Спасовски и Илиевски на средба со чевлари од Куманово:Во недела број 12 за европски ИПА фондови

Денеска, Оливер Илиевски, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, заедно со потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски и поранешниот градоначалник на Куманово Слободан Ковачевски, остварија средба со претставници на чевларската индустрија,

На средбата заеднички се согласија дека општината може да помогне многу повеќе во зачувувањето и развојот на овој занает.

Илиевски потенцираше дека го нуди најдоброто решение за нивните проблеми и приоритети, коишто се тесно поврзани со растот и развојот на оваа бранша, како што се гасификација, осветлување и асфалтирање на Индустриска, поврзување на Тромеѓа и Рајкова Куќа со асфалтен пат и изработка на ДУП, како и имплементирање на ИПА програмата за развој на чевларска индустрија.

“Со поддршка од страна на општината да обезбедиме подобри услови за работа на чевларите, со цел унапредување на квалитетот на производите. Со гасификација на индустриската зона ќе ги намалиме трошоците на компаниите, со што истите ќе бидат поконкурентни и на меѓународниот пазар, со што ќе се придонесе и кон унапредување на локалниот економски развој.”

Илиевски информираше дека само преку аплицирање на проекти може да го подигнеме стандардот во Куманово. Тој потенцираше дека проектите финансирани од европските ИПА фондови ќе бидат од исклучително значење за развој на индустријата, односно за модернизација на капацитетите на компаниите, со што ќе преминеме кон високо технолошка економија.

„Општината ќе спроведува едукативни семинари за аплицирање и управување со проекти од ИПА програмата за развој на чевларската индустрија, за да чевларите како крајни корисници ќе имаат можности да создадат нов кумановски бренд со кој ќе го вратиме престижот на занаетот во градот”, заврши Илиевски, се наведува во партиското соопштение.

На Британец му извадиле бубрези, тешки рекордни 35 килограми: Можам да дишам (ВИДЕО)

Ворен Хигс, 54, од Виндзор, Велика Британија, страда од полицистична бубрежна болест.

Тоа е наследна болест која предизвикува раст на цисти во бубрезите и може да доведе до откажување на бубрезите. Зафаќа едно лице од 1.000 и нема лек.Хигс бил опериран пред неколку месеци, а хирурзите велат дека неговите бубрези биле рекордно големи.

Имено, тежеле вкупно 35 килограми, а хирурзите му ги отстраниле двата бубрега.Се верувало дека стариот рекорд изнесувал 7,4 килограми, а тој бубрег е изваден од пациент во Индија.

Хигс се вратил во релативно нормален живот три месеци по операцијата и вели дека се чувствува многу подобро.

„Можам да дишам, можам да јадам“, вели тој, но сепак се бори со рамнотежата.

Сепак, тој редовно оди во теретана и тренира и планира да истрча 10 милји дневно.

Во Романија нема места на ооделите за интензивна нега, пациентите лежат на душеци на подот

Рекорден број на нови смртни случаи од коронавирус денеска се регистрирани во Романија, а болничкиот систем достигнал точка што нема повеќе слободни кревети на одделите за интензивна нега.

Во последните 24 часа, пријавени се повеќе од 18.800 нови инфекции со „Ковид-19“, а 574 луѓе починале. Романија е втората земја во Европа со најниска стапка на вакцинација, пишува Ројтерс.

Видеата од болниците во Букурешт покажуваат пациенти како лежат на душеци на подот или држат резервоари за кислород на преполните клупи во ходниците. Мртовечниците работат со полн капацитет.

"Нема доволно простор за сите случаи. Ако стапката на вакцинација беше 70 до 80%, сега ќе имавме десет пати помалку смртни случаи", рече Клаудио Русу, доктор во единицата за интензивна нега.

Во Романија, само 36% од возрасната популација е целосно вакцинирана, а просекот на Европската унија е 74%. Досега во октомври, едно лице на секои пет минути починува во земјата од последиците од инфекција со ковид.

Условите за избор на Мис на Франција ги шокираа кандидатките, подготвија тужба

Француските активистки за правата на жените поднесоа тужба против организаторите на изборот Мис Франција за дискриминација, пренесува порталот Франс инфо.

Групата Osez le féminisme (Осмели се за феминизмот) со три одбиени кандидатки ја обвинија Мис Франција и Ендемол за дискриминација на работа. Тие тврдат дека е неприфатливо условот за избор да е висината над 170 сантиметри, кандидатките да не се во брак и да се „претставнички на убавината“.

„Според францускиот закон, забранет е секаков вид дискриминација врз основа на возраста, моралот, физичкиот изглед и семејниот статус“, изјавила за АФП Виолан Де Филипис-Абате, адвокат на групата „Осез ле феминисме“.

Но, прашање е дали француските натпреварувачки можат да се третираат како вработени. Имено, тие потпишуваат договор, но тоа не е договор за вработување. Француските медиуми пишуваат дека тужителите сега се повикуваат на судската одлука од 2013 година, кога поранешниот кандидат за г -дин Франција ги тужел организаторите од слични причини.

притисни ентер