Сотировски со честитка по повод празникот Рамазан Бајрам

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) Даријан Сотировски упати честитка до Поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи по повод празникот Рамазан Бајрам.

По повод големиот мислимански празник Рамазан , директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) Даријан Сотировски упати честитка до Поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, до членовите на Ријасетот, до Муфтиствата и до сите верниците од исламска вероисповед

Месецот Рамазан согласно учењето на исламот е период на духовно и телесно чистење, на добри дела, време во кое јакне заедништвото, семејството и солидарноста. Годинава месецот Рамазан муслиманите го минуваат на невообичаен начин, поради мерките за заштита од вирусот кој се наметна како голем предизвик за целото човештво и човекова цивилизација.

 Денес кога завршува светиот месец Рамазан, Ви го честитам срдечно највозвишениот ден од исламскиот календар, празникот Рамазан Бајрам, посакувајќи празнична радост во сите муслимански семејства, се наведува во честитката на Сотировски..

            

притисни ентер