Спасовски: Одговорно го исполнуваме тоа што го ветивме

Спасовски чесниот, искрен, домаќински и одговорен пристап дава резултати. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Продолжува и утре сослушувањето на Тачи во Хаг

Трет ден по ред ,претседателот на Косово, Хашим Тачи е сослушуван во Специјалното обвинителство во Хаг, пренесува „Косово онлајн“.

По сослушувањето, кое траело скоро седум часа, Тачи не разговарал со новинарите.

Тачи утре ќе се појави во Специјалното јавно обвинителство во Хаг, каде ќе продолжи интервјуто со него, јавува приштинската телевизија Клан Косово.

Тачи од понеделник е на распит во Хаг во врска со обвинението за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени на Косово.

Специјалното обвинителство на Косово, со седиште во Хаг, поднесе обвинение по десет точки, на 24-ти јуни, во кое се обвинети Тачи, лидерот на Демократската партија на Косово, Кадри Весељи и други, за голем број злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучително и убиства, присилно исчезнување, прогон и мачење.

Во обвинението се тврди дека Тачи, Весељи и другите осомничени во обвинението се кривично одговорни за скоро 100 убиства.

Тачи мина повеќе од 12 часа во понеделникот и вторникот во зградата на судот во Хаг, заедно со неговите адвокати.

На првиот ден по сослушувањето, тој изјави дека цело време ги слушал техничките прашања поставени од претставниците на обвинителството и неговиот законски застапник, додека тој вчера не се обратил до новинарите.

Специјалното обвинителство сè уште не се огласи за престојот на Тачи во Хаг.

Рамос доби над милион лајкови за еден час : Навистина имаш 34 години ?

Сергио Рамос сè уште игра врвен фудбал на 34-годишна возраст, водејќи го Реал Мадрид до нова титула оваа сезона со постигнати 12 голови на 42 одиграни натпревари.

За еден дефанзивец, овие се натпросечни бројки, но Реал и шпанскиот капитен се извонредни во тоа.

Колку е физички способен и моќен, може лесно да се види од неговиот последен пост на Инстаграм.

„Наш е редот, ајде да го добиеме “, напиша Рамос алудирајќи на круцијалниот натпревар утре против Виљареал во кој Реал, во случај на победа во Мадрид, ќе обезбеди победа во Ла Лига.

На Рамос му стигна коментар на фотографијата од официјалниот профил на Ла Лига:

"Дали навистина си 34-годишник?"

Фотографијата собра над еден милион и сто илјади лајкови за еден час.

Борисов побара оставки од тројца клучни министри

Бугарскиот премиер Бојко Борисов побара од министрите за финансии, економија и за внатрешни работи да си дадат оставка.

Целта е за да стават крај на шпекулациите дека централно-десничарската владејачка партија ГЕРБ дејствува во дослух со опозициската партија МРФ, која го претставува турското малцинство.

Министрите утре ќе си поднесат оставка, соопштија од владата.

Овој потег доаѓа во време на масовни протести на кои што се бара оставка на владата.

Борисов денеска го отфрли барањето на шефот на државата Румен Радев за осдтавка на неговата коалициска влада, соочен со масовни антивладини протести.

Илјадници Бугари протестираа шест ноќи по ред на улиците на Софија барајќи оставка на Борисов и главниот државен обвинител, обвинувајќи ги за корупција и мафијашко однесување. Протестите, во меѓувреме, се проширија во црноморските градови Варна и Бургас и Пловдив на југот на земјата.

Протестите избија откако главниот обвинител Иван Гешев нареди претрес на кабинетот на претседателот и апсење на двајца соработници на Радев, осомничени за трговија со влијание.

Гешев го обвини Радев за неуставно однесување, твитнувајќи дека ја нарушил независноста на судството и извршил притисок врз обвинителството.

Протестите ги поддржува опозициската Социјалистичка партија, со чии гласови во 2016 година беше избран Радев за претседател.

Следните парламентарни избори се закажани за март 2021 година.

притисни ентер