Спасов: Од 2006-тата година најниската пензија е покачена за 76 отсто

Од овој месец пензионерите земаат повисока пензија за 5%.

Согласно усогласувањето со трошоците за живот и одлуката на Владата, февруарските пензии што се исплаќаат овој месец ќе бидат зголемени, вели министерот за труд Диме Спасов. Од 2006 контунуирано се зголемуват сите категории на пензиите, најмногу за 76% е зголемена најниската пензија.


2006 2014 % зголемување

-просечна пензија 7.683 12.445 62 %

- најниска пензија 4.330 7.620 76 %

- највисока пензија 27.606 36.007 30 %

Засега нема ризик во пензискиот систем, вели Спасов иако за околу 8% е зголемен бројот на пензионери. Тие и понатаму редовно ќе ги добиваат пензиите. Во делот на социјалната помош, преку активните мерки за вработување се намалил бројот на социјални случаи кои добиваат парична помош а се зголемил износот на помош што го добиваат примателите. И тие од овој месец ќе добиваат повисока парична помош за 5%.

Како стимулативни мерки за вработување на социјалците, Спасов вели дека со оваа мерка работодавците ќе добиваат 80% од износ на помошта субвенција доколку вработат вакви лица или целосно ослободување од давачките за младите лица под 29 години.

Мичел би можел да го замени Гвардиола во Манчестер сити

Управата на сè уште актуелниот европски шампион и англиски првак, Манчестер сити се подготвува за заминување на Пеп Гвардиола од клубот.

Информацијата за можна разделба на „Граѓаните“ со шпанскиот фудбалски стручњак ја објавија некои англиски медиуми повикувајќи се на инсајдерот Хорхе Пикон.

Сегашниот договор на 53-тригодишниот Гвардиола е со важност до 2025 година.

Главен кандидат за замена на Гвардиола е Мичел, кој моментално е тренер на Жирона.

Сити оваа недела беше елиминиран од Реал Мадрид, губејќи на пенали во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Тимот е лидер на табелата во Премиер лигата.

Гвардиола е тренер на Манчестер сити од 2016 година. Под негово водство тимот одигра 464 натпревари, на кои беа извојувани 342 победи, а 57 натпревари завршија нерешено. /МИА

Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа

Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски воздушен напад врз куќа во градот Рафа на југот на Појасот Газа, соопштија денеска палестинските власти.

Рафа, во близина на границата со Египет, е прибежиште на повеќе од половина од 2,3 милиони жители на Газа, кои избегаа таму поради тековните борби на северот на палестинската енклава.

И покрај повиците од светот за воздржаност, вклучително и од САД, израелската Влада со недели најавува копнена офанзива на Рафа, каде, како што тврди, се кријат многу борци на палестинското движење Хамас, против кое Израел води војна од октомври. /МИА

Сејдини: Модерна и прогресивна федерација, тоа е целта за сите нас

 Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, на денешното редовното генерално Собрание на федерацијата изрази задоволство од тоа како функционираат работите, но нагласи дека има простор за напредок.

- Ова за нас, како раководство на Фудбалската федерација на Македонија не е нов почеток, но веројатно е еден од најкомплексните периоди од работата во федерацијата. Одново да им помогнеме на другите да ја видат Фудбалската федерација на Македонија на начин на кој што ја гледаме ние. Модерна и прогресивна.

Се сметам за посветена личност, а односот кон сите обврски во изминатата година даваат оцена и приказ за мојата работа, но и работата на целата федерација. Сметам дека многу работи во нашата Фудбалска федерација функционираат доста добро, но знам дека има и работи што можеме да ги подобриме, рече меѓу другото Сејдини.

Првиот човек на ФФМ посочи дека само резултатот може да ги донесе навивачите на стадион, нагласувајќи ја фаворитската улога на репрезентацијата во Лига на Нации.

Ја потенцираше извонредната соработка со УЕФА и ФИФА и помошта која ја добиваме од нивните програми за развој на фудбалот и спортската инфраструктура.

притисни ентер