Спасовски: Палевски е уапсен во Турција, на улица во градот Баликесир (ВИДЕО) - Канал 5

Спасовски: Палевски е уапсен во Турција, на улица во градот Баликесир (ВИДЕО)

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва откри детали за апсењето на првоосомничениот за убиството на 14- годишната Вања Ѓорчевска и на 74- годишниот Панле Жежовски, Љупчо Палевски- Палчо. 

Спасовски: Палевски е уапсен во Турција, на улица во градот Баликесир (ВИДЕО)

Спасовски рече дека е направена веќе привичната пријава за четири лица и тоа на 100 страници. Главно на прес конференцијата е тоа што во Турција е уапсено лицето Љ.П. кој е главен планер , кооринатор и извршител на кривичните дела.

По него била пратена црвена потерница. Постапката за екстрадиционен притовр е во рацете на Министерството за правда, а потоа тој ќе излезе пред лицето на правдата. „Правдата е совест, не лична туку совест на целото човештво. Правдата затоа треба да биде брза и целосно спроведена, потенцира Спасовски на прес конференцијата.

Со Шкода Суперб , Љупчо Палевски е однесен во Белград и оставен во хотел. Потоа со Ланд Ровер е пренесен преку Бугарија во Турција во градот Баликесир. нашите полицајци стапуваат со нивен оперативен извор , а ова лице ги известило дека од таму сакал да замине во Истанбул. Се подготвува и со такси возач треба да замине во Истанбул. Тука е негово симулирање дека оди во Истанбул , но останува во Баликесир, каде што е уапсен на улица.

Спасовски ја покажа и потврдата дека е уапсено лицето, доставена од турските колеги.

Апсењето следува по меѓународната потерница за Палевски која Министерството за внатрешни работи ја распиша вчера.

- Љупчо Палевски род.12.12.1964 год. во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување" и "убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје, беше објавено на веб-страницата на МВР.

Основното јавно обвинителство Скопје претходно денеска до судот поднесе и предлог за определување мерка краткотраен 48-часовен притвор и против 46-годишен скопјанец под сомнение дека извршил помагање на Љупчо Палевски – Палчо да избега во Турција, преку Бугарија и Србија.

Малолетната Вања беше пронајдена мртва на 3 декември во близина на Скопје, по пријавата за нејзино исчезнување на 27 ноември годинава. Додека, велешанецот Панче беше пронајден истиот ден, по пријавата за исчезнување од 24 ноември.

Во Основниот кривичен суд во Скопје вечерва беа спроведени и четворицата осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска, каде судија на претходна постапка ќе треба да одлучи по предлогот на обвинителството за продолжување на мерката притвор.

Четворицата се спроведени од Истражниот затвор во Шутка, каде тројца се во притвор како осомничени за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, откако Судот претходно го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и им определи мерка краткотраен притвор од 48 часа, поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и сторување ново кривично дело, додека таткото на 14-годишното девојче е осомничен дека споделувал информации со останатите осомничени за нејзиното излегување од дома.

YouTube video

Иран: Нападите врз Израел се чин на самоодбрана

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека воените напади врз Израел се акт на самоодбрана и дека Иран не сака проширување на конфликтот кон соседните земји, освен ако не биде присилен.

Иран: Нападите врз Израел се чин на самоодбрана

- Нашата воена реакција е базирана на правото на самоодбрана, рече Арагчи, нагласувајќи дека нападите се одговор на претходните израелски воздушни напади, вклучувајќи и врз нуклеарниот објект во Натанц.

Тој побара од САД да ги осудат израелските напади и изрази сомнеж во тврдењето дека Вашингтон не бил вмешан. - Ние не веруваме дека САД немаат улога во нападите врз нашиот нуклеарен објект, изјави шефот на иранската дипломатија.

Арагчи нагласи дека Иран останува цврст во ставот дека не поседува нуклеарно оружје, но истовремено го брани своето право на мирнодобска нуклеарна програма. Тој исто така откри дека шестиот круг преговори со САД бил откажан, но Иран бил подготвен да даде гаранции.

- Израел е противник на секое дипломатско приближување меѓу Иран и САД, додаде тој.

Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма

Германија, Франција и Велика Британија се подготвени веднаш да започнат разговори со Иран околу неговата нуклеарна програма во обид да се намали тензијата на Блискиот Исток, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул.

Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма

- Се надевам дека ова сè уште е можно, изјави Вадефул за германската јавна телевизија АРД, додавајќи дека Техеран претходно ја пропуштил можноста за конструктивни разговори.

Тој нагласи дека деескалацијата и долготраен мир во регионот се можни само ако Иран престане да биде закана за регионот, Израел и Европа.

Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада

Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада во главниот град.

Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада

Во Вашингтон се одржа голема воена парада по повод 250-годишнината од основањето на Армијата на САД и роденденот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој наполни 79 години, јави ДПА.

Во исто време, низ земјата се одржаа преку 2.100 протести против политиките на Трамп, со над пет милиони учесници, соопшти Американската унија за граѓански слободи (ACLU).

„Денешните протести се силна порака дека луѓето низ целата земја нема да бидат заплашени од тактиките на застрашување на претседателот Трамп“, изјави во соопштение главната политичка застапничка на ACLU, Дирдре Шифелинг.

„Американците се храбри луѓе кои ја сакаат демократијата и нема да седат настрана додека администрацијата на Трамп го внесува нашиот Устав во машина за сечење - ниту пак ACLU ќе седи настрана“, се потенцира во соопштението.

притисни ентер