Совет на Европа: Македонскиот јазик ќе може да се изучува на територијата на цела Албанија

Комитетот на министрите на Советот на Европа, усвои резолуција за спроведување на Рамковната конвенција за заштитата на националните малцинства од страна на Албанија, во која Албанија прифаќа да овозможи школување на припадниците на Македонското национално малцинство на свој мајчин јазик од најрана возраст, на целата територија на Албанија.

Во резолуцијата се вели дека општо земено во Албанија преовладува клима на почитување и толеранција меѓу националните малцинства и мнозинството. Во таа насока е усвојувањето на законот за заштита од дискриминацијата во 2010 и создавањето Канцеларијата на Комесарот за заштита од дискриминација.

Делот кој се однесува на изучувањето на мајчиниот јазик на националниот јазик на малцинствата е донесен скоро по едногодишна дипломатска активност, контакти, состаноци, разговори и преговори меѓу Постојаната мисија на Република Македонија при Советот на Европа во Стразбур, Секретаријатот на Советот на Европа и заинтересираните земји членки.

Оваа одредба на која се обврзува Албанија, значи дека припадниците на македонското национално малцинство ќе можат да побараат настава на македонски јазик не само во зоните на Албанија каде живее мнозинството од нив, туку и во останатите делови на земјата.
- Ова е сериозно постигнување за Република Македонија, но не само за Република Македонија и македонското национално малцинство, туку и за Република Албанија, која со прифаќањето и претстојната имплементација на оваа одлука, ќе се стави во редот на европските земји кои прифатиле и имплементирале повисоки стандарди во делот на почитувањето на јазичните права на националните малцинства. Нам како држава ни престои период од активно набљудување и соработка со Република Албанија во поглед на имплементацијата на оваа резолуција, потврди амбасадорот на Република Македонија при СЕ во Стразбур, Петар Поп-Арсов.

Имено, во извештајот по кој беше донесена резолуцијата се вели дека можностите да се изучува малцинскиот јазик и да се добива образование на тој јазик се недоволни, посебно за македонското и грчкото малцинство надвор од зоните во кои тие традиционално живеат. А не постои настава на српски, црногорски, влашки, аромански или романи.

Во резолуцијата на Комитетот на министрите на СЕ се нагласува дека албанските власти во мај 2011 година ја укинаа обврската на изводите од матичната книга на родените да стои етничката припадност за лицата со потекло од грчкото и македонското национално малцинство, повикувајќи се на изводите на нивните родители, а не врз слободните изјави на лицата. Ова се практикувало само за македонското и грчкото малцинство во одредени дистрикти на Албанија, со што според Стразбур „претставуваше дискриминација меѓу лицата кои им припаѓаат на различните национални малцинства“.

Албанија има донесено и план за промовирање на регрутирањето на припадници од националните малцинства во силите на редот, како и сензибилизација на силите на редот на проблематиката со човековите права.

Комитетот на министрите сепак е загрижен што Албанија не донела ниту еден закон кој се однесува на националните малцинства и покрај нејзиното ангажирање во рамките на Националниот план за спроведување на Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ.

Овај закон треба да ги појасни прашањата кои се однесуваат на спроведувањето на Рамковната конвенција за заштита на малцинствата, а остануваат нерешени и многу други проблеми како правните рамки за признавање на едно национално малцинство, институционалните рамки за организирањето на дијалог со нивните претставници, користењето на малцинските јазици во односите со администрацијата, топографските индикации, двојазичните натписи, ова посебно во географските зони каде традиционално живеат националните малцинства.

Комитетот забележува дека малцинствата не располагаат со вистински орган кој реално ги претставува, способен да зборува во нивно име и да ги брани нивните интереси, бидејќи членовите на постоечкиот комитет се назначувани од властите.

Извршниот орган на Советот на Европа нагласува дека резултатите од спорниот попис во Албанија, не треба да да претставуваат ексклузивна информација за развојот на законската и политичката рамка која се однесува на малцинствата. Тука има и препораки за одржувањето на идните пописи и другите собирање на податоци со кои истите ќе бидат поверодостојни со ситуацијата на малцинствата во согласност со меѓународните норми, како и утврдување на мерки и инцијативи за заштита и развој на културниот идентитет и јазикот на малцинствата. Потоа пристап и промовирање на радио и телевизиски емисии на јазикот на малцинствата и реален дијалог со организациите кои ги претставуваат малцинствата. /Извор: МИА/

Газета дело Спорт: Пиоли би можел да добие отказ од Милан доколку биде елиминиран од Рома во ЛЕ

Стефано Пиоли би можел да го напушти Милан доколку Рома го исфрли од Лигата на Европа.

Во првиот натпревар од четвртфиналето во второто по квалитет клупско фудбалско натпреварување во Европа, Рома на гости го победи Милан со 1:0.

Според „La Gazzetta dello Sport“, иднината на Пиоли во Милан зависи од исходот на реваншот, како и од резултатот на натпреварот со Интер во Серија А. Се забележува дека натпреварот со Рома ќе има посериозно влијание врз кадровските одлуки.

Доколку Милан се пласира во полуфиналето на Лига Европа, иднината на Пиоли во клубот нема да биде загрозена.

Во случај на оставка важна улога во изборот на нов тренер ќе има мислењето на Златан Ибрахимовиќ.

Пиоли е во Милан од 2019 година. Под негово водство тимот стана шампион на Италија во сезоната 2021/22. /МИА

Вучиќ го осуди нападот врз хрватските граѓани во Панчево

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска го осуди физичкиот напад врз четворица хрватски државјани во Панчево минатиот викенд и додаде дека надлежните органи ќе направат сè за да ги гонат одговорните за тој инцидент.

„Тоа е недозволиво, никаде не смее да се случи такво нешто, ниту кај нас, ниту во регионот“, рече претседателот на Србија на отворањето на Бизнис саемот во Мостар.

Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска претходно испрати протестна нота до Србија во врска со физичкиот напад врз четворица хрватски државјани минатиот викенд во Панчево.

Хрватска упати протестна нота до Србија поради нападот врз нејзини граѓани во Панчево

 Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска упати протестна нота до Србија во врска со физичкиот напад врз четворица хрватски државјани минатиот викенд во Панчево, соопштено е денеска во Загреб.

„Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска упати протестна нота до Република Србија во врска со неиспровоцираниот тежок физички напад што се случи на 13 април во Панчево, врз четворица хрватски државјани, како и врз двајца српски државјани кои дошле во нивна одбрана“, се вели во соопштението на министерството.

Хрватското Министерство најостро го осуди тој чин, кој, според достапните информации, е јасно национално и етнички мотивиран.

притисни ентер