Спасовски со Поклукар во посета на Хеликоптерската единица при МВР на Словенија - Канал 5

Спасовски со Поклукар во посета на Хеликоптерската единица при МВР на Словенија

Спасовски со неговиот словенечки колега Поклукар, во посета на Хеликоптерската единица при МВР на Словенија.

Спасовски со Поклукар во посета на Хеликоптерската единица при МВР на Словенија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот Фејсбук профил објави дека денеска заедно со словенечкиот колега, министерот Боштјан Поклукар ја посетиле Хеликоптерската Единица при МВР на Република Словенија, каде од страна на раководството на хеликоптерската единица им била презентирана дел од опремата и хеликоптерите кои ги користат во нивната секојдневна работа и активности, кои се дел од нивните специјални задачи, во хумани цели и акции.

- Изразувам огромна почит и благодарност кон припадниците на Хеликоптерската единица која даде огромен придонес во развојот на нашиот Оддел за воздухопловни единици при МВР на Република Македонија, со обезбедување на потребните обуки за противпожарни летови и носење на подвесен товар. Станува збор за обуки за „Подвесен товар“ – Helicopter Sling Load Operations HESLO 1 и за работа со „противпожарно ведро“ – Helicopter Firefighting HFF, кои како резултат на долгогодишната соработка со полициското аташе при амбасадата на Словенија во нашата земја, Бранко Скрбинек, минатата година успешно беа совладани од сите припадници на хеликоптерската единица, напиша Спасовски на ФБ.

Благодарение на ова, објави министерот Спасовски, Одделот за воздухопловни едници при МВР е еден од основните чинители во обезбедување на овие услуги за потребите на Република Македонија, a по работниот престој во Љубљана, најави тој, со зголемена динамика ја продолжуваме соработката со нашите словенечки пријатели во обезбедувањето на медицински летови, како и на многу потребните обуки од аспект на иницијална обука за нови пилоти.

Фото: Голата Софија Вергара во када ги воодушеви мажите

Најплатената телевизиска актерка на светот, „жешката“ Колумбијка Софија Вергара повторно го воодушеви посилниот пол.

Фото: Голата Софија Вергара во када ги воодушеви мажите

Вергара, ѕвездата од серијата „Модерно семејство“, со неколку фотки предизвика вистински хаос меѓу своите следбеници на Инстаграм.

Во најновото издание, актерката позира во танга бикини додека се сонча покрај базенот - без маица, но со еден важен предмет: крема за сончање од нејзината линија за убавина „Тоти“.

„Летото е тука“, напиша таа кратко на шпански, заедно со слика што собра илјадници лајкови.

Атрактивната актерка исто така воодушеви и со фотка на која гола позира во када.

Вергара инаку редовно своите следбеници на социјалните мрежи ги „чести“ со фотки на кои во преден план се нејзините совршени облини.

Фото: Елегантната Северина ужива во Франција

Балканската музичка ѕвезда Северина воодушеви со стил на Француската ривиера.

Фото: Елегантната Северина ужива во Франција

Хрватската пејачка Северина се огласи од својот одмор во Франција, поточно од Кан, каде што ужива во убавината на ривиерата.

Северина, како и секогаш, блеска во беспрекорни модни комбинации – од долг црн фустан со тенки прерамки и златен дезен што зрачи со романтика, до бел миди фустан што ги комбинира елеганцијата и женственоста.


„Облечи се..ти, сакам сè. Секогаш убава, со стил. Овој црн фустан е топ за мене. Овој црн фустан е сè, прекрасен. Колку добро ти стои таа Франција. Секогаш облечена со вкус и стил. Уживајте, стилизирајќи се како и секогаш врвно“, напишаа нејзините следбеници под објавата.

Македонските одбојкари поразени од Грција

Македонската одбојкарска репрезентација денес во Летонија, загуби од Грција со 0:3 (22:25, 21:25, 20:25) од Грција во четвртиот натпревар од годинешното издание на Европската Златна лига.

Македонските одбојкари поразени од Грција

Ова беше трет пораз за „црвено-жолтите“.

По вчерашната победа во пет сета над Летонија селекторот Јошко Миленковски денес комбинираше со составот и им даде повеќе простор за игра на помладите играчи, кои во иднина ќе бидат носители на играта во репрезентацијата.

Никола Ѓоргиев, Александар Љафтов и Филип Савовски со по осум поени беа најефикасни во македонскиот состав.

Македонија последниот турнир, следниот викенд 20-22 јуни го игра пред својата публика во Струмица.

притисни ентер