Спасовски: Домашната платежна картичка ќе ја добијат 324.479 граѓани

Домашната платежна картичка „Купувам домашно" ќе ја добијат 324.479 граѓани.

28 милиони евра пари за граѓаните, наменети за купување домашни производи и услуги за рестартирање на македонската економија, напиша премиерот Оливер Спасовски на Фејсбук.

Корисниците, како што наведува, ќе ја добијат платежната картичка едноставно и без постапки за аплицирање. Тие ќе добијат Домашна платежна картичка препознатлива со слоган „Купувам домашно" која ќе ја издаваат банките, на која ќе се наоѓаат средствата и која ќе можат да ја користат. Листата на граѓани на кои им следи финансиска поддршка e објавена на страната www.kupuvamdomasno.gov.mk. Со внесување на својот ЕМБГ секој граѓанин ќе може да го провери износот кој му следи и да добие информација за банката издавач која ќе му ја издаде картичката. Банките ќе ја доставуваат картичката до адресата на корисникот на финансиска поддршка, или лицето ќе може да ја подигне во банка. Банките оваа информација ќе ја објават на својата веб-страна и ќе исконтактираат во јавност.

-Корисници на Домашната платежна картичка се граѓани со низок доход, односно 115.927 лица – приматели на социјална помош и невработени евидентирани како активни баратели на работа во АВРСМ до 22 мај 2020, кои оствариле нето-доход до 180.000 ден во 2019 и нето-доход до 60.000 денари во период јануари-април 2020 согласно евиденцијата на УЈП. Овие лица еднократно ќе добијат 9.000 денари на платежната картичка.

Корисници се и вработени со низок доход кои се 117.144 лица и тие ќе добијат 3.000 денари еднократно. Ова се лица кои се во работен однос и кои за периодот јануари- април 2020 година оствариле доход само по основ на плата и надоместоци на плата во нето-износ не поголем од 60.000 денари на ниво на полно работно време, според евиденцијата на УЈП. Тие ќе добијат и ваучер за домашен туризам од 6.000 денари преку мерката за јакнење на домашниот туризам на Министерство за економија.

Домашна картичка добиваат млади лица чиј број изнесува 87.014 кои ќе добијат еднократно 3.000 денари. Станува збор за лица со наполнети 16 години и не постари од 29 години заклучно со 22 мај 2020 година, активни учесници во државното формално средно образование и високото додипломско образование.

Домашна картичка ќе добијат и 4394 здравствени работници ангажирани во справување со КОВИД-19, кои ќе добијат 40 отсто од последната основна нето-плата. Станува збор за вработени во ЈЗУ, Клиника за инфективни болести, Институт за јавно здравје, Центри за јавно здравје, Итна помош, инфективните одделенија и вработени во други одделенија ангажирани за тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од КОВИД-19, стои во објавата на премиерот.

Како што додава домашната платежна картичка е дел од третиот сет економски мерки кои имаат за цел да ја заживеат економијата во фазата на нејзино постепено реотварање и креирање на нова развојна македонска економија.

Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите

Полскиот државјанин Павел К. е уапсен под сомнение дека учествувал во подготовката на атентат врз украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој е лишен од слобода во Полска по обвинението дека бил подготвен да му помогне на руското воено разузнавање во заговорот за убиство на Зеленски, објави полското обвинителство.

Павел К., наводно, побарал контакт со Русите вклучени во војната во Украина, наведувајќи дека ќе пренесе детални информации од аеродромот Ржесов-Јасионка, кој се наоѓа во близина на границата со Украина.

Доколку биде прогласен за виновен, може да биде осуден на осум години затвор. /МИА

Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски планира да побара дополнителна воена поддршка за одбрана од Русија на денешниот вонреден состанок со министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, јави ДПА.

На состанокот на Советот НАТО-Украина, организиран како видео-конференција, се очекува да стане збор за прашања во врска со тоа дали сојузниците наскоро ќе можат да и предадат дополнителни системи за противвоздушна одбрана на земјата.

Според Зеленски, на вооружените сили на Украина им треба дополнително оружје, артилериски гранати, возила и беспилотни летала.

„Украина во моментов е загрижена дали може да го задржи фронтот и да ја заштити својата енергетска инфраструктура“, рече Зеленски.

Во последните недели Русија го засили воениот притисок врз Украина и со воздушни напади ги уништи речиси сите нејзини електрани.

Според информациите дадени од Зеленски на почетокот на април, за одбраната на воздушниот простор на Украина ќе бидат потребни или 25 системи за воздушна одбрана „Патриот“ или еквивалентна опрема.

Германската Влада веќе објави во текот на викендот дека на Украина ќе и обезбеди дополнителен систем „Патриот“. Се очекува помош и од други земји, како што е Шпанија. /МИА

Германските тимови повторија достигнување старо речиси 30 години

По натпреварите во текот на неделата, Бундеслигата сега има дури три екипи кои се полуфиналисти на европските клупски турнири. 

Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен стигнаа до претпоследната фаза од двете главни натпреварувања - Лигата на шампионите и Лигата на Европа, а три германски тима не стигнале во оваа фаза речиси 30 години.

Ова последен пат се случи во сезоната 1994/1995 година. А што е уште поинтересно е тоа што тогаш токму истите екипи стигнуваат до полуфинале.

Баерн тогаш стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите, каде загуби од холандскиот гигант Ајакс по 0:0 во Минхен и 2:5 во реваншот. Во тогашниот Куп на УЕФА учествуваа Борусија Дортмунд и Леверкузен, а двата тима се сретнаа со италијански противници. „Жолто-црните“ загубија од Јувентус по 2:2 во првиот меч во Германија и 2:1 за „бјанконерите“ во реваншот. Леверкузен, пак, е елиминиран по двата порази од идниот освојувач на трофејот Парма - 1:2 и 0:3.

Германските екипи сега ќе сакаат да избегнат слично сценарио и ќе се надеваат на добар настап.

Германија ги има сите шанси да обезбеди петти тим во Лигата на шампионите, а на бундеслигашите им требаат две победи или реми и две нерешени во претстојните полуфинални натпревари.

Англија, пак, ќе се потпре на победата на Астон Вила на сите свои натпревари за да обезбеди дополнителен тим во најпрестижниот европски клуб, а по синоќа, Италија веќе го постигна тоа. /МИА

притисни ентер