Спасовски: Нема службен материјал што укажува на напад врз полициски службеници во Арачиново

МВР засега не знае дали полициски тим бил избркан од Арачиново. 

Крим – техника и внатрешна контрола на МВР проверуваат дали навистина полицајци од станицата Гази Баба биле избиркани од населбата Арачиново. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека се проверуваат и инфомациите дали полициските службеници биле избркани од вооружена група во Арачиново.

„Досега немаме пријава ниту од полициски службеници дека некој им се заканувал и ги избркал. Немаме пријава ниту од граѓаните дошле тоа да го направат, иако има јавување во полициска станица за недолично однесување на полициските службеници коишто биле на пунктот, така што денеска со службен материјал ќе ги расчистат овие работи за да можеме да информираме. Пренагласено е дека тоа било со оружје и така натаму, но да видиме што ќе излезе“, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

За ВМРО-ДПМНЕ овој слуачј е тежок скандал за кој велат нема оправдување. Побараа одговорност од министерот Спасовски.

„Вооружени лица блиски до власта, влегле со закани во полициско одделение во Арачиново, а четворица полицајци добиле наредба од претпоставен да се повлечат од полициски пункт, и од Арачиново да се повлечат во Гази Баба, само затоа што е направена контрола, сопреле возило, без валидни документи. Ако некој се чувствува моќен за неказнето вооружен да влетува во полициски објект и да брка и да се заканува врз полициски службеници коишто се повлекуваат, кој може да ја гарантира безбедноста на медиумите или на граѓаните после ова било каде? Оливер Спасовски мора да замине од МВР, затоа што по 7 негови години, криминалот цвета, полицајците се цел на потсмев, а полицијата е логистика на белосветската мафија“, рече портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Прво да го видиме кој е случајот, за да знаеме што точно се случило, па после може да разговараме за сè друго“, му одговори министерот Спасовски.

Како што објавија некои портали пред два дена во арачиново полицајци сопреле возило управувано од лице со невалидни документи, а истиот бил син на полицаец. Според објавеното тој упатил навреди кон полициските службеници па избегал а потоа, се појавила вооружена група, која според написите, ги присилила полицајците да го напуштат пунктот и да се повлечат кон полициската станица во Гази Баба.

Жена дошла во банка со мртов човек за да подигне кредит: Тој е молчелив (Вознемирувачко видео)

Неверојатна приказна доаѓа од Рио де Жанеиро, каде жена била уапсена откако наводно се обидела да добие кредит од банка, во друштво на мртов човек?!

Приказната за прв пат ја објави ТВ Глобо од Бразил, а видеото се појави на социјалните мрежи.

На видеото гледаме жена која стои покрај блед постар маж во инвалидска количка. Се гледа како го држи за врат и го нарекува „чичко“.

Таа наводно се претставила како внука на мажот и побарала кредит од 3.400 долари.

„Вујко, слушаш ли? Треба да го потпишете договорот за заем. Ако не потпишеш, нема шанси, бидејќи не можам да го сторам тоа за тебе“, вели таа.

Вработената во банката, која ја снимила снимката, одговара: „Изгледа не му е добро, неговата боја“.

Жената возврати: „Таков е тој. Тој не зборува ништо“.

Вработените во банката набрзо повикале полиција.

„Тој веќе беше мртов во банката. Главната работа е да се продолжи со истрагата за да се пронајдат членовите на семејството и да се дознае повеќе за случајот“, изјавил началникот на полицијата Фабио Луиз за ТВ Глобо.

Ако се покаже дека жената е виновна, таа може да биде одговорна за обид за измама.

Надлежните ги истражуваат околностите под кои мажот починал, а неговото тело е пренесено во Институтот за судска медицина.

Јонуз: Полека но сигурни влегуваме во „бугарско“ сценарио

„За година и пол до две сум сигурен дека ќе имаме предвремени избори“

Тоа што некој е помудар од тебе и тоа што подобро игра од шах од тебе, не значи дека ги надминал границите. Легитимно право, законско право е да се поставува услов. Алал да им е на Албанците 100:0 тепаат наспроти Македонците. Полека но сигурни влегуваме во „бугарско“ сценарио. За година и пол до две сум сигурен дека ќе имаме предвремени избори. На овие избори тврдам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе „растури“ на овие избори затоа што имаат доследност, кичмата крива ли е, ја држат, другите се камелеон. Во Македонија овде кога би не оставиле сами да го делиме парчето торта, очите ќе си ги извадиме. Албанците тоа што го имаат, Македонците го немаат, а тоа е едиство, рече Агим Јонуз во Само Вистина.

Нарко босот „Ел Чапо“ се жали дека во затворот не му дозволувале никаков контакт со семејството

Мексиканскиот нарко бос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, поранешен водач на картелот Синалоа, тврди дека не смее да прима телефонски повици или посети во максимално безбедниот американски затвор во Колорадо, каде што издржува доживотна затворска казна.

Гузман, кој неколкупати бегаше од затворите во Мексико, на крајот на март му напиша писмо на судијата на Окружниот суд на САД, Брајан М.

Тој е осуден за водење на операција за шверц на дрога од индустриски размери и отслужува казна во затвор со максимална безбедност во Флоренс, Колорадо, според АП.

„Во мај 2023 година, објектот престана да ми ги пренесува повиците на моите ќерки, а јас седум месеци немав повици од нив. Прашав кога ќе ми дозволат да разговарам со моите ќерки и вработените ми кажаа дека агентот на ФБИ кој ги надгледуваше повиците не одговара“, напиша Гузман.

Ел Чапо смета дека е изложен на „дискриминација без преседан“ и дека официјалните лица го казнуваат со тоа што не му дозволуваат контакт со семејството.

Гузман, исто така, побарал од судијата да ја посети неговата сопруга Ема Коронел, но не кажа кога последен пат му било дозволено да ја види.

Коронел, исто така, се изјаснила за виновна за обвиненијата за трговија со дрога во 2021 година, но подоцна беше ослободена.

„Ве молам на Коронел да ѝ дозволите да ме посети и да ги донесете моите ќерки да ме посетат, бидејќи тие можат да ме посетат само кога се на одмор, бидејќи студираат во Мексико“, додаде Гузман во писмото до судијата. .

Судијата Коган одговори минатата недела, велејќи дека по изрекувањето на пресудата на Гузман, сè е на американското биро за затвори и дека нема моќ да интервенира.

Во декември, 95-годишната мајка на Гузман почина во северната мексиканска држава Синалоа, а таа наводно не го видела својот син откако беше испратен во затвор во Колорадо во 2019 година.

Гузман го предводеше картелот Синалоа во борбата против нарко бандите, во кои загинаа илјадници Мексиканци.

Тој двапати избегал од мексиканските затвори, еднаш преку тунел долг километар ископан низ ќелијата во која престојувал.

Откако беше екстрадиран во Њујорк, неговото тримесечно судење вклучуваше приказни за убиства, политички исплати, кокаин скриен во лименки халапења и пиштоли со скапоцени камења.

Во 2023 година, Мексико екстрадираше еден од синовите на Ел Чапо, Овидио Гузман Лопез, во САД за да се соочи со обвиненија за трговија со дрога и перење пари.

Се вели дека Гузман Лопез го водел картелот Синалоа за време на операциите за производство и извоз на фентанил во САД, за кој се верува дека предизвикува 70.000 смртни случаи годишно.

притисни ентер