Сопругата на претседателот Пендаровски покровител на фестивалот „Ден на граѓанските организации"

Речиси целава оваа година сме обременети со заканата од КОВИД-19.

Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на претседателот на државата Стево Пендаровски, денеска, во својство на покровител, се обрати на отворањето на третото издание на фестивалот „Ден на граѓанските организации" што го организира програмата на Швајцарската амбасада за поддршка на граѓанското општество, Цивика мобилитас, а го спроведуваат НИРАС од Данска и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Ѓоргиевска истакна дека граѓанските организации имаат значајна улога за нашето општество бидејќи благодарение на нив се покриваат проблематики коишто би се комплетирале заедно со институциите за да може ефективно и целисходно да се решат одредени проблеми.

-Речиси целава оваа година сме обременети со заканата од КОВИД-19. Сите сме сведоци на згаснување животи, на губење на нашите блиски. Верувам дека ниту пандемијата, ниту што било друго ќе не поколеба и понатаму да останеме активни граѓани, да учествуваме во граѓанските иницијативи, да бидеме членови на невладините организации и да волонтираме. Нашето слободно време е секако нешто што можеме да го даруваме и да го исполниме со активности кои ќе бидат од полза за општеството. Верувам дека со нашиот проактивен став можеме да придонесеме пред сè на локално ниво, но и на ниво на општеството. Има уште многу што да се стори, меѓутоа само заедно можеме да направиме промени што ќе ги подобрат нашите животи, но и ќе го подигнат квалитетот на животот во целото општество, рече Елизабета Ѓоргиевска.

На фестивалот учествуваат околу 80 здруженија од кои дваесетина имаат креативни работилници и дебати за посетителите, како има и активности од видот на хуманитарни акции, едукација и заштита на животната средина, арт терапија за деца со попреченост, прва помош и тестирање за ХИВ, уметнички работилници и други активности.

Порно актерка ги возбуди фудбалските навивачи (ФОТО)

Во текот на изминатиот викенд, завршија натпреварите во италијанската Серија Б, а крајот на сезоната го означи враќањето на Салернитана по 23 години во највисокиот ранг.

Навивачите на италијанскиот клуб од градот Салерно бурно го прославија пласманот во Серија А, а фотографијата од прославата на една од навивачките го обиколи светот.

Италијанските медиуми наскоро објавија дека атрактивната дама што ја рекламираат светските медиуми е всушност 40-годишната порно актерка Присила Салерно.

"Во добро и лошо, вашата кума секогаш ќе биде таму. Моето срце чука забрзано за местото во Серија А, следната година сме шампиони", напишала Присила и објавила фотографии од прославата на својот Инстаграм профил.

Австријка стана хит поради еластичноста, си сипува чај со нозете (ВИДЕО)

Стефани Милингер од Австрија стана хит на социјалните мрежи. Нејзиниот Инстаграм е полн со фотографии и видеа кои покажуваат колку е еластична.

Флексибилната 28-годишна Австријка го витка своето тело на навидум незамисливи начини, а својот талент го покажа и во германската верзија на шоуто Суперталент.

"Главно добивам различни реакции. Луѓето или коментираат дека работите што ги правам се глупави и дека го ризикувам мојот живот поради кликови или ме поддржуваат затоа што го работам она што го сакам. Јас само сакам да покажам што сум способна да направам", изјави Стефани за Метро.

Таа исто така пронашла интересен начин да сипува чај, а научила и да слика и држејќи ги четките со прстите на нозете.

Трамп ја зајакнува позицијата во неговата партија, ја смени од важна позиција Лиз Чејни

Доналд Трамп денеска го потврди своето влијание врз републиканците со исфрлањето од партискиот врв на Лиз Чејни, која  не ја толерира.

Таа конзервативна лидерка „нема личност и не направи ништо добро за нашата политика и за нашата земја“, коментира поранешниот претседател на САД и поранешен магнат за недвижнини.

Со затворено гласање за само неколку минути, 212 републиканци во Претставничкиот дом ја тргнаа Чејни од позицијата трета по ранг во пратеничката група на републиканците.

„Немаше многу гласови“ за да ја поддржат, изјави пред новинарите пратеникот од Флорида, Бајрон Доналдс, кој гласаше за нејзино разрешување.

„Ќе направам се што е во моја моќ да се осигурам дека поранешниот претседател никогаш повеќе да не влезе во Овалната соба“, одговори Лиз Чејни веднаш по гласањето.

„На земјата и треба силна републиканска партија заснована врз главните принципи на патриотизам и ветувам дека ќе дадам се од себе партијата да оди во таа насока“, рече ќерката на поранешниот потпретседател Дик Чејни.

Лиз Чејни негодуваше против Доналд Трамп и немилосрдно ја критикуваше неговата „голема лага“ кога без докази тврдеше дека неговите последни претседателски избори биле „украдени“ и го обвини за поттикнување приврзаниците на насилство и упадот во Капитол.

Чејни, како и уште девет републиканци од долниот дом, гласаа за отповикување на Трамп на 13 јануари под обвинение за бунт по смртоносниот напад на американскиот Капитол една недела претходно. Останатите 197 гласа беа против отповикувањето.

Лиз Чејни (54), ќерка на поранешниот републикански потпретседател Дик Чејни, беше во републиканската администрација пред нејзината прва победа на изборите за Конгресот во 2016 година.

притисни ентер