Состојба на патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ ПОРАДИ МИНИРАЊЕ: Поради минирање, односно изведување на градежни активности за изградба на експресен пат А2 делница Длабочица - Чатал, на ден 20.03.2023 понеделник, во периодот од 13:00 до 16:00 часот предвиден е прекин на сообраќајот на потегот село Ветуница - мост на река Блидеш. За време на минирањето сообраќајот ќе биде во прекин за сите типови на возила. По минирањето патничките возила ќе се пренасочуваат на спореден пат, додека сообраќајот за сите останати типови возила ќе остане во прекин до расчистување на магистралниот пат.

Поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), од 20.03.2023 до 25.03.2023, регионалниот пат Велес - Градско односно делот од с. Ногаевци до с. Виничани ќе биде затворена за сообраќај од 08:00 до 16:00 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во тек реставрација на пештерската црква „Света Богородица“ на островот Мал Град, кај Пустец

 Со европски пари се реставрира црквата „Света Богородица“ на островот Мал Град, кај Пустец, Мала Преспа, под надѕор на Регионалната дирекција за национална култура од Корча.

-Во тек е реставрацијата на црквата „Света Богородица“ на островот Мал Град, каде на виделина излегуваат дел од извонредни византиски фрески. Во исто време се поставува и надворешната врата, изработена врз основа на оригиналната, која се наоѓа во Музејот на средновековна уметност во Корча, објави општина Пустец. Со овој прекуграничен проект кој е продолжение на проектот „SmartCulTour“ ќе биде санирана и патеката до неа, а ќе биде поставено и осветлување на островот, информираа од општина Пустец.

Додаваат дека проектот е финансиран од Европската Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка и со заложба на општините Битола и Пустец, како и Дирекцијата за музеи од Битола, Регионалната дирекција за културно наследство Корча и Младинскиот културен центар од Битола.

Оценуваат дека „оваа соработка ќе го подигне односот меѓу нашите институции и држави на друго ниво“

Пештерската црква „Света Богородица“, со својот фрескоживопис отскокнува од другите пештерски цркви расфрлани по бреговите на Преспанското и Охридското Езеро.

Островот Мал Град се наоѓа на три километри североисточно од Пустец на југоисточниот брег на Преспанското Езеро.

Врз основа на записите сочувани на неа, оваа црква претрпела три измени. Во првиот натпис пишува дека основач на црквата е Бојко со жена му Евдокија во 1345 година. Во вториот натпис, пишува дека црквата е возобновена во 1369 година од Кесар Новак, неговата жена Кали, неговиот син Амирал и неговата ќерка Марија. А, третиот натпис датира во 1607 година, кога е насликана надворешната западна фасада. Внатрешноста на црквата е целосно живописна и е доста позната по ѕидните фрески од византискиот палеолошки стил.

Видео: Ники Минаж уапсена поради дрога, снимила се и објавила: „Ме наместија“

Контроверзната раперка Ники Минаж е уапсена на аеродромот Шипхол во Амстердам во Холандија, јавуваат локалните медиуми, а пренесува Скај њуз. 

Раперката го снимила нејзиното апсење и се` објавила на социјалните мрежи.

На снимката се слуша како полицаецот и вели: „Ти си уапсена“.

"Се обидоа да ме спречат да дојдам на концертот. Ми ги земаа торбите пред да ги видам. Ги ставија во авионот. Сега велат дека чекаат царина. Вака изгледа кога луѓето се дебело платени пари за да се обидат да ја саботираат турнејата откако сè останато не успеало“, се пожалила таа.

Холандската полиција соопшти дека 41-годишна Американка била уапсена под сомнение дека поседувала лесни дроги, но не го навела името на жената за која станува збор. Уметницата наводно се подготвувала да лета за Манчестер на концерт во арената Co-op Live каде што требало да настапи.

КФОР демантира дека учествувал во преговори за повлекување на Срби од Бањска

Кфор денеска ги демантираше тврдењата од неодамнешниот извештај на Меѓународната кризна група (МКГ) дека учествувала во наводните преговори за повлекување на група „српски борци“ по настаните во селото Бањска минатата година.

„Тоа не е точно. Кфор во ниту еден момент не бил вклучен во наводните преговори“, се посочува во соопштението на Кфор.

Во соопштението се демантираат наводите од извештајот на МКГ дека по настаните во Бањска во септември минатата година, припадници на КФОР преговарале за „повлекување на група српски борци во околните шуми, од каде исчезнале“.

притисни ентер