Спасовски: Да се практикува делото на Свети Сава значи да се гради заедништво

Министерот за внатрешни работи, кој вечерва присуствуваше на Свечената академија по повод одбележување на Денот на Свети Сава, упати честитки за националниот ден на српската заедница.

-На сите граѓани од српската заедница во Македонија им упатувам искрени честитки по повод нивниот Национален ден, под духовно покровителство на една од најсветите личности во историјата на српскиот народ – Свети Сава. Тој е првиот српски архиепископ, со богата духовна, просветителска и дипломатска дејност, воден од максимата дека сите луѓе на светот се браќа, објави Спасовски на Фејсбук.

Тој вели да се практикува делото на овој православен светец, Свети Сава, значи да се гради заедништво, да се обединува таму каде што има поделба.

-Политиките на оваа Влада се во насока на промоција и афирмација на културните традиции на Србите во Македонија. Во мое Куманово, српскиот јазик е службен јазик, како и во Општина Старо Нагоричане. Во нашето граѓанско општество во континуитет се афирмирани вредностите на меѓусебна почит, солидарност и соработка помеѓу сите етнички заедници, а српската заедница го дава подеднакво својот придонес во сите сфери од општественото живеење, унапредувајќи го мултикултурализмот и соживотот во нашите граници, но и потврдувајќи ги добрососедските односи со пријателска Србија, додава Спасовски на Фејсбук.

Тргнала да истражува пукнатина во карпа, а потоа одеднаш исчезнала (видео)

Луѓето со страв и неверување гледаат каде завршила оваа жена! 

Необичните адреналински авантури во последно време стануваат сè повеќе популарни.

Многумина од нас се подготвени да се испробаат во многу активности за да ја тестираат сопствената издржливост, форма и пред сè сопствената бестрашност. Додека некои се занимаваат со спортски вештини и акробации за кои е потребна исклучителна физичка подготвеност, некои се одлучуваат за екстремни спортови, алпинизам и слично.

На социјалната мрежа Tикток се појави видео на кое е прикажана млада жена која, како дел од екстремните спортови, се занимава со вовлекување во пукнатини и дупки на карпи. Додека повеќето добро би размислиле дали да се впуштат во таква авантура или не, или би побарале посебни услови што би им гарантирале некаква безбедност, оваа жена не го сторила тоа. Исклучително храбра и бестрашна, таа се осмелила да ѕирне во внатрешноста на голема карпа, на чија површина има пукнатина.

Таа вешто се спушта внатре, додека кацигата ѝ ѕирка над земјата. Меѓутоа, членовите на нејзиниот тим прво ѝ ја вадат кацигата за таа да може непречено да влезе во пукнатината на карпата, а потоа и ја подаваат за да биде побезбедна за време на нејзината експедиција. Колку што може да се види од површината, дупката е длабока, но е затрупана со камења и затоа местото е небезбедно, бидејќи во случај на одрон, би можела да се случи голема несреќа. За среќа, жената со насмевка излегува од дупката, додека нејзините колеги и пријатели воодушевено го надгледуваат нејзиниот подвиг.

Клаустофобите признале дека не би се шегувале со вакви ситуации и дека не можат ни да ја замислат ситуацијата во која се впуштила оваа жена.

- Како излезе од таму?

-Зарем не се сеќавате на момчето што се заглави и умре?

- Мојата клаустрофобија.

- Би испаничила ако блузата ми се закачи на лицето.

- Зошто некој си го ризикува животот? Ова за мене нема смисла – коментираат дел од корисниците на мрежата.

Меѓу коментаторите, некои изјавиле дека никаква парична сатисфакција не би ги натерала на ваква авантура. Други прашале дали постои некаков спасувачки тим и дали жената е безбедна. Подобро упатените во ваквите екстремни спортови одговориле дека има доброволци кои ги придружуваат авантуристите во нивните потфати, а за понапорни истражувања и влез во пукнатини и дупки ги придружуваат и пожарникари.

Сепак, мнозинството корисници се согласи дека не треба да се биде толку сигурен бидејќи безбедноста никој не ја гарантира и дека паниката би го направила своето дури и кај оние кои себеси се сметаат за бестрашни.

@unilad I feel claustrophobic just watching! 🤢 🎥 @bonniemaelyons #unilad #fyp #foryou #foryoupage #hole #holes #tighthole #claustrophobia #claustrophobic #climbing #adventure ♬ Suspenseful and tense orchestra(1318015) - SoLaTiDo

Видео: На Северина и долета штикла на бината, ја потшиша и ја врати

Северина минатата недела настапи во Минхен, а на Инстаграм објави неколку снимки од концертот.

Додека таа ја пееше песната „Моја штикла“, една обожавателка и ја фрли својата штикла на бината. Северина го фати чевелот и го потпиша.

„Ти благодарам драга Северина што ја потпиша штиклата“, објави обожувателката под видеото објавено на Инстаграм.

Извор: Индекс.хр

УНРВА го обвинува Израел дека мачел нејзини вработени за да ги признаат своите врски со Хамас

Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) денеска го обвини Израел за приведување и тортура на некои нејзини вработени со цел лажно да признаат дека имале врски со Хамас.

Тие им се довериле на тимовите на УНРВА дека биле испрашувани за односите меѓу агенцијата и Хамас и нивната вмешаност во нападите врз Израел на 7 октомври и дека биле мачени и малтретирани за да признаат, изјави портпаролката Џулиет Тума.

Израел обвини најмалку 12 вработени во УНРВА за вмешаност во терористичките напади на 7 октомври и тврди дека 12 отсто од околу 13.000 вработени во агенцијата се членови на Хамас или други палестински екстремистички организации.

Израелските власти соопштија дека собрале некои информации за 12-те вработени вклучени во нападите од телефонски повици и други извори.

УНРВА отпушти десет од 12-те обвинети, а двајца веќе не се живи, јави Си-Ен-Ен, кој не може да ги потврди наводите.

Портпаролката рече дека лажните признанија дадени за време на тортурата биле користени за дополнително ширење на дезинформации за агенцијата како дел од обидот да се уништи.

Таа не ги поврза тие признанија со обвиненијата против 12 вработени осомничени за вмешаност во нападите во Израел на првиот ден од војната.

Наводите се дел од извештајот на УНРВА, кој допрва треба да биде објавен, во кој се тврди дека има широко распространето физичко и психичко малтретирање на Палестинците приведени за време на војната, вклучително и 21 член на персоналот од кои некои биле тепани, а на други им се заканувале.

Необјавениот извештај во кој Си-Ен-Ен имал увид, главно се заснова на сведочења на жители на Газа, приведени во израелските затвори и воени бази, а потоа ослободени преку граничниот премин Керем Шалом меѓу средината на декември и средината на февруари.

Во моментот кога беа обелоденети информациите од извештајот, агенцијата сè уште не одлучила дали ќе го објави.

Уапсените цитирани во извештајот велат дека биле тепани, спречени да спијат, сексуално злоставувани и им се заканувале со сексуално насилство и врз жените и врз мажите.

Некои затвореници починале од такво злоставување, велат поранешни затвореници.

Израелската армија не одговори веднаш на наводите за тортура и приведување на вработени во агенцијата, но рече дека малтретирањето за време на притворот или истрагата ги нарушува вредностите на ИДФ (Израелските одбранбени сили) и е спротивно на наредбите и затоа е апсолутно забрането.

Исто така, се вели дека воената полиција истражува смрт на затвореникот.

Војската категорично ги негираше наводите за сексуална злоупотреба на затворениците и ги нарече „циничен“ обид да се изедначат со „систематското силување што го користел Хамас како оружје за време на нападите на 7 октомври“. /МИА

притисни ентер