Спасовски: Создаваме нова иднина

Изградба на локални патишта и реновирање на амбулантата во Ранковце, ветува Спасовски.

„Со заеднички сили, со упорност и верба, со нашата непоколебливост и сплотеност ќе ја урнеме досегашната власт, која во изминатите години работеше само за одреден број на луѓе, лојална и фаворизирана клиентела и привилегирани поединци. Ги знаеме ветувањата, знаеме што направија, односно не направија во изминатите години", истакна Борче Спасовски, кандидат за градоначалник на општина Ранковце на митингот.

Спасовски додаде дека тој како иден градоначалник ќе се залага и неуморно ќе работи на подобрување на сите стандарди за поквалитетен и подостоинствен живот во Ранковце.

„Се обврзувам дека конечно ќе го изградиме водоводниот систем во с. Псача кој го ветуваа, а не го изградија изминативе години. Ветувам нови захвати за вода во Биљино и Пклиште за селата Радибуш, Гиновце, Ранковце и Отошница. Ќе ја изградиме канализационата мрежа во Љубинце, Опила и дел од Псача", вети Спасовски.

Спасовски посочи дека тековно и квалитетно ќе има одржување на сите постоечки водоводни и канализациони мрежи на територијата на општина Ранковце и нивно редовно и навремено сервисирање и одржување.

„Во делот на инфраструктурата ќе се посветиме на изградба на локалните патишта во селата: Петралица, Баратлија, Псача, Гиновце, Ранковце и другите населени места. За младите и најмалите ќе изградиме повеќе наменско игралиште и мини парк во с. Ранковце, како и игралишта за спорт и рекреација во другите населени места, а за најмалите градинка во с. Ранковце", појасни Спасовски.

Спасовски вети дека ќе се преземат и мерки за реновирање и опремување на амбулантата во с. Ранковце и создавање услови за работење на истата за потребите на граѓаните на Ранковце.

„Моето име, работа мојот успешен бизнис и изградено име и бренд, посакувам и се надевам дека за вас ќе биде мотив да го дадете својот глас за мене, за ВМРО-ДПМНЕ, за иднината на Ранковце, за промени, проекти и победи во Ранковце, гласајте за број 7, добитен број, седумка и нема да згрешите", нагласи Спасовски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Прв круг претседателски избори, Канал 5 на избирачките места во Кисела Вода

Утринава Канал 5  беше на  отворањето на гласачките места во скопските Општини Карпош, Центар и Шуто Оризари.

Таму гласањето течеше мирно, без поголеми проблеми. Во моментов нашата екипа е во Кисела Вода во средното училште Васил Антески Дрен. Таму е Дејан Трајковски.

На Попова Шапка утрово најстудено и најголемо количество врнежи

Времето денеска променливо облачно и потопло.

Најниска температура, 0 степени, утрово е измерена на Попова Шапка, каде што има и најголемо количество врнежи во изминатите 24 часа - 29 литри на квадратен метар.

Како што соопшти УХМР, во 8.30 часот се измерени 3 степени во Маврови Анови и Лазарополе, 4 во Крушево, 5 степени во Битола и Претор, 6 во Тетово и Прилеп, 7 степени во Скопје (Зајчев Рид), Охрид и Берово, 8 степени во Скопје (Петровец) и Кавадарци, 9 во Куманово, 10 во Штип, Струмица, Крива Паланка, Велес, Виница и Гевгелија и 11 степени во Демир Капија и Виница.

Во изминатото деноноќие, според мерењата во 7 часот за наврнат воден талог, 26 литри на квадратен метар се измерени во Пожаране, 24 во Тетово, Маврови Анови и Охрид, 23 во Битола, 22 во Штип, 20 во Ѓуриште, 18 литри на квадрат во Претор и Крушево, 17 во Прилеп и Куманово, 15 во Скопје (Петровец) и Виница, 14 литри во Гевгелија, 13 во Скопје (Зајчев Рид), Крива Паланка, Кавадарци и Тополчани, 12 во Велес, 11 во Струмица, 10 литри во Берово, 9 во Лазарополе, 7 во Дојран и 5 литри на квадратен метар во Демир Капија.

-Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената, наведува Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален слаб дожд, краткотрајно пороен со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови од земјава повремено засилен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 24 степени.

-Во Скопје променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 22 степена, инфоримира УХМР.

Навреме отворени сите избирачки места во Охрид и Дебрца, гласањето се одвива непречено

 Во општините Охрид и Дебрца сите избирачки места се отворени навреме, гласањето се одвива непречено и без какви било нерегуларности.

Според информациите од ОИК во Охрид, навреме во 7 часот се отворени сите 87 избирачки места, така што граѓаните можат непречено да го дадат својот глас за некој од седумте кандидати за претседател на државата.

Како што информираат од ОИК Дебрца, отворени се и сите 23 гласачки места во атарот на Општината, а гласањето се одвива непречено.

Во главниот избирачки список за претстојните претседателски избори во Охрид се запишани вкупно 51.717 избирачи, додека во Дебрца право на глас имат вкупно 3938 лица.

Инаку, во текот на вчерашниот ден правото да гласат го искористија и 167 од пријавените 172 болни и изнемоштени лица кои гласаа во домашни услови, а гласаа и сите 27 лица од Охрид кои издржуваат затворска казна, сите седум лица во установи за вонсемејна грижа и тројцата граѓани од Охрид во дипломатско – конзуларните претставништва.

Во текот на вчерашниот ден гласаа и болните и изнемоштени лица во Општина Дебрца, каде од пријавените 22 гласачи, правото на глас до искористиле 21 лице.

притисни ентер