Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје: Шилегов да ги слушне барањата на скопјани

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје: Шилегов да ги слушне барањата на скопјани за анализа на влијанието врз животната средина со изградбата на подземна сообраќајница на Кале.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје апелира градоначалникот Петре Шилегов да не прави гол популизам од проектот за изградба на вијадукт на Вардар и подземен тунел под Скопското Кале и да ги слушне барањата на скопјани.

Проектот кој е далеку од почетна градежна реализација треба да биде со одобрение на граѓаните и точна анализа дали истиот ќе ја наруши животната средина и ќе задира во историскиот заштитен локалитет Скопско Кале.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје не е против изградба на овој капитален проект кој како идеја постои повеќе децении, но единствено истиот да се реализира преку консултација на стручната и експертска јавност и јавна расправа на која ќе учествуваат жителите чии живеалишта се наоѓаат во непосредна близина на овој проект.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува барањата на граѓанските здруженија за одржување на јавна расправа на која ќе се чуе експертско мислење и ќе се изработат анализи за повеќе аспекти:

Дали ваквиот проект ќе создаде загрозување на животната средина?

Дали со тоа ќе се зголеми фрекфенцијата на возила и ќе го наруши квалитетот на живот на граѓаните чии живеалишта во самата близина?

Како овој проект од бетон ќе влијае на загадувањето?

Дали ова ќе биде бетонска џунгла или квалитетно сообраќајно решение?

Дали поборникот Шилегов за зелено Скопје се претвора во создател на бетонска џунгла, и колку зелени површини со вијадуктот ќе бидат уништени?

Дали ќе има загрозување на историскиот локалитет Скопското Кале?

Дали зад ваквиот проект се крие можеби нечиј бизнис интерес?

Во отсуство на проекти Шилегов има потреба од гол популизам но тој не смее да се одвива на грбот на скопјани.

Потребно е низ еден транспарентен процес да се носат крупните одлуки за граѓаните на Скопје.

Шилегов наместо политизирање и популизам треба да се посвети на работа.

2 години Шилегов, 2 години неработа, криминал и лаги.

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје

Состанок на Стопанската комора на Македонија со претставници на СДСМ

Стопанската комора на Македонија денеска ќе одржи работен состанок со претставници на политичката партија СДСМ.

Пред средбата предвидени се изјави за медиумите од страна на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија

Најмалку 21 човек се повредени откако автобус излета од патот и се преврти во германската западна провинција Северна Рајна-Вестфалија.

Во автобусот имало околу 60 патници односно средношколци од градот Варбург, кои се враќале од посета на Англија.

Еден од патниците е потешко повреден, но е вон животна опасност.

Сообраќајната несреќа се случи еден ден откако во близина на градот Лајпциг загинаа четири лица. /MИА

Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија

Припадниците на Службата за борба против високотехнолошки криминал ја идентификувале IP адресата на налог на корисник на територијата на Босна и Херцеговина кој во живо на „ТикТок“ изјавил дека исчезнатото девојче Данка Илиќ е во неговиот подрум.

Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија уапси три лица кои се осомничени дека преку социјалната мрежа „ТикТок“ објавиле дека се поврзани на исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ, потврди српското МВР.

Припадниците на Службата за борба против високотехнолошки криминал ја идентификувале IP адресата на налог на корисник на територијата на Босна и Херцеговина кој во живо на „ТикТок“ изјавил дека исчезнатото девојче Данка Илиќ е во неговиот подрум.

Врз основа на тие информации, Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина ги уапсила Б.Т, З.Т и М.Т, извршила претрес и утврдила дека информациите што ги дал осомничениот се лажни.

Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, согласно законот, ќе го изведе осомничениот кај надлежниот обвинител за понатамошно постапување.

Сараевскиот портал „Аваз“ синоќа објави дека истражителите од Одделот за компјутерски криминал на Федералната канцеларија за криминалистичка полиција, по IP адреса лоцирале лица кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на малата Данка, и кои побарале 50.000 конвертибилни марки (околу 25.000 евра) за обелоденување на таа информација.

Потрагата по двегодишната Данка Илиќ, која исчезна во Бањско поле кај Бор, трае од вторникот. Во текот на ноќта полицијата дежурала во куќата каде исчезна девојчето. Во текот на вчерашниот ден со багер е расчистено земјиштето околу куќата во Бањско поле, од каде на девојчето и се губи секаква трага. Целта на ваквиот потег, како што јави дописникот на РТС, е да се провери дали има докази под гранките кои би помогнале во истрагата.

Во потрагата по девојчето учествуваат стотици припадници на полиција, жандармерија, ГСС, ловџии. Беа распоредени и беспилотни летала, со термални камери, а хеликоптерска единица го надлетува теренот.

Иако полицијата во средата соопшти дека потрагата на терен се прекинува, бидејќи сè укажува дека девојчето не е во областа од која исчезна, полициските сили и спасувачките екипи се се уште на терен. Воедно, полицијата информира дека во тек е интензивна оперативна работа. /МИА

притисни ентер