Како што пишува The Sun, пејачката носи голем веренички прстен „зад затворени врати“, а славниот пар за свршувачката само го известиле семејството и најблиските пријатели. Свифт и Алвин почнале да се забавуваат кон крајот на 2016 година, откако наводно се сретнале на Мет Гала во Њујорк.
„Тејлор и Џо се неверојатно среќни и многу, многу заљубени. Тие всушност се свршени веќе неколку месеци, но им кажале само на својот најблизок круг на луѓе - буквално само на семејството и старите доверливи пријатели. Сите се заколнале на тајност“, рекол извор близок на парот и додал дека сакаат да ја држат својата љубов подалеку од очите на јавноста и од папарацо камерите.
„Ако и кога ќе ги разменат своите завети, сигурно нема да има никакво списание „Вог“, „Ролинг Стоун“ или „Хело!“. Ќе биде едноставно и елегантно - исто како нив“, вели изворот. Пред нејзината врска со Алвин, Тејлор Свифт се забавуваше со Том Хидлстон, Хари Стајлс и Калвин Харис, врски што беа доста јавни.