Спасовски на панел дискусија на СДСМ, „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Вечерва со посебно задоволство учествував на панел-дискусија во мое Куманово, заедно со моите другарки и сопартијки од СДСМ, а во во рамки на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, во организација на Форумот на жени на СДСМ.

Ако до пред две децении за овој негативен социолошки феномен се зборуваше тивко и во затворен круг, а аналогно на тоа и малку се дејствуваше, денес тој е во фокусот на јавниот и институционален интерес како приоритетен проблем и за него гласно се зборува.

Полицијата јасно ги препознава своето место и улога во целиот тој процес на превенција, заштита и гонење на сторителите на насилство врз жени, семејното и родово базирано насилство. И, секако, нашиот стремеж секогаш треба да биде насочен кон апсолутна институционална и кривично-правна нетолерантност кон оваа појава.

И оваа кампања треба да ја разбереме како еден од инструментите што ни стојат на располагање, а во насока на превенирање на родово базираното насилство - да изградиме нулта толеранција на сите форми на родово базирано насилство кај секој од нас, кај надлежните институции и во секоја сфера на живеењето – во семејствата, во училиштата, на работните места, на интернет, во медиумите, во јавните простори, бидејќи наша заедничка обврска е да им овозможиме на сите да се чувствуваат безбедни и сигурни во заедницата во која живеат, објави на ФБ министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Манчестер јунајтед загуби од Фулам и ја прекина серијата од пет победи

 Манчестер јунајтед попладнево загуби на домашен терен од Фулам со 2:1 во натпреварот од 26. коло на англискиот фудбалски шампионат. 

„Црвените ѓаволи“ ја прекинаа серијата од пет победи во низа во сите натпреварувања.

Првиот гол го постигна дефанзивецот на гостите Калвин Баси во 65. минута. На минута пред крајот на основните 90, Хари Мегваер го израмни резултатот. Алекс Ивоби им донесе победа на лондонскиот тим во седмата минута од судиското надополнување.

Манчестер јунајтед се наоѓа на 6. позиција во Премиер лигата со 44 бодови. Фулам има 32 бода и се наоѓа на 12. место.

На другите досега завршени натпревари од ова коло:

Астон вила – Нотингем Форест 4:2

Брајтон – Евертон 1:1

Кристал Палас – Барнли 3:0. /МИА

Телото на Навални вратено на неговата мајка

Телото на рускиот опозиционер Алексеј Навални и е вратено на неговата мајка, соопшти неговата портпаролка Кира Јармуш на социјалната мрежа Икс.

Погребот се уште се чека. Не знаеме дали властите ќе се мешаат да се спроведе како што сака семејството и како што заслужува Алексеј. Ќе ве известиме штом има новости“, соопшти Јармуш. Најпознатиот политички противник на Владимир Путин ненадејно почина во затвор пред една недела, а неговата мајка со денови бараше властите да и го предадат телото.

Бербок ја посети Украина Одеса на годишнината од војната

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок отпатува во јужниот украински пристанишен град Одеса, на денот кога руската инвазија врз Украина влегува во третата година.

Германската министерка пристигна во градот придружувана од нејзиниот украински колега Дмитро Кулеба во посета која првично беше чувана во тајност од безбедносни причини.

Ова е шесто патување на Бербок во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари 2022 година.

Двајцата министри присуствуваа на состаноците на Генералното собрание на ОН и Советот за безбедност на ОН во петокот во Њујорк по повод одбележувањето на втората годишнина од почетокот на војната. Двајцата дипломати пристигнаа заедно во Берлин утрово со авион на германската влада. Оттаму, Бербок и Кулеба полетаа за Молдавија од каде отпатуваа по копно до Одеса, јави ДПА. /МИА

притисни ентер