Спасовски: Ги рушиме стереотипите дека е типично машка професија

Ги рушиме стереотипите дека е типично машка професија, САЕ Тигар и ЕБР се синоним за професионалност.

Кога ќе одиме дома сме мајки и сопруги, кога ќе одиме на работа сме тоа што сме. Ги рушиме стереотипите дека е типично машка професија. Без разлика на полот, САЕ Тигар и ЕБР се синоним за професионалност, за максимална храброст и подготвена да се спротивстави на каков и да е предизвик, без разлика на пол, со кој е доведена во прашање безбедноста на земјата и граѓаните.

Ова го објави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

– Девојки, мајки, сопруги и професионалки има и во Единицата за брзо распоредување – мотото Секогаш и Секаде важи за сите подеднакво! Формирана во 2001 година, ЕБР не препознава родова, туку само професионална припадност, напиша Спасовски.

Денеска, објави министерот за внатрешни работи, специјалните единици се синоним за обученост според највисоки стандарди кои ги налага борбата против тероризмот и криминалот.

Специјалната антитерористичка единица Тигар е формирана во рамки на МВР во 1981 година. Пред 15 години ја доби првата припадничка. Условите за престој и работа на припадничките, пишува на фејсбук Спасовски, се прилагодени на нивните потреби и досега немало случаи на дискриминација.

Влада: Произведени 21.229 MWh електрична енергија

21.229 MWh електрична енергија, целосно се задоволени потребите на домаќинствата и дополнителните снабдувања.

АД ЕСМ на 29.01.2023 година произведe 21.229 MWh електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти, соопшти владината прес-служба.

Во Термоелектраните произведени се 14.085 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 7.144 MWh.

Магла има на патниот правец Лисец – Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост до 30 метри поради магла има на патниот правец Лисец – Попова Шапка.

Како што информира АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Блинкен рече дека во врска со Иран, сите опции се на маса

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека сите опции се на маса за да се спречи Иран да добие нуклеарно оружје.

Блинкен за Ал Арабија истакна дека Иран го отфрлил сегашниот предлог за враќање на нуклеарниот договор, додавајќи дека Вашингтон сè уште верува дека дипломатијата е најефективниот начин за решавање на иранското нуклеарно прашање.

Шефот на американската дипломатија, пред да замине од Каиро за Ерусалим, рече дека САД го поддржуваат иранскиот народ, како и дека одлуката за „промена на режимот“ е исклучиво на граѓаните на таа земја.

– Иранскиот режим го убедува народот дека САД сакаат промена на режимот … Вашингтон со санкции ги казни сите одговорни за репресијата во Иран, рече Блинкен.

Тој нагласи и дека Иран ја поддржува Русија во војната против Украина и оти Техеран испраќа дронови и друго оружје во Москва.

притисни ентер