Спасовски: Холокаустот врз Ромите е еден од најголемите порази на човештвото

Холокаустот врз Ромите не смее да остане заборавен  како што го нарекуват заборавениот холокауст, 

Наша политичка и морална должност е да ја сочуваме вистината за холокаустот и неговите жртви, Евреи, Роми, Словени и сите други народи никогаш да не бидат заборавени. да ја сочуваме вистината за холокаустот и неговите жртви, истакна претседателот на Владата Оливер Спасовски на Комеморацијата по повод сеќавањето на жртвите од геноцидот на Ромите во рамки на Втората светска војна – 2 Август. што се одржа на платото пред Музејот на холокаустот на Евреите од Македонија.

-Со овој настан денеска одбележуваме еден од најтрагичните настани и процеси во историјата на човештвото, холокаустот што за време на Втората светска војна бил извршен врз Ромите и Синтите како дел од најмрачната замисла за тн.конечно решение на нацистичката и фаштистичка закана врз слободниот свет во тој период. Ова е ден кога се сеќаваме дека меѓу 1933 и 1945 година нацистите кои со нивните соработници убиле стотици илјади Роми, мажи, жени и деца во деловите од Европа кои биле под фашистичка окупација. Ромите во Европа биле мета на прогон од страна на нацистите , а масовните убиства го достигнале врвот во период од 31 јули до 2 август 1944 година кога Германците ја почнале ликвидацијата во Аушвиц… кога само во овој камп на смртта биле убиени речиси 3.000 Роми. Ова е еден од најголемите порази на човештовто во историјата и затоа холокаустот врз Ромите не смее да остане заборавен како што го нарекуват заборавениот холокауст, рече Спасовски.

Затоа, додаде тој, на овој ден им оддаваме почит и на сите активисти и истражувачи кои се дел од поширокото движење за правата на Ромите и се залагаат за признавање на овој геноцид.

-Од огромно значење е што во 1982 мгодина германските власти официјално ги признаваат кривичните дела против Ромите во текот на Втората светска војна, а 30 години подоцна канцеларката Ангела Меркел го отвора спомен обележјето посветено на геноцидот врз Ромите во Берлин. На 8 април 2015 година ЕП усвои резолуција со која 2 Август е прогласен за Европски ден за сеќавањето на холокаустот врз Ромите со цел чествување на жртвите од геноцидот врз Ромите од Втората светска војна, посочи Спасовски.

Според него, непризнавањето на криминалот кој се случил тогаш се одразува врз долгорочната дискриминација на ромското население во Европа.Соодветното признавање на третманот на Ромите во минатото е од суштинско значење не само за да се обезбеди правда и достоинство на оние кои умреле туку, вели, и за соочување со антиромскиот говор и негово трајно отстранување. Активностите на Владата на Северна Македонија покрај политиките на планот на сеќавањето , образованието и истражувањето на холокаустот вклуичуваат и мерки во борба против атисемитизмот, против негирањето и против обидите за искривено толкување на холокаустот дискриминацијата, говорот на омраза расизмот и другите форми на кршење на човековите права.

-Нашата политичка и морална должност е да ја сочуваме вистината за холокаустот и неговите жртви, Евреи , Роми, Словени и сите други народи никогаш да не бидат заборавени. Оттука е и нашата трајна определба никогаш да не ги заборавиме сите жртви на холокаустот, но и жртвите на останатите геноциди .да го негуваме и пренесуваме од генерација на генерација споменот на нив,да ги учиме младите генерации за она што се случи со цел никогаш никаде и никому да не се повтори.

Музафер Бајрам министер без ресор задолжен за спроведување на Стратегијата за поодбрување на состојбата на Ромите, на денешното четврто по ред одбележување на геоцидот над Ромите истакна дека во овој погром што се случи во Втората светска војна уништена е и една третина од нивното национално ткиво.

-Ние сме, бевме и ќе останеме мирољубив народ. Сите земји каде што живееме се наши татковини, а особено важи за нашата татковина Република Северна Македонија. Тука максимално поддржани од Владата се наоѓаме во концептот едно општетство за сите-концепт во кој нема место за дискриминација по ниедна основа, а најмалку по етничка. Правата и слободите во оваа наша заедничка држава треба и мора да бидат еднакви и еднакво достапни за сите…Верувам во оваа Влада, во силите на доброто, но повторно и повторно од ова симболично место – никогаш повеќе зло, никогаш повеќе холокауст, никогаш, порача министерот Бајрам.

Директорот на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија Горан Садикарио истакна дека во светската и европска историја многу малку внимание е посветено на геноцидот над Ромите и Синтите и досега речиси и воопшто да не бил истражуван. Тој мора да биде дел од историскиоит наратив, колективната меморија и свест на сите европски нациина, а клучна, е рече, едукацијата на помладите генерации за да ја научат и знаат оваа трагедија.

-Меѓународната алијанса за сеќавње на холокаусот ИХРАМ издаде препораки за предавање и учење на холокаустот кои се преведени на македонски, албански, српски и турски јазик. Се надевам дека овие препораки во најбрз можен рок ќе бидат преведени на ромски јазик, како и на сите јазици на останатите заедници кои живеат во РСМ, рече Садикарио.

Церемонијата започна со едноминутно молчење во чест на жртвите Роми од холокаустот, а заврши со симболично пуштање црни балони./MИА

Бајден со помош на Обама и Клинтон собра рекордни 25 милиони долари за својата кампања

 Кампањата за собирање средства за американскиот претседател Џо Бајден со поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон генерира над 25 милиони долари, најголема собрана сума досега во историјата на САД.

Бајден синолќа со Обама и Клинтон учествуваше во дискусија во познатата њујоршка „Радио сити мјузикл хол“, модерирана од водителот на „Лејт шоу“ (The Late Show) Стивен Колбер.

Но, настанот неколку пати беше прекинуван од демонстрантите во салата, кои скандираа против политиката на Бајден за поддршка на Израел во војната со Хамас. Еден од демонстрантите извика „Срам да ти е, Џо Бајден“. Тие исто така го прекинуваа и говорот на Обама.

Демонстрантите го прекинаа и настапот на музичарите Квин Латифа, Лизо, Бен Плат, Синтија Ериво и Леа Микеле.

Влезниците за вчерашниот предизборен митинг на Бајден чинеа од 250.000 и 500.000 долари. Дел од донаторите позираа со претседателите, а фотографиите ги направи славната фотографка Ени Лејбовиц. /МИА

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел, се откажав од надомест

Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки, вели Петровска.

Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста. Ова го објави предмалку министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејбук профил.

- Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки. Како што кажав и на почетокот во медиумите: "Пари од нечесник не сакам" и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест, напиша Петровска.

На ФБ министерката за одбрана напиша дека секој го прави тоа што најдобро го знае, „тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“.

Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор

Американското Министерство за транспорт денеска и додели 60 милиони долари на сојузната држава Мериленд за помош по уривањето на мостот Френсис Скот Ки откако во него удри товарен брод.

Гувернерот на Мериленд Вес Мур претходно побара средства за помош во „мобилизацијата, операциите и отстранувањето на отпадот“.

Мур додаде дека овие средства ќе ги постават темелите за брзо закрепнување.

Инаку, по уривањето неколку работници паднаа во водите на реката Патапско. Телата на двајца мажи, на возраст од 35 и 26 години, беа пронајдени во средата, на 7,6 метри под вода во реката Патапско.

Жртвите паднале од височина од 50 метри во водата, која била околу -1 Целзиусов степен во моментот на падот, изјави портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт.

Несреќата се случи во вторникот откако товарниот брод „Дали“ удри во еден од столбовите на мостот. /МИА

притисни ентер