Спасовски: Избори мора да има

Веќе нема потреба од вонредна состојба, и избори мора да има за да се вратат сите институции во полн капацитет затоа што ќе мораме да се справуваме и со пандемијата и со економската криза, изјави денеска во Струмица премиерот Оливер Спасовски.

-Во моменти кога не може да се договарат политичките лидери настапуваат институциите на државата. Веќе нема причина за нова вонредна состојба во државата, уредбата предидвидува дека 22 дена по завршувањето на вонредната состојба треба да се одржат изборите. Сите политички субјекти ги повикувам да излезат на политичкиот мегдан и да ги соочат своите концепти за иднината на државата и на основа на тие концепти да побараат поддршка од граѓаните. Македонија има потреба итно да се вратат сите институции во полн капацитет и Собранието и нова политичка влада и сите институции затоа што ќе мораме да се справуваме и со пандемијата и со економската криза, меѓутоа имаме и многу проекти кои што треба да продолжат да се градат како капитални инвестиции. Така што, избори мора да има во државата, рече премиерот Спасовски, кој присуствуваше на увидот на завршните работи на новото болничко крило на струмичката болница заедно со министерот за зравство Венко Филипче и лидерот на СДСМ,Зоран Заев.

Бајден вети дополнителни сто милин долари помош за Либан

Една година по катастрофалната експлозија во пристаништето во Бејрут, претседателот на САД, Џозеф Бајден, денеска вети дополнителна финансиска помош за Либан од речиси 100 милиони долари.

Катастрофалната експлозија во градското пристаниште целосно го опустоши главниот град на Либан, и оттогаш целата земја е во сериозни економски тешкотии, дополнително отежнато од пандемијата на корона вирусот.

Незадоволството и гневот во либанската јавност расте во изминатата година поради доцнењето на истрагата за катастрофалната експлозија, поради сериозната економска криза и инертноста на политичките структури.

Драган Ковачки утре гостин во „Жешко Политичко Лето“

Утре 5.8.2021 во емисијата Жешко Политичко Лето гостин ќе биде полковникот и член на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. 

Доколку имате прашања до нашиот гостин испратете ги најдоцна утре 5.8.2021, но не подоцна од 13 часот, на e-mail адреса [email protected] Ве молиме доколку сте од политичка партија праќајте од вашите официјални e-mail адреси, а доколку сте граѓани, пишувајте ни од вашата e-mail адреса и задолжително прикачете и ваша фотографија, во спротивно прашањето нема да го објавиме. #ЖПЛ.

Драматична ситуација со пожарите во Пијанечко-малешевскиот регион

Драматична е ситуацијата во Пијанечко-малешевскиот регион каде во текот на целиот ден не стивнуваат пожарите...

Има информации дека зафатени се куќи, а дел од населението во селата е евакуирано.

Во гаснењето на пожарот требаше да учествуваат и пет хеликоптери, но тие се повлечени поради топлото време.

На терен го имаме Михаил Милиошевски,

притисни ентер