Спасовски: Добредојде за Генералниот секретар на НАТО Алијансата Јенс Столтенберг

Добредојде за Генералниот секретар на НАТО Алијансата Јенс Столтенберг, кој е во прва посета на Република Македонија откако земјата стана полноправна членка на најмоќниот воено-политички сојуз во светот.

Билатералната средба со Столтенберг е уште една потврда за повеќедимензионалните придобивки од членството во НАТО - ја делиме масата за одлучување заедно со најнапредните земји во светот и заеднички го чуваме светскиот мир на безмалку една милијарда луѓе кои ги живеат воспоставените демократски вредности на цивилизираниот свет.

Особено сум горд што донесовме вистински одлуки во вистинско време, што токму за време на Владата со која раководев во 2020 година, беше постигнат националниот консензус/одлука за членство во Алијансата, пробивајќи ги партиските и друг тип на бариери.

Искрена благодарност до сите коишто ја поддржаa евроатлантската визија на нашата држава. Во време на глобални ризици и закани испорачувањето на безбедност мора да биде заедничка одговорност, a обединетоста на НАТО и визијата за сојузништво, се клучот за конечни светски безбедност и мир, напиша на својот профил на фејсбук, првиот човек на макеоднското МВР, Оливер Спасовски.

Девет пожари се уште се активни низ Македонија–најсериозно и натаму е на планината Серта

Продолжува борбата со пожарите во Македонија. На територијата на државата активни се уште девет пожари, а најсериозно и натаму е на планината Серта, каде беа насочени и два ер трактори.

Изминативе денови се гаснеше и со хеликоптери од земјите од регионот откако владата побара помош. Но, во моментов дејствуваат само македонски летала, односно двата ер-трактори на дирекцијата за заштита и спасување, два хеликоптери на МВР, како и два хеликоптери на армијата

Трамп донираше пари за кампањата на Харис во 2014 година

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп донираше 5.000 долари за кампањата за реизбор на Камала Харис за државен обвинител на Калифорнија во 2014 година, објави демократскиот конгресмен од Флорида, Џаред Московиц.

Тој објави фотографија од чекот за донација на Трамп за Харис нарекувајќи ја „мудра инвестиција“.

Американскиот претседател Џозеф Бајден претходно објави дека се повлекува од трката за реизбор и ja поддржа Харис да биде претседателски кандидат на Демократската партија.

Приведен велешанец поради предизвикување пожар

Велешанец е приведен под сомнение дека предизвикал пожар кај депонијата што се наоѓа на патот од село Горно Оризари кон село Клуковец.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека како дел од оперативната акција „Пожар 2024“, по добиена пријава на телефонскиот број 112 дека непознати лица ја палат депонијата, преземени се мерки од страна на полициски службеници при што е затекнато луице од селото Горно Оризари како пали две седишта од автомобил, а во непосредна близина е опожарена сува трева.

- По насоки на јавен обвинител, лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот, од страна на СВР Велес ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „предизвикување општа опасност , се наведува во соопштението.

Од МВР апелираат до граѓаните да бидат исклучително внимателни кога се движат во природа.. Во земјава е прогласена кризна состојба во траење од 30 дена, а воведена е и забрана за движење во шуми.

притисни ентер