Спасовски: Ја чистиме калта од режимот кој за себе поставуваше мермер, а за граѓаните стиропор, градиме по европски стандарди, ја градиме Европа – дома

Градиме рамномерно насекаде и во градските и во руралните средини, со што градиме Македонија за сите, рече Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ и носител во ИЕ 2.

Ја чистиме калта што ја остави режимот кој градеше со мермер во своите бели дворци, а за потребите на граѓаните употребуваше стиропор.

Ние градиме и рамномерно и по квалитетни европски стандарди.

И тоа е логично, затоа што тие меѓународно ја изолираа земјата да крадат, а ние ги обновивме партнерствата со меѓународната заедница, станавме членка на НАТО и отвораме преговори со ЕУ и во нашата држава да ја градиме Европа - дома.

Во нашата држава го враќаме достоинството на граѓаните со модерна инфраструктура.

Овде во Ѓорче Петров немаше фекална канализација во Волково, Стопански Двор и Кисела Јабукa – ја поставивме. Вложени се 15 милиони 826 илјади денари.

Се гради водоводна мрежа во руралниот дел на Никиштани.

Изградивме водоводна мрежа во Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука.

Во тек се 4 проекти: изградба на атмосферска канализација за ул.Радушка-Општина Ѓорче Петров, завршување на фекалната канализација и приклучоци на сите куќи во Волково, фекална канализација во Орман и пречистителна станица, за што е веќе готова проектната документација. Работиме на регулација на атмосферската и на фекалната канализација во Хром, на канализација и асфалтирање преку пругата Дексион.

Ние почитувани граѓани поврзуваме.

Ги поврзуваме селата со градовите. Се поврзуваме со соседите и регионот. Градиме и автопати и отвораме гранични премини.

Градиме 260 километри автопати, 300 километри експресни патишта, 900 километри локални патишта. Рехабилитираме повеќе од 1.500 километри постоечки патни правци. Интензивно се работи на локалната инфраструктура и дополнителни 500 километри водоводи и канализации.

Обнова на режимот е опасност и не ни е потребна. Веќе три години ја обновуваме државата што регионот веќе ја препознава како европски пример.

За да продолжиме да градиме сигурна иднина, заедно, на 15 јули избираме број три, бидејќи можеме и повеќе и подобро, рече Спасовски..

Драма на перон: Сакала да влезе во воз во движење, но се сопнала (ВИДЕО)

Немил настан се случил на 17 април во аргентинскиот град Морено, а чудо е што е избегната трагедија.

На социјалните мрежи е објавено видео од неименувана девојка која се обидува да се качи на воз во движење, но работите тргнаа наопаку.

На видеото го гледаме како се обидува да фати воз, очајно сакајќи да влезе внатре, но се сопнува и паѓа меѓу композицијата и перонот.

Еден од патниците и обезбедувањето веднаш дотрчале кај несреќната жена која останала да лежи покрај пругите. На почетокот не е јасно дали преживеала.

Кога сфатиле дека сè уште дише, повикале помош и била пренесена во болницата „Де Ла Вега“, јавува Лакале Блу радио.

Лекарите ѝ ги санирале повредите, па била згрижена.

ВМРО-ДПМНЕ : Силјановска Давкова со 44,56% , Пендаровски 18,36% од гласовите

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, НА 10 % обработени податови , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 23.644 гласа или 44,56%.

На второ место е Стево Пендаровски со 9740 гласа, односно 18,36 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 7473 гласа или 14,08% , Максим Димитриевски 3687 гласа или 6,95% , Арбен Таравари 5010 гласа или 9,44% , Билјана Ванковска 2026 гласа или 3,82 % и Сревчо Јакимовски 366 или 0,69%.

Феенорд ја одби првата понуда на Ливерпул за Слот

Ливерпул не ја прекинува потрагата по наследникот на Јирген Клоп. Во текот на изминатите неколку дена, се појави информација дека напаѓачот на Феенорд, Арне Слот моментално е на врвот на потесниот круг на „црвените“. 

Англискиот гигант веќе стапил во контакт со своите колеги во Холандија. Ливерпул чекаа до финалето на Купот на земјата, кое го освои тимот од Ротердам, а потоа почнаа официјални преговори.

Сепак, првата понуда на Ливерпул за Слот беше одбиена од Феенорд, тврди „Атлетик“. Тимот понудил 9 милиони евра за раскинување на договорот со менаџерот. Холанѓаните одлучија дека оваа сума не е доволна за да го ослободат.

Иако се во преговори за Слот, Ливерпул се уште разговара за други опции за иден тренер.

Минатата кампања, Слот го предводеше тимот од Ротердам до нивната втора титула во Холандија во последните 20 години. Претходната година, Феенорд стигна до финалето на Конференциската лига, каде што загуби од Рома. Тренерот е на чело на Феенорд од 2021 година.

Клубот нема желба да се раздели со него, но тој е ентузијастички настроен да го преземе Ливерпул. /MIA

притисни ентер