Спасовски: Автобусот на „Беса транс" бил технички исправен и со важност на регистрација до 2022

Автобусот на „Беса транс" во 2020 година во 22 случаја има остварено влез – излез од државата, додека во 2021 година има 113 преминувања на државната граница. 

Овој автобус првпат е регистриран во Скопје на 15.10.2020 година, во сопственост на БЕСА ТРАНС БТБ ДООЕЛ, последниот технички преглед е направен на 05.10.2021, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Како што истакна Спасовски попладнево на прес-конференција во Владата, согласно резултатот за измерени вредности од техничкиот преглед направен од страна на стручните лица во овластеното правно лице за вршење технички преглед на возила, нема отстапки кои укажуваат на неисправност на возилото и нема забелешки.

– Важноста на регистрацијата е до 13.10.2022, а возилото е произведено во 2007 година. Во 2020 година против „Беса Транс" се поднесени кривични пријави за четири утврдени неправилности околу непочитување на КОВИД-протоколите за превоз на патници, а во 2021 повторно четири исти неправилности, заокружени со Барање за поведување прекршочна постапка до надлежните судови.

Во однос на најновите информации кои стигнале до МВР од страна на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија при Медицинскиот факултет во Скопје, Спасовски информира дека е обезбеден биолошки материјал од роднини на 44 патници, а добиените ДНК профили се предадени во нашето обвинителство на државниот обвинител Јовески. Овој материјал ќе биде предаден на надлежните служби во Бугарија, кои ќе прават поврзувања (мечување) по роднински врски со пронајдените останки, а биолошки материјал за 45-тиот патник е обезбеден во Софија.

Министерот се осврна и деталите во врска со несреќата. Рече дека на 23 ноември 2021 година тим на МВР присуствувал на самото место на сообраќајната незгода која се случи на магистралниот пат А-3, делница Софија – Дупница во Република Бугарија.

– Во несреќата учествуваше автобус марка „Меrcedes Benz" со регистарски број SK 0284 BA, сопственост на правното лице „Беса транс" со седиште во село Рашче, Општина Сарај. Она што го дозна тимот на местото на несреќата е дека предметниот автобус, кој се движел на релација од Турција кон Македонија, на местото викано Кулата' на автопатот А3, удрил во банкината и еластичната ограда од десната страна која го раздвојува постојното одморалиште покрај автопатот, при што возачот изгубил контрола на возилото и притоа дошло до самозапалување на надворешниот дел од автобусот, а потоа и до удар во средишната разделна еластична одбојна ограда од автопатот при што настанало целосно опожарување на возилото, истакна Спасовски.

Со автобусот се превезувале 52 патника, а од настанатата сообраќајна незгода и пожарот настрадале 45 лица, (податок, истакна министерот, што го потврдило и Бугарското обвинителство), додека седум лица успеале да го напуштат автобусот и потоа биле пренесени во клиниката УМБАЛСМ „Пирогов" во Софија.

– Увидот на самото место го водел надлежен обвинител од Националната служба за истраги од Бугарија и лиценцирани вештаци ангажирани, исто така, од обвинителот, додека обезбедувањето на самото место на случената сообраќајна незгода се вршеше од страна на сообраќајна полиција од Националната полиција на Бугарија. Од страна на обвинителот нашиот тим беше запознат за преземените дејствија од нивна страна при вршењето на увидот и активностите при подигањето и документирањето на лицата кои настрадале во незгодата. Потоа, тимот во клиниката УМБАЛСМ „Н. И. Пирогов" во Софија, се информираше за здравствената состојба на повредените, при што изврши неформален разговор со едно лице со лесна клиничка слика, а од извршениот разговор тимот беше подетално запознаен со неговото видување за случувањето и текот на сообраќајната незгода, како и за преземените дејствија од негова страна кои овозможиле покрај него, од автобусот да се извлечат уште шест лица, рече Спасовски.

Според него, потребата за соработка што ја побарала бугарската страна, била повеќе околу обезбедување лични документи и останата документација.

– Би сакал да расчистам една дилема околу надлежностите. Полицијата прави контрола на документите кои лицата и возилата е потребно да ги имаат при преминување на државната граница, односно патни исправи и лични карти за патниците, а за возилата припадниците на МВР ги контролираат сообраќајната дозвола и зелениот картон. Одделот за гранични работи и миграции при БЈБ во МВР не е надлежно да ги проверува лиценците за превоз на автобусите на граничните премини. Тоа е во надлежност на Царинската управа и Државниот инспекторат за транспорт, подвлече Спасовски.

На прес-конференцијата во Владата се и министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој информираше за пренесувањето на повредените и на посмртните останки на настраданите, како и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Дневен хороскоп за 20. април 2024 година

Дневен хороскоп за сабота, 20. април 2024 година. 

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Оние кои се на удар на различни додворувачи , денеска ќе бидат малку под нивно влијание. Оние во врска ќе се чувствуваат добро.

Кариера

Зацртајте го минимумот што треба да го одработите и држете се до тоа. Се друго е добивка.

Здравје и совет

Дишите со полни гради.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Истражувањето на сопственото незадоволство не е начин да ги подобрите односите , ако притоа не понудите и некои конкретни решенија.

Кариера

Ќе ви треба добра доза на самоконтрола да се откажете од искушението за да напуштите некои деловни планови.

Здравје и совет

Поработете на себеси.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска ќе успеете да се издигнете над грижите и тагата што ве мачи. Тоа ќе биде позитивен чекор и олеснување.

Кариера

Се отвораат нови можности за соработка , но само ако постапувате професионално и одмерено .

Здравје и совет

Во добра форма сте.

Рак 22.6. -22.7.

Љубов

Ако сте во отуѓена и воинствена фаза со другата страна , денеска кон се че пристапите полежерно , а ќе постои и одредена блискост.

Кариера

Многумина денеска ќе мора да бидат услужливи кон своите соработници , но тоа нема да им биде тешко. Можна е мала здодевност на работното место.

Здравје и совет

Пад на имунитетот.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Некои ќе размислуваат за промени во односот со саканата личност , но подобро е ништо да не заклучуваат или да одлучуваат.

Кариера

Сега ви е веќе сосема јасно дека не ги држите сите конци во свои раце , но тоа не ве загрижува колку прашањето до кога ова ќе трае.

Здравје и совет

Бидете пореални.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Некои ќе се подготвуваат за голем говор во своите глави . Не го изразувајте се уште она што го мислите, но можете да го подготвите.

Кариера

Пред вас се нови можности , но за да се впуштите , ќе треба првин да решите една заостаната работа.

Здравје и совет

Никогаш не е готово.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе ве заинтригира една секојдневна ситуација , зашто во неа ќе видите голем љубовен потенцијал.

Кариера

Добро ќе соработувате со сите , а најдобро со помладите соработници или со деца. Тоа ќе ви биде уживање.

Здравје и совет

Можете да ги решите недоразбирањата.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Нема да се збуните , ако другата страна малку ве испровоцира. Напротив , тоа ќе го искористите уште повеќе да ја зацврстите врската.

Кариера

На некои ќе им изгледа како се да им е однапред зацртано , па немаат многу простор за маневрирање.

Здравје и совет

Не се откажувајте.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Се што имате , би сакале да споделите со другата страна , освен амлите семејсни недоразбирања и грижи што денеска се појавуваат.

Кариера

Веројатно ќе се најдете веднаш до значајни вложувачи во вашата работа , но работите нема да бидат дефинирани ниту готови.

Здравје и совет

Прошетајте на воздух.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашето главно двоумење денеска ќе биде дали да играте со отворени или со затворени карти. Во секој случај , бидете доследни.

Кариера

Можеби ќе ппсакате сите да ве остават на мир , за да го одработите со концентрација својот дел од работата. Ќе ви појде од рака.

Здравје и совет

Опуштете се во слободното време.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Весела дружба , провод и забава денеска ќе ви се мешаат со интуитивните видувања , со што лесно ќе читате меѓу редови.

Кариера

Веројатно ќе добиете меил , порака или повик во врска со еден деловен проблем , што не е мал , но сега може да се реши.

Здравје и совет

Можете малку да се опуштите.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Можен е повик на личност од вашето семејство , што ќе ги засени вашите љубовни случувања или ќе ве оддалечи накусо од партнерот.

Кариера

Ако имате проблем како да го сработите она што требате , сетете се на вашите стручни знаења и бргу ќе дојдете до решение.

Здравје и совет

Наспијте се.

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

притисни ентер