Спасовски: Сите знаеме дека опцијата за сигурност се Зоран Заев и СДСМ

Влеговме во НАТО и сме на почеток на отворањето на преговорите за членство во ЕУ рече Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ и носител во ИЕ 2,се наведува во партиското соопштение.

Со тоа ги остваривме двете стратешки државни цели, при тоа заштитувајќи во целосно идентитетот – нешто што режимот на ВМРО- ДПМНЕ цела деценија намерно го блокираше, за во изолирана држава да краде и да се богати.

Денес сме 30-та земја членка на НАТО. Во Програмата велиме можеме и во ЕУ бидејќи и Преговарачка рамка е утврдена, а од највисоките политички нивоа во Унијата, лично од германската канцеларка Ангела Меркел, слушнавме најава за отворање на првите поглавја меѓу нашата земја и ЕУ.

Во Преговарачката рамка, македонскиот јазик е наведен како јазик на којшто треба да се преведе европското законодавство пред да станеме држава членка на ЕУ. Македонскиот јазик е наведен и во личната карта на државата во Обединетите нации. Република Северна Македонија, македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската посебност, денес се признаени од целиот свет.

Разобличени се лагите на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ за наводно губење на идентитетот и на јазикот. Изгубени се само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во пустите надежи за обнова на режимот.

На правиот пат сме и обновен режим не смееме да дозволиме.

СДСМ е сигурност. ВМРО-ДПМНЕ е опасност. Со Зоран Заев и СДСМ одиме напред. Со Мицкоски, продолжена рака на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, се враќаме назад.

И вие знаете дека опцијата за подобар живот и за сигурна иднина на државата се Зоран Заев и СДСМ.

Најавуваме дека во следните 4 години ќе отвориме 80% од поглавјата за интеграција во ЕУ, а за 5 - 6 години ќе го затвориме преговарачкиот процес. Од европските фондови со тоа обезбедуваме 2,5 милијарди евра за државата за европски стандарди - дома. Евроатланскиот пат овозможува и нови странски инвестиции од една милијарда евра на што се обврзуваме. Ќе ги поддржиме и домашните и странските претпријатија во земјава со 600 милиони евра, во новата развојна економија, за повисоки плати, пензии, работни места, за уште повеќе пари назад кон граѓаните.

Донесовме храбри и лидерски одлуки со што ја осигуравме државата во НАТО и кон ЕУ и го заштитивме целосно идентитетот и одлучно се справуваме и со здравствено-економската криза.

Знам дека не сте подготвени вашето здравје да го доверите на неодговорни луѓе како Мицкоски и носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ, кои се продолжена рака на режимот и мислат само на себе.

На овие избори се носи голема одлука за продолжување по правиот пат. Гласањето е целосно безбедно. Сите протоколи за безбедно гласање се утврдени. Да постапиме одговорно, да излеземе на изборите на 15 јули и да овозможиме победа на Сигурноста наспроти Опасноста.

Да избереме функционални институции коишто уште повеќе и уште подобро ќе бидат во можност да продолжат да се грижат за граѓаните и државата.

Да заокружиме број 3. За сигурност.

Надминат прагот на ПМ 10 во Битола, Кавадарци и Куманово

Надминат е прагот на алармирање на ПМ 10 суспендирани честички, покажуваат мерните места Битола 2, Кавадарци и Куманово.

Според Македонскиот информативен центар за животна средина при ресорното Министерство, поради најавата на УХМР за дожд и ветер во наредните денови, не е прогласено стапување во сила на кракроткорочните мерки.

– При прогласување на надминување на праг на алармирање и стапување на сила на краткорочните мерки согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, се зема предвид и временската прогноза од УХМР за наредните денови. Бидејќи согласно временска прогноза на УХМР добиено утрово, пред прогласување на надминување на праг на алармирање, се очекува промена на временските услови – умерен, до засилен ветер и врнежи, не е прогласено стапување во сила на кракроткорочните мерки, се наведува во соопштението.

Царовска во Гостивар: Со квалитетно образование инвестираме во подобра иднина

Министерката за образование и наука Мила Царовска, градоначалникот Арбен Таравари и германската амбасадорка присуствуваа на потпишување меморандум за соработка помеѓу Институтот “Гете” и општинското основно училиште “Исмаил Кемали” во Гостивар.

Со потпишувањето на меморандумот училиштето ја зајакнува, соработката со мрежа од над 2.000 училишта во Германија и светот.

Министерката Царовска истакна дека учењето на странски јазици е богатство. Царовска во обраќањето рече дека МОН ги поддржува сите иницијативи кои се во интерес на унапредување на образованието, вклучувајќи ја и оваа соработка.

“Вложувањето во квалитетно образование значи вложување во нашата држава. Токму затоа се стремиме кон целосна наша интеграција кон ЕУ, којашто значи и интегрирање на европските стандарди во образованието”, рече Царовска.

Градоначалникот Таравари истакна дека посебно му е драго што се започнува една ваква соработка. Ова училиште е едно од шесте училишта во државата кои имаат воспоставено ваква соработка.

Германската амбасадорка Анке Холштајн рече дека училиштето Исмаил Кемали ќе стане дел од една огромна мрежа на училишта каде што се изучува германскиот јазик.

“Повеќејазичноста секогаш ги подобрува шансите на пазарот на трудот. Затоа и ги поддржуваме ваквите проекти”, рече амбасадорката Холштајн.

Министерство за образование и наука

Гир за МИА: Нема план Б, целта е пристапување на Македонија во ЕУ

Нема план Б, целта е пристапување на Македонија во Европската Унија. 

Оптимист сум. Сега следува усогласување на Преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција, што всушност ќе го отпочне самиот процес на преговори, изјави амбасадорот на Европската Унија во земјава Дејвид Гир во интервју за МИА.

– Овие разговори продолжуваат во Брисел и навистина португалското претседателство се обврза дека ќе го помогне и ќе го турка процесот. Во меѓувреме, она што е важно, е Македонија, заедно со Бугарија, билатерално да се ангажираат во обид да изнајдат решение што е прифатливо за двете страни, коешто ќе овозможи ситуацијата да оди напред, подвлече Гир.

На прашањето на МИА дека очигледно за ЕУ е хендикеп вклучувањето на билатералните спорови во процесот на проширување, а особено е опасно историјата да стане предуслов за членство, Гир вели дека во овој случај важен е фокусот на две работи – Македонија и Бугарија да го решат спорот на билатерална основа и земјава да ги забрза реформите.

– Нема да одам во детали за тоа што е дискутирано. Важно е да се фокусираме на она што е важно во овој случај. Две работи се неопходни – првата е Република Македонија и Бугарија да продолжат да се ангажираат да ги решат своите прашања на билатерална основа и второ – во меѓувреме Владата тука да го имплементира и да го забрза реформскиот процес. Зошто тоа е важно – прво, заради тоа што е од најголема важност за граѓаните, но второ реформите, и реформите поврзани со ЕУ се најбрзиот начин да се приближите и да се приклучите кон европското семејство, дециден е Гир.

Со евроамбасадорот разговаравме и за можното членство во Европската економска зона, за пристигнувањето на вакцините, КОВАКС механизмот, помошта на Европската Унија за санирање на последиците од Ковид кризата врз економијата…/МИА

притисни ентер