Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Додека скопјани се во карантин Шилегов од одмор во Маврово распиша уште еден оглас за партиски вработувања, овој пат во ЈСП

Владата го затвори Скопје, а Шилегов ужива во Маврово и распишува нов оглас за партиски вработувања во ЈСП.

Додека скопјани се во карантин Шилегов од Маврово распиша уште еден оглас за партиски вработувања, овој пат во ЈСП. Овој оглас е трет во низата, по тие во Дрисла и Комунална Хигиена кои се во вкупна вредност од над 300 илјади евра. За најновиот оглас за партиски вработувања во ЈСП не е наведена предвидената сума, и се третира истата како службена тајна. Криењето на износот на пари кои Шилегов ќе ги потроши партиски да вработува значи дека недомаќински и расипнички се трошат парите на скопјани за партиски цели пред изборите.

Додека Шилегов за време на карантинот одмара во својот „скромен“ дом од неколку стотина метри квадратни за кои јавноста единствено што знае е тоа како не го заработил, односно по негово признание тоа не е со платата, зошто Шилегов не работел за плата, продолжи недомаќински да се однесува со парите на Скопјани кои ги троши за партиски вработувања. Шилегов е должен да објасни поради кои причини сега ги распишува огласите, зошто се крие сумата за вработувањата во ЈСП, и зошто тоа го прави пред избори?

Шилегов од град Скопје наместо метропола претвора партиски штаб за вработување на партиски војници.

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје

Захарова: Русија нема да учествува на конференцијата за Украина

Русија нема намера да учествува на конференцијата за Украина, чија можност ја спомена украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Претходно Кулеба изјави дека преговорите со Русија за решавање на вооружениот конфликт со Украина би можеле да се одржат меѓу првиот и вториот самит за „формулата за мир“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Русија нема намера да учествува на таква конференција. Формулата на Зеленски не е ништо друго освен алхемија“, истакна Захарова.

Андоновски: „Нула корупција“ во јавните набавки

 Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски, денеска беше во посета на Струмица каде имаше средби со приватни компании од ИТ секторот и локалната администрација.

- Од она што можев да го забележам од досега реализираните средби e распространетото ниво на корупција, особено во јавните набавки и начинот на кој што се распоредуваат и трошат народните пари во Општина Струмица, начинот на кој што сe набавуваат потребни материјали за Општината, но и пошироко. Централната власт покажа колку е закоравена корупцијата. Затоа предлагаме „Нула корупција" преку интеграција и дигитализација на сите регистри, изјави Андоновски.

Посочи дека преку оваа мерка ќе се превенира корупцијата преку системот на јавни набавки, преку потекло на имот и дали некои луѓе се поврзани со проектите и на кој начин ќе ги добијат тендерите.

-Регистарот ќе ги спречи злоупотребите поврзани со лицата вклучени во јавните набавки во поглед на нивната подготовка и евалуација, но и учеството во истите од страна на компаниите кои конкурираат. Овој систем ќе послужи и во процесот на проверка на потеклото на имот. Ќе формираме сектор во рамките на Бирото за јавни набавки задолжен за контрола на критериумите за економски најповолна понуда и за спречување на манипулации во процесот на јавните набавки, додаде Андоновски.

Топлотен бран од Африка пристигнува во Македонија

На Македонија во наредниве денови и се заканува екстремно топло време со летни температури над 30 степени, нешто што е невообичајно за овој дел од годинината.

Долнително песочен облак од Сахара, кој веќе прави проблеми во соседна Грција ќе дојде и во земјава. На оваа тема ја вклучуваме Мирјана Мирчевска – Јовановиќ.

Што велат метеоролозите, кога пристигнува топлото време?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер