Спасовски: Нема ризик од конкретен терористички акт во Северна Македонија

Северна Македонија и Европската Комисија денеска во Брисел потпишаа заеднички акциски план во делот на борбата против тероризмот.

Иако нашата земја не се соочува со конкретен ризик од терористички акт, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, предизвикот лежи во нејзината стратешка положба.

-Овој договор е имплементација на низа мерки кои што ќе значат ефикасност во справувањето со тероризмот, со размената на информации и една заедничка политика која што ќе значи вистинска борба против тероризмот и во овој регион и во Европа, изјави министерот за внатрешни работи.

Спасовски додаде дека "секоја од државите треба да преземе низа мерки кои што ќе значат не само конкретна активност во делот на терористички акт, затоа што немаме таква состојба"

-Но имајќи предвид дека се наоѓаме на една исклучително важна стратешка позиција, стојат пред нас и предизвици, а еден од нив е тероризмот, изјави попладнево министерот Спасовски на прес конференцијата со еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, со кого го потпишаа акцискиот план.

Конкретно, акцискиот план потпишан денеска помеѓу Европската Комисија од една страна и Северна Македонија и Албанија од друга, предвидува серија мерки со цел спречување на насилниот екстремизам и тероризмот. Освен зацврстувањето на домашните институционални капацитети, од двете земји се очекува, меѓу другото, да преземаат проактивни мерки на толерантност за да се спречи насилната радикализација, посебно кај младите, и ризикот тие да заминат на воени жаришта на Блискиот Исток, на пример.

Паралелно со образовните и социјалните мерки, од Северна Македонија Брисел очекува да го подобри нејзиниот капацитет во делот на размената на информации, поефикасно да се бори против перењето пари и да спречи финансирање на тероризмот.

Албанија и Северна Македонија добија посебни приоритетни области во кои се очекува од нив засилен напор.

За Северна Македонија станува збор за зацврстувањето на против-терористичките структури и стратегии, вклучително и подобра проценка на заканите. Потоа, удвојување на напорите за спречување на насилниот екстремизам "преку мултиагенциски пристап на локално ниво како и справување со предизвиците од враќањето на странските борци и нивните семејства". Трет приоритет за земјата е да етаблира национална проценка на заканата од перење пари и подобрување на врската помеѓу финансиското разузнавање и Обвинителството.

Еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос порача дека Европската комисија е тука да ја поддржи земјата во спроведувањето на мерките и упати "итен повик" до властите во Северна Македонија "да нѐ информираат каде е потребна дополнителна поддршка", изјави тој попладнево./МИА

Заев од Битола: На 15 јули да гласаме за број 3

Пред нас во среда се важни избори,избори на кои секој од нас треба да каже во кој правец кој ќе се движи нашата земја.

Понудените опции се видоа во двете целосно спротивни кампањи. Од едната страна видовме оптимизам, јасен концепт, надеж, шанса и иднина – рековме и покажавме дека МОЖЕМЕ тоа да го оствариме.

Од другата страна – мрак, црнила, недоличен хумор врз грбот на сопствениот народ – веќе видено – минато.

Тоа е разликата – од едната страна достоинствена кампања, со сите мерки на заштита од Ковид, од другата страна опасна кампања – со сите прекршувања на мерките и сите лоши зборови кои ги чувме од нивна страна.

На 15 јули одлучуваме дали ќе растат платите на граѓаните, или ќе се полнат џебовите на луѓето на Груевски.

Изборот е едноставен, но работата не е однапред завршена.

Дали ќе одиме напред зависи од секој од нас, од секој од вас.

На овие избори гласот за СДСМ е глас за сигурност, гласот за ВМРО-ДПМНЕ е глас за враќање назад, за опасност од нов режим.

Почитувани граѓани,

Не си ја потценувајте моќта, не си ја коцкајте иднината.

Државата ќе продолжи напред само ако вие така одлучите, само ако вие излезете на 15 јули и гласате на безбедни избори.

Го бараме вашиот глас за нов, чист мандат. За да ги продолжиме добрите политики. За да продолжиме напред уште побрзо. Да не ја испуштиме шансата што заедно ја создадовме за нашата татковина.

Во среда, на 15 јули да гласаме за да продолжиме напред кон развој, кон интеграција, кон економски раст и повеќе пари за сите... и конечно кон правда.

Тоа е вистинскиот, тоа е исправниот пат, се друго е ќор-сокак и неизвесност.

Да гласаме за број ТРИ, за СДСМ, за „Можеме", да гласаме за најсигурната опција!

Ви благодарам.

Зоран Заев, претседател на СДСМ

Mакедонски концепт: Ќе се залагаме за слобода, спокој и солидарност

 Програмата на партијата  Македонски концепт се состои од три столба: солидарност, спокој и слобода. 

Нашето лого е за „Нормална држава’ и има повеќе проекти: држава без етнички партии, Правдата прогледа, кој значи електронски систем на водење на судски предмети и одговорност за судии и обвинители, проектот Слободни банки, што значи можност за земање кредит или да се штеди во која било банка во светот, да инвестираш во што сакаш и каде сакаш во светот, проектот Партнерство со младите во кој младите и државата стануваат ортаци, младите даваат идеја, државата обезбедува пари, истакна Војо Беловски, носител на листа на пратеници во ИЕ 3.

Тој ги повика граѓаните на 15 јули да гласат за нивната програмска листа со број 10.

– Знам дека постојат милион причини да бидете разочарани… да не сакате да гласате…да не ни верувате на нас… но никако да разберам, зошто упорно дел од нашите граѓани го избираат стариот систем, кој сите нас не уништува, вели Беловски.

Тој појаснува дека тие прават нов систем, а стариот ќе го згаснуваат.

– Ова не е битка помеѓу десното и левото, помеѓу вмровците и сдсмовците… ова е битка помеѓу новото и старото, иднината и минатото… ова е битка помеѓу доброто и лошото… Сите заедно, добрите и чесните граѓани, било тоа да сме вмровци, комуњари, либерали, неопределени, определени, независни, зависни… да се обединиме во граѓанската опцијана број 10.Ова е последна шанса да покажеме дека не сме сите исти! Да бидеме свои на своето! Затоа што каменот тежи на своето место, потенцира Беловски.

Заев на ФБ: Гласај за заедно да ја градиме иднината

Скопје, 12 јули 2020 (МИА) – На 15 јули излези и гласај за заедно да ја градиме нашата иднина, напиша попладнево на „Фејсбук" лидерот на СДСМ Зоран Заев на последниот ден од изборната кампања.

– Во следниот мандат обезбедуваме нови 2 милијарди евра за изградба на патишта, кои се за нови 260 км автопати, 300 км експресни патишта, 950 км локални патишта и реконструкција на над 1.500 км постоечки патни правци. Инвестираме и во нови 500 км водовод и канализации во вредност од 100 милиони евра. Домаќински ја планираме заедничката иднина, наведува Заев во статусот објавен на неговиот Фејсбук профил.

притисни ентер