Советот на Европа ја повика Русија веднаш да го ослободи Навални

Извршното тело на Советот на Европа денеска ја повика Москва „веднаш да го ослободи“ рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, еден ден откако московскиот суд ја распушти неговата партија, нарекувајќи ја „екстремистичка“.

„Комитетот на министри на Советот на Европа изрази огромна загриженост дека Алексеј Навални сè уште е во затвор“, се вели во соопштението.

Овој комитет, кој го надгледува спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕКЧП) во земјите членки - вклучително и Русија - исто така бара од Москва да ја поништи пресудата против најголемиот критичар на Кремљ во случајот наречен Ив Рошер.

Во декември 2014 година, Навални бил осуден во Русија на три и пол години условно во случајот за проневера на 26 милиони руби (во тоа време скоро 360.000 евра), на штета на руската подружница на француската компанија за козметика Ив Рошер.

Советот на Европа исто така бара од Русија да ја поништи пресудата против неговиот брат Олег Навални.

ЕКЧП „утврди дека тужителите биле осудени за дела што не се разликуваат од редовните трговски активности и дека одлуките на судот биле произволни, непредвидливи и очигледно неразумни“, потсетува Советот.

Овие одлуки го кршат принципот дека „нема кривично дело и казна без закон“ и „правото на правично судење“, посочува СЕ.

„На 2 февруари 2021 година условната казна на Алексеј Навални, изречена во овој случај по произволна пресуда, беше преиначена во тешка затворска казна“, се наведува во извештајот.

Руските затворски власти го обвинија за кршење на судската мерка за надзор додека тој бил на лекување во Германија, откако преживеа обид за труење, за што е обвинет Кремљ.

Седиштето на Советот на Европа, пан-европска организација со 47 земји-членки, е во Стразбур, а министрите за надворешни работи на земјите-членки или нивните делегати го сочинуваат неговиот Комитет на министри.

Фото: Нивес повторно провоцира

Хрватската пејачка и манекенка повторно ги остави без здив нејзините фанови.

Таа овој пат е облечена во боите на Хрватска за да им пружи поддршка на фудбалските репрезентативци кои учествуваат во ЕУРО 2020.

- И денес сончање во соодветни бои ... Каде го гледате натпреварот? - напиша Нивес.

„Ма каква Карлеуша, бомба си “, стои во еден од коментарите на фотографијата.

Затворена најголемата онлајн продавница за украдени податоци

„Slilpp“ - најголемата онлајн продавница со украдени податоци, конечно е затворена.

„Slilpp“ постои од 2012 година и се проценува дека сопствениците на оваа страница заработиле милиони долари.

Тие продавале украдени податоци, од обични налози за плаќање преку Интернет до податоци за кредитни картички, тековни сметки во банка и тн.

За девет години се проценува дека е направена штета од 200.000.000 американски долари преку оваа страница.

Продадени се повеќе од 80 милиони податоци за најавување на одреден налог.

Околу 1.500 компании настрадаа од „Slilpp“ .

Интернет експерти предводени од експерти од Соединетите Американски Држави конечно и ставија крај на оваа страница и таа е под контрола на ФБИ.

Фото: Ким Кардашијан има необично Ламборџини

Ким својот автомобил го обложи сто ткаенина која наликува на крзно.

Тешко дека на обожувателите на Ламборџини би им се допаднала оваа идеја, но зад екстравагантниот потег стои добро смислен маркетинг.

Имено, Ким го направи своето Ламборџини Урус во крзно со цел да ја промовира својата продавница „Скимс“.

Ова сигурно не е најчудниот персонализиран автомобил на некои од личностите од светот на шоу-бизнисот што сме го виделе досега, но Ким успеа во тоа што го посакуваше - да го привлече вниманието на обожавателите кон нејзината продавница.

притисни ентер