Совет на ЕУ: Во интерес на граѓаните и демократијата, политичките лидери во Македонија брзо да ги решат проблемите

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија во рамки на Советот за општи работи (ГАК) на ЕУ, денеска во Луксембург првпат донесоа заклучок во однос на политичката состојба во Република Македонија, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Според документ заклучоците, а по предлог на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), шефовите на европските дипломатии ја повторија посветеноста на Унијата во рамки на Солунската агенда, како и на заклучокот на Самитот на Европскиот совет од 16-ти декември минатата година и на потврдување на кандидатскиот статус на Македонија.

Во првиот од четирите параграфи на заклучоците за Македонија на Советот на Унијата, се изразува длабока загриженост за влошената состојба во земјата, „посебно во областа на владеење на правото, основните права и слободата на медиумите, како темелни демократски вредности во срцето на политиката за проширување на ЕУ”. Притоа, се наведува и дека „во интерес на граѓаните, демократијата, владеењето на правото и политичката стабилност, Советот ги повикува политичките лидери за брзо решавање на проблемите”.

Во вториот параграф за Македонија, министрите во рамки на ГАК ги повикуваат сите страни да преземат итни мерки кон одржлива состојба, конструктивна посветеност за рестартирање на политичкиот дијалог и враќање на довербата во институциите со преземање адекватни политички чекори.

- Сите обвинувања треба да се истражат од страна на надлежните органи, вклучително и наводите за потенцијални злоупотреби објавени јавно, со целосно почитување на соодветниот процес, принципот на независност и пресумпцијата на невиност, се наведува во вториот параграф од заклучокот на Советот на ЕУ за Македонија.

Според предлогот на Европската дипломатска служба, Советот на Унијата во третиот параграф за Македонија го поздравува медијаторството на членовите на Европскиот парламент во разговорите меѓу главната владејачка и опозициска партија и да ги повика двете страни „да покажат воздржаност и да се фокусираат во пронаоѓање решение на сегашната политичка криза што е можно побрзо”.

- Реафирмирајќи ја потребата за продолжена посветеност на ЕУ, вклучително и преку редовното известување од страна на Комисијата и на Европската служба за надворешни работи за ситуацијата во земјата и за напредокот на земјата во европската интеграција, а во согласност со заклучоците на Советот од 16-ти декември 2014 година, Советот останува вклучен по ова прашање и ќе се наврати на истото во следните месеци, се наведува во четвртиот параграф од заклучокот на Советот на ЕУ за Македонија.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети со школки

Во среда (27.03.2024) во емисијата гостин ни беше Катерина Танева.

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакетче шпагети

2 пакетчиња школки

2 конзерви пасиран домат

1 главица лук

1 лимон

бибер, сув зачин, сол по потреба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Парламентот на Индонезија денеска одлучи дека поранешната метропола Џакарта ќе остане економски центар на земјата, како дел од планот за преместување на главниот град на островот Борнео.

Индонезија планира да го пресели својот главен град од преполната, Џакарта чија надморска височина е се попониска, во Нусантара, град вреден 32 милијарди долари кој се гради во џунглите на Источен Калимантан на Борнео.

Градот е водечки проект на претседателот во заминување Јоко Видодо, кој вети подобра дистрибуција на богатството и развој низ архипелагот, не само на островот Јава.

Според новиот закон од 18 март, ќе се формира совет за „агломерација“ за да ги координира развојните планови меѓу Џакарта и нејзините сателитски градови.

Министерот за внатрешни работи Тито Карнавијан по дебатата во парламентот рече дека Џакарта сè уште ќе треба да се развива понатаму за да се натпреварува со другите „градови од светска класа“ откако седиштето на владата ќе се пресели во Нусантара.

- Откако ќе престане да биде главен град, Џакарта сепак мора да има печат на посебен град за да може да го забрза економскиот раст и да го зголеми својот придонес во БДП на земјата, рече тој.

Според сегашните правила, Џакарта ќе остане главен град на Индонезија додека претседателот не издаде декрет за официјално именување на Нусантара за нов главен град, кој е планиран за оваа година.

Се очекува владата годинава да одржи церемонија на Денот на независноста на 17 август во Нусантара, а до крајот на оваа година е планирано преместување на илјадници државни службеници.

Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата

 Европските и американските берзански индекси денеска се во пораст, како и цените на нафтата, додека цените на златото и пченицата паѓаат.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:10 часот порасна на 18.492,46 поени, лондонски FTSE 100 на 7.957,12 поени, францускиот CAC 40 на 8.225,07 поени, а московскиот MOEX на 3.308,14 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс се искачи на 39.760,08 поени, индексот S&P 500 на 5.248,49 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 16.399,52 поени.

Според податоците од берзите, цената на суровата нафта се искачи на 81.768 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 85.756 долари.

Европските фјучерси на гас на отворањето на берзата ТТФ се продаваа по цена од 27.435 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.192,16 долари за унца (една унца е 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,4668 долари за бушел (еден бушел е 27,216 килограми).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07974, што е за 0,26 отсто помалку од вчера.

притисни ентер