Спасовски: МВР за граѓаните- Транспарентно и отчетно

Почеток на нов месец секогаш претставува добра можност да се потсетиме за досега сработеното. МВР ЗА ГРАЃАНИТЕ: Транспарентно и отчетно - септември 2023, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на ФБ.

МВР за ГРАЃАНИТЕ

[▪️] ОТВОРЕН КАБИНЕТ во ОВР Крива Паланка

[▪️] Превентивен проект на МВР за превенција од зависностите од дроги и психотропни супстанци кај младите, под мотото – „Кажи не на дрогата, да на животот!“

[▪️] Ги бодриме македонските одбојкари

[▪️] Трибина во организација на Главниот одбор на Сојузот на борците од НОВ

[▪️] 32 години независност

Денот на независноста 8 Септември

[▪️] 21. Синдикални спортски игри

[▪️] 22. Меморијален турнир во мал фудбал во чест на Бобан Трпков

[▪️] 19 години од постоењето и делување на Сојуз на стопански комори на Македонија

[▪️] крводарителската акција во Амбасадата на Соединетите Американски Држави

[▪️] стогодишнина од македонската авијација

[▪️] Меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Националниот сојуз на глуви и наглуви на Македонија

[▪️] Панел дискусија во рамки на Меѓународната школа за миграции на Црвениот Крст

[▪️] Посета на Езерската полиција во Охрид - Спасени 10 лица ова лето

[▪️] 14. Меѓународна научна конференција на тема „Стратешки и безбедносен концепт за земјите од ЈИЕ“, во организација на Факултетот за безбедност – Скопје и Фондацијата „Фридрих Еберт“

[▪️] 25 години успешна работа на Македонската информативна агенција

[🔷] УНАПРЕДУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА

[▪️] донација од страна на Мисијата на ОБСЕ

[▪️] Конференција на министри за внатрешни работи, во рамки на Берлинскиот процес во Тирана

Средба со министерот за емиграција на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Роберт Џенрик

[▪️] Средба со шпанскиот колега Фернандо Гранде-Марласка Гомез

[▪️] средба со директорката на Агенцијата на Европската Унија за обуки за спроведување на законот (ЦЕПОЛ), Мариа Монтсерат Марин Лопез

[▪️] Средба со генералниот секретар на глобалната полициска организација ИНТЕРПОЛ, Јирген Сток

[▪️] средба со македонски истакнати личности од Македонија кои работат и делуваат во Албанија

[▪️] средба со новоназначениот амбасадор на Република Австрија во Македонија, Н.Е. Мартин Памер

[▪️] средба со Делегација од Европски центар за следење на дроги и зависности од дрога (ЕМЦДДА) предводена од Фредерик Денекер

[▪️] средба со новоназначениот амбасадор на Република Словенија Н.Е. Грегор Прескер

[▪️] Работна посета на Република Словенија - Ги зајакнуваме капацитетите на Одделот за воздухопловни единици

[▪️] 30. години од отворањето на првата амбасада во светот во Љубљана

[▪️] посета на конзуларното одделение во Амбасадата во Љубљана

[🔷] Резултатите на МВР на увид пред граѓаните,објави Спасовски на ФБ.

Максим Димитриевски кандидат за претседател на ЗНАМ

Максим Димитриевски ќе биде кандидат за претседател на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, соопшти денеска партискиот портпарол Никола Мемов. 

Како што соопшти Мемов на прес-конференција, од утре почнува постапката за собирање потписи.

Според него, граѓаните првпат ќе имаат можност да гласаат за одредена опција, а не како досега, да гласаат против.

-Очекуваме победа. Нашата анализа покажува дека Димитриевски ќе влезе во вториот круг, за потоа да имаме и конечна победа. Ги повикуваме граѓаните да ја поддржат кандидатурата на Димитриевски во општинските канцеларии на ДИК, нагласи Мемов.

Тој информира дека по завршената внатрепартиска постапка, Извршниот одбор донел одлука да му предложи на првиот Конгрес Димитриевски да биде кандидат за претседател на државата.

-На Македонија и е потребен татко на нацијата, чувар на идентитетот и заштитник на историјата. На Македонија и е потребна предвидливост, надеж, стабилност, сигурност, правда, иднина. На Македонија и е потребен претседател којшто ќе го даде максимумот за неа. На Македонија и е потребен Максим Димитриевски, рече Мемов.

Хамас: Нападот на автопатот во Израел е „природен одговор“ на израелските масакри

Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека денешниот напад на автопатот на периферијата на Ерусалим претставува, како што наведе, „природен одговор“ на израелските „масакри“ во Појасот Газа и окупираниот Западен Брег.

Едно лице загина, а 11 се ранети изутрината во палестински напад на автопат во предградието на Ерусалим, соопшти полицијата. Во престрелката е убиен маж на 20-годишна возраст, а 23-годишна девојка е во тешка состојба, соопштија медицинските власти.

Сите повредени, како што се наведува, се пренесени во болниците во Ерусалим.

Полицијата соопшти дека двајца од вооружените напаѓачи биле убиени од безбедносните сили на лице место, а третиот набрзо бил „неутрализиран“ по полициските претреси во областа, објави „Тајмс оф Израел“.

Полицијата наведе дека тројца палестински вооружени напаѓачи отвориле оган врз Израелците кои чекале на сообраќајната линија на неколку стотини метри од контролниот пункт Аз-Заајем во близина на Ерусалим и окупираниот град Маал Адуним на Западниот Брег, објави „Тајмс оф Израел“.

Според полицијата, Палестинците отвориле оган од автоматско оружје врз Израелците кои чекале во колона возила додека се движеле по автопат кон Ерусалим, неколку стотини метри пред контролниот пункт Аз-Заајем, во близина на истоимениот град во Западниот Брег.

Хамас, исто така, изрази загриженост поради планираните израелски ограничувања за Арапите во џамијата Ал Акса во источен Ерусалим за време на празникот Рамазан, објави Ал Џезира.

Силјановска-Давкова: Во статусот претседател нужни се големи и длабоки реформи

Во статусот претседател нужни се големи и длабоки реформи, време е за женска димензија во политиката.

Професорката и пратеничка Гордана Силјановска-Давкова потврди дека е кандидат за претседателка на државата од ВМРО-ДПМНЕ. Таа изјави дека нема да биде републикански монарх, туку ќе се однесува кон граѓаните како кон луѓе, како кон индивидуи, припадници на различни заедници. Доколку стане претседателка, посочи, нејзините кандидати ќе бидат најдобрите во Уставниот суд и во Судскиот совет, а амбасадорите ќе се регрутираат врз основа на компетентност и стручност.

Таа изрази благодарност што во рекорден рок нејзините колеги и колешки ги собрале потребните 30 потписи, без нејзино знаење. Кандидатурата на Силјановска-Давкова допрва треба да се најде на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, по што треба да се достави до ДИК.

-Зошто се кандидирам? Од објективни и од субјективни причини. Објективните се резултатот од минатите избори. Големо признание е кога ќе добиете околу 380 илјади гласови, и тоа не само од партиските членови и симпатизери, туку и од граѓаните. Имам намера да собирам и 10 илјади потписи, бидејќи мислам дека траба рамноправна да бидам со сите други и се разбира, да повикувам повторно од оние кои не се во политиката или не се идеолошки и партиски определени, додаде Силјановска-Давкова.

Една од причините за нејзино кандидирање, како што напомена, е резултатот од минатите избори.

-Ветувам, доколку станам претседателка, моите кандидати ќе бидат најдобрите во Уставниот суд, најдобрите во Судскиот совет, дека амбасадорите ќе се регрутираат врз основа на компетентност и стручност, а не врз партиска блискост. Не треба да се зачудите ако ме видите на протест со маргинализирани групи во првиот ред. Не треба да се зачудите ако во Парламентот, доколку има потреба од вето, да кажам „дајте да се усогласиме овде, да дојдеме до решение, да креираме јавна политика“. Јавна политика мора да произведе јавна вредност. Не да промовира лични и олигархиски интереси, туку республика – јавна вредност, изјави денеска пред Собранието Силјановска-Давкова.

Таа посочи дека ќе се залага за создавање на граѓански канцеларии. Тоа е, како што посочи, институт којшто се практикув во САД и во другите држави.

-Мислам дека многу често претседателите се далеку во планината, далеку од граѓаните, а го забораваат суверенот – граѓаните и една прекрасна идеја на претседателот Иванов за т.н. граѓански канцеларии како да не живее. Тоа е институт којшто е многу, многу практикуван во САД и во другите држави. Значи, јас нема да се однесувам како републикански монарх, туку ќе се однесувам кон граѓаните како кон луѓе, како кон индивидуи, како припадници различни, како кон суверен бидејќи од нив ми извира суверенитетот, додаде Силјановска-Давкова.

Според Силјановска-Давкова, време е за женска димензија во политиката, време е за консензус без оглед на партиска, етничка, верска и друга припадност. Потенцираше дека во статусот претседател/претседателка се нужни големи длабоки реформи.

-Мислам дека треба во овој регион и особено во Македонија навистина да дојде времето на жените. Одговорно тврдам дека ќе ги почитувам различностите, но ќе се опкружам со жени во сите прилики на сите места, затоа што видовме дека кога на клучни функции има жени, а тие помалку учествувале секаде и се помалку одговорни се за ова што му се случува на светот, тогаш се можни промени. Најмаргинализираните групи ќе бидат пред мене и последната реченица – без владеење на правото, без радикални промени во системот на вреднување ние нема да исчекориме напред, посочи Силјановска-Давкова.

притисни ентер