City“ од 10 Декември ќе се надоградува и на снимките ќе има можност да се препознаваат и лицата на луѓето. Од 18 Декември ќе почне со работа и системот „Најди ме“ каде ќе се алармира со фотографија во првите моменти од исчезнатиот човек преку такси компании, телефонски оператори, банкомати, јавен превоз.

Сенатот го потврди Роберт Кенеди Помладиот за министер за здравство

Потврдата од Сенатот му го отвора патот да положи заклетва на позиција каде што ќе надгледува неколку големи медицински агенции, вклучително и Управата за храна и лекови (ФДА) и Центрите за контрола и превенција на болести.

Роберт Ф. Кенеди Помладиот, критичарот на вакцини, кој го поддржа претседателот Доналд Трамп, откако се откажа од сопствената претседателска кандидатура, беше потврден од американскиот Сенат за министер за здравство и човечки услуги и покрај противењето на медицинскиот естаблишмент и членовите на Конгресот.

Роберт Ф. Кенеди (71) беше потврден со 52 наспроти 48 гласови, а Мич Меконел беше единствениот републикански сенатор кој им се придружи на 47-те демократи кои гласаа против Кенеди, кој сепак вети дека ќе ги заштити постоечките програми за вакцинација во обид да ги обезбеди гласовите на неопределените пратеници.

Потврдата од Сенатот му го отвора патот да положи заклетва на позиција каде што ќе надгледува неколку големи медицински агенции, вклучително и Управата за храна и лекови (ФДА) и Центрите за контрола и превенција на болести.

-Откако Кенеди ќе положи заклетва подоцна денеска, Доналд Трамп ќе потпише извршна наредба за формирање на комисијата МАХА, именувана по движењето „Направи ја Америка повторно здрава“ на Кенеди, и ќе го упати новиот министер да ја „истражи оваа хронична криза што ја зафати нашата земја“, рече портпаролката на Белата куќа, Каролина Левит.

Кенеди, адвокат специјализиран за заштита на животната средина, долго време покренува сомнеж за безбедноста и ефективноста на вакцините кои помагаат во контролата на болестите со децении и спречуваат смрт на милиони луѓе.

Тој сега ќе раководи со Министерство кое управува со повеќе од три трилиони долари наменети за здравствена заштита.

Одделот, исто така, ги надгледува програмите Medicare и Medicaid, кои обезбедуваат здравствено осигурување на над 140 милиони Американци, и Националниот институт за здравство (НИХ).

Кенеди рече дека сака да работи на ставање крај на хроничните болести, да ги прекине врските меѓу вработените во американскиот регулатор за лекови и фармацевтската индустрија и да го отстрани флуорот од американските резерви на вода.

Противниците тврдат дека тој не е погоден за министер за здравство поради неговата истакната улога во движењето против вакцините.

Кенеди рече дека сака да се ослободи од многу вработени во ФДА и НИХ. /МИА

Украина вели дека контролира 500 квадратни километри во руската област Курск

Украина денеска соопшти дека контролира 500 квадратни километри во руската област Курск, територија што Киев има намера да ја користи како договор за пазарење со Москва.

-Имаме своја безбедносна зона на територијата на Руската Федерација ..., која зафаќа околу 500 квадратни километри“, изјави на Фејсбук врховниот командант на украинската армија, Олександр Сирски.

Ова тврдење не е независно потврдено./МИА

Трамп: Украина нема да биде исклучена од можните мировни преговори со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина ќе добие место на маса во какви било преговори со Русија за ставање крај на војната.

Во изјавата за новинарите во Белата куќа, американскиот лидер повтори дека воениот конфликт во источноевропската земја мора да заврши. /МИА

притисни ентер