Сообраќајот по наместа влажни коловози, снег врне на Попова Шапка

 Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива непречено по влажни коловози. Врне снег на Попова Шапка.

Од Македонија пат предупредуваат дека на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ, посочуваат, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

ЦГК: Општините во просек наплаќаат по 81 процент од данокот на имот

Сите општини заедно, просечно годишно наплатуваат по 1,3 милијарди денари, односно 21 милион евра за данок на имот од граѓаните и од фирмите.

Просечната годишна наплата на овој данок се движи околу 81 процент, посочуваат резултатите од истражувањето и базата на податоци на пресметан и наплатен данок на имот за сите општини за 2017, 2018 и 2019 година што ги објави денеска Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

Значително поголем дел од данокот на имот, се посочува, се прибира од граѓаните, 70 проценти, додека од правните лица, односно од фирмите се прибираат останатите 30 проценти. И успешноста во наплатата е поголема кај граѓаните и изнесува 85 проценти, а кај фирмите се наплатува по 78 проценти од пресметаниот данок.

Во анализираните три години, односно 2017, 2018 и 2019 година постои зголемување на износот на наплатен данок на имот. Сепак, за разлика од 2018 година кога порастот во однос на претходната година бил 12,5 проценти, во следната 2019 порастот бил само 2,5 проценти.

-Најголеми приходи од данок на имот има скопската Општина Центар, по околу 2,3 милиони евра годишно, а најмали, односно без приходи по овој основ е Општина Арачиново која не ни наплатува ваков данок, бидејќи нема база на податоци на даночни обврзници, ниту има формирано даночно одделение, поради што и не издава даночни решенија. Само десетте градски скопски општини прибираат половина од цел данок на имот што се прибира на ниво на држава. Најуспешни во наплатата на овој данок се Росоман и Ресен, најмалку успешни, Студеничани и Маврово и Ростуше. По региони, највисок процент на наплата на овој данок има кај општините од Вардарскиот регион, а најнизок од Полошкиот регион, наведуваат од Центарот за граѓански комуникации.

Истражувањето е реализирано во рамките на активноста „Јавно трошење за јавно добро", поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

Без вода дел до булевар „Македонско-косовска бригада" и Касарната „Илинден"

Без вода денеска ќе бидат дел од корисниците на булевар „Македонско-косовска бригада" и Касарната „Илинден", информираат од ЈП „Водовод и канализација" – Скопје.

Прекинот на водоснабдувањето, како што информираат од претпријатето, е поради дефект на приклучна цевка Ф 6/4 на булевар „Македонско-косовска бригада" број 10/33 и ќе трае до отстранување на дефектот.

Паркингот на Водно во текот на викендот го искористиле 235 возилa

Паркингот на Водно во текот на  викендов го искористиле 235 возила според бројот на испратени СМС пораки.

Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно. Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира.

Паркингот на Водно во текот на викендов го искористиле 235 возила според бројот на испратени СМС пораки.

Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

Град Скопје

притисни ентер