Спасовски од Арачиново: Најавуваме една милијарда евра странски инвестиции до крајот на мандатот, за нова развојна економија и добро платени работни места, Арачиново пак ќе биде дел од победата за сигурна иднина

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски се обрати на вечерашната трибина во Арачиново, заедно со кандидатот за пратеник од СДСМ, Мухамед Зекири и кандидатот за пратеник од редовите на Движењето БЕСА, дел од коалицијата Можеме, Бастри Бајрами.

„Ви оддавам признание бидејки одовде почна рушењето на режимот и одовде беше испратена пораката за единство, сплотеност и сите заедно да направиме подобро за нас и нашите деца. Ние од ИЕ 2 сме Македонија во мало и затоа ја имаме најглема одговорност во однос на изборите. Победата во Арачиново е победа и во ИЕ 2 и победа на Македонија со што ќе пратиме силна порака за единство", рече Спасовски.

Тој зборуваше за сработеното во изминатите три години и за новата програма што се темели на клучната цел за нова развојна економија и натамошна грижа за сите.

„Најавуваме една милијарда евра странски инвестиции до крајот на мандатот, имаме најповолни услови за инвестирање во регионот и добри работници кои ќе работат за добри плати. Оваа изборна програма којашто ќе биде и владина програма ќе се потпира на проекти од економијата и на инфраструктура, бидеки немаме веќе отворени прашања, дражвата ја запишавме во картата на држави во светот. Ќе имаме нова развојна економија, обезбедуваме нови работни места. Обезбедуваме и над 600 милиони евра пари за поддршка на домашни и странски инвестиции, од коишто 300 милиони предвидуваме да бидат од буџетот, а 300 милиони од европските фондови", најави Спасовски.

Тој потсети на сработеното во изминатите три години, овозможената слобода и демократија, консолидација на институциите, враќање на долговите направени од режимскиот систем, за враќањето на парите кон граѓаните преку евтината тарифа на струјата, укинатата радиодифузна такса, зголемувањето на минималната и просечната плата на 14.500 и 27.500 денари, за најголемото зголемување на пензиите во последните 12 години од 720 денари, за воведената државна социјална пензија, за поддршката на младите преку низа проекти, меѓу коишто и младинската гаранција, за донесените храбрите одлуки од коишто придобивка се членството во НАТО и ЕУ интеграциите.

„Со тоа ги отворивме и можностите за европски фондови од 2 и пол милијарди евра за нашата држава и за нови инвестиции. Со сето ова се создадени можности за нови покачувања на платите и пензиите, за утврдување минимална пензија од 10.700 денари и за нова финансиска поддршка на младите " рече Спасовски.

Тој зборуваше и за создадените основи за правна држава преку донесениот закон за јавно обвинителство и за создавањето Еко-држава.

„Да го исчистиме еколошкиот отпад, но и политичкиот, да расчистиме со остатоците од груевизмот засекогаш", рече Спасовски.

Носителот на листа во ИЕ 2, Спасовски посочи и дека се направени многу километри експресни и регионални патишта и автопатиштата за коишто во времето на ВМРО-ДПМНЕ се барале провизии, а посочи и на сработеното во Арачиново и во ИЕ 2: канализација во должина од 10 километри што е 55 проценти завршена и до крајот на годината нема да има семејство кое нема да биде прикличено на неа, новата општинска зграда, модерни услови за учење во училиштата во Арачиново и Грушино. Рече дека се прави патека за шетање од 1.100 метри, што ќе биде еден од најубавите делови на Арачиново, првата детска градинка што е предвидено да биде меѓу најубавите во државава, а дека ќе се изгради и мултуфунционално игралиште каде децата ќе спортуваат.

„Оваа коалиција Можеме нуду сигурност, јасна визија и перспективи, мир и спокој и развојна економија. На другата страна е Груевски обновен во Мицкоски, режим, лаги и манипулации и желба да се оствари долгогодишната партнерска врска за владеење", рече Спасовски.

„Нема веќе национализам што вирее на овие простори. Да ги оставиме да се само обноват во опозиција", повика Спасовски.

Тој порача водење безбедна кампања и излезност на изборите за да се формираат институции со полн капацитет што ќе може да справат со сите здравствени и економски потреби на граѓаните.

„Ни требаат институции коишто ќе можат во полн капацитет да носат законски решенија, да менуаат законски решенија Ќе има последици од кризата и ќе мора да се справиме со институции со полн капацитет", рече носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовси, вечерва во Арачиново.

На граѓанската трибина се обратија и кандидатот за пратеник, Мухамед Зекири и кандидатот за пратеник од редовите на Движењето БЕСА, дел од коалицијата Можеме, Бастри Бајрами.

„Арачиново се менува на подобро за разлика од пред 7 години кога зборувавме за основни потреби во општината. Сега зборуваме за градење градинки, за култура, за вложувања во спортот. Докажавме дека наш интерес како коалиција Можеме е грижа за граѓаните, повисоки плати, подобри работни места, ДУИ не може да `не спречи во тоа, рече Бајрами во Арачиново.

Пленковиќ и ХДЗ со убедлива победа на изборите во Хрватска

Официјалните резултати покажуваат дека во моментов најголем број места во хрватскиот парламент освои ХДЗ – 68 на чело со досегашниот премиер Андреј Пленковиќ .

Големо изненадување и далеку послаб резултат од очекувањето освои опозициската коалиција на централно-левичарскиот Рестарт, предводена од Социјалдемократската партија (СДП), која според најновите податоци освои 43 места.

Предизборните анкети предвидуваат изедначен резултат, а некои дури и победа за СДП.

Татковинското движење на пејачот Мирослав Шкоро моментно има 15 освоени мандати.

Десниот Мост има 8, додека лево зелената коалиција Можемо има 6 места во Саборот.

Гласовите на дијаспората, сите три ги освои ХДЗ на Пленковиќ.

За формирање на мнозинска влада се потребни најмалку 76 пратеници во Саборот.

Шахпаска од Пробиштип: ДА, денес подобро се живее со повисока минимална и просечна плата ,повисоки пензии и зголемена социјална помош за 300%

„Денес можам гордо да ве гледам и да зборувам за сериозниот  исчекор  што го направивме , каде бевме и каде стигнавме денес.

Од заробена држава со широко распространета корупција, држава во која не постоеше слобода на медиумите туку постоеше цензура. Држава во која граѓаните за да функционираат мораа да ја поседуваат партиската книшка на ДПМНЕ. Држава во која имаше нарачани судски пресуди и избрани судии од тефтерчето на Гордана. Држава во која постоеше дискриминација по секој основ." -истакна носителката на ИЕ 3 , Јагода Шахпаска на граѓанската трибина во Пробиштип.

„Денес сме полноправна членка на НАТО сојузот, правна и праведна држава кое што ни го гарантира новиот Закон за јавно обвинителство, според кој секој кој се огрешил ќе одговара пред законот. Се врати слободата на говор и полека но сигурно ја враќаме довербата кај граѓаните кон институциите . Денес сме држава која веќе ја доби и преговарачката рамка и за време на германското претседателство ќе добиеме почеток на преговори за влез во ЕУ". –посочи Јагода Шахпаска .

Таа се осврна и на мерките кои беа реализирани изминатите три години, а кои значат обезбедување на подобар животен стандард на сите граѓани. Таа ја посочи реформата во пензискиот систем , редовната исплата на пензиите и нивни раст.

„Домаќински и одговорно минатата година заштедивме 3.7 милијарди денари и беше исплатена пензија без потреба од позајмица од централниот буџет. За нецели три години пензиите пораснаа за 1700 денари. Ако 2016 година кога дојдовме на власт просечната пензија беше 13.800 денари, сега таа е 15.500 денари". –истакна Шахпаска.

Како понуда за следниот мандат Шахпаска го посочи покачувањето на минималната пензија за 21% ,односно да нема пониска пензија од 10.700 денари.

Таа се осврна на воведувањето на државната социјална пензија од 6.000 денари, за лицата кои по никаков основ не исполнуваа право за редовна пензија. Тоа го искористија 6.600 пензионери.

Грижата за возрасните граѓани ја остваривме и преку укинувањето на квотите за лекови,па сега нема повеќе гужви пред аптеките, ниту недостиг на лекови.-рече Шахпаска.

Таа зборуваше и за вложувањето во здравствениот систем, покачувањето на платите на докторите кои пораснаа за 40% ,а другиот медицински персонал и здравствени работници до 23%. Вработени 780 доктори, 1.000 медицински лица и 5.000 согласности.

На прашањето на Мицкоски што денес им го постави на граѓаните во Прилеп „Дали подобро се живее"? -можам да кажам дека ДА ,подобро се живее со покачена минимална плата на 14.500 денари, со просечна од 27.300 денари, со повисоки пензии за 1.700 денари, со зголемена социјална помош од 300 %.-рече Шахпаска.

Таа на крајот ги повика граѓаните гордо и достоинствено почитувајќи ги протоколите за заштита на здравјето да го искористат своето право на глас и да излезат на гласање на 15 јули.

Затоа што МОЖЕМЕ уште повеќе и уште подобро !, се наведува во соопштението на СДСМ.

Николовски од Пробиштип: Ние сме на автопат, ВМРО-ДПМНЕ е во нивните темни подруми, ние сме за европска, а тие за режимска иднина

Генералниот секретар на СДСМ и носител на ИЕ  3 на Коалицијата „Можеме"  Љупчо Николовски, вечерва од трибината во Пробиштип оцени дека СДСМ води модерна европска кампања во која нема црни спотови,нема темнина.

Има идеи, разговори за еколошка и иновативна земја, за решавање на прашања кои досега не биле отворени.

„Ние зборуваме за новиот развој, за новата македонска економија, за родовата еднаквост, за заштита на животната средина, за отворање на нови работни места, за враќање на младите на Истокот, а ВМРО-ДПМНЕ ги покажуваат тие спотови на згрбавени луѓе, така како што тие ги замислуваат нашите сограѓани. Покажуваат спотови на темните простории во нивните подруми кои асоцираат на провизии, тендери, местенки. Ние сме на автопат, тие во нивните темни подруми. Ние сме за европска Македонија, тие за режимска Македонија во која царуваат криминалот стравот, корупцијата", рече Николовски.

Тој нагласи дека денеска изборот на граѓаните е лесен, а тоа го потврдуваат сите истражувања на јавното мислење.

„Сите истражувања на кредибилни светски агенции потврдуваат дека граѓаните се за напред, за развој, за иднина и ја поддржуваат оваа Програма која ја пишувавме 11 месеци. Ништо нема да ги спаси. Огромно мнозинство на 15 јули ќе гласа за оваа модерна, најголема и најразнолика Коалиција „Можеме", рече Николовски, се наведува во соопштението на СДСМ.

притисни ентер