Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, наместа по влажни коловози

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. 

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15.11.2023 година, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Овој времен режим ќе трае се до 01.04.2024 година.

РАБОТИ НА ПАТ:

Започнувајќи од 11.12.2023 год. ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп - Битола поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните работи.

Започнувајќи од 05.12.2023 год. е изменет режимот на сообраќај на државен пат A2, делница Тетово - Гостивар во двата правци на движење поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните.

Oд 24.11.2023 година од 16:00 часот режимот на сообраќајот на делницата од автопатот А-1, Куманово – ГП „Табановце“ поточно кл.Куманово-кл.Кр.Паланка, десната сообраќајна лента за присилно запирање и застанување ќе биде затворена за сообраќај во должина од 500м, додека сообраќајот ќе се одвива по сообраќајната лента за возење и претекнување.

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно ново издаденото одобрение за времен режим на сообраќај поради изведување на градежни работи на Автопат А4, делница ГП "Блаце" - Скопје (клучка "Стенковец") Подделница 1 – од 08.11.2023 г. постоечкиот локален пат до с. Блаце од магистраниот пат А4 пред граничниот премин ќе биде затворен, а пристапот до с.Блаце ќе биде обезбеден по привремен пат пред граничниот премин, согласно поставената сообраќајна сигнализација. Останува и претходно воспоставениот времен режим на сообраќај согласно кој на 2 км пред граничниот премин "Блаце" на местото на изведување на градежните работи сообраќајот се одвива по двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) и поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

На 07.11.2023 година од 13:00 ч. извршена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од Автопат А1, Пeтровец – Катланово - рехабилитација со проширување на автопатот А1 (лево и десно коловозот во двата правца) во должина од 6000 м, сообраќајот ќе се одвива по новоизградената коловозна лента (Катланово - Петровец) двонасочно, со вертикално поставена сигнализација, додека коловозната лента Петровец - Катланово ќе биде затворена за сообраќај.

Oд 24.10.2023 година ќе се започне со реконструкција на регионалниот пат 1301 (Охрид-Свети Наум). Сообраќајот ќе се одвива непречено и ќе биде регулиран со содветна сообраќајна сигнализација.

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај на Автопат А4, делница ГП "Блаце" - Скопје (клучка "Стенковец") Подделница 1 - проширување на постоен пат А4 од ГП "Блаце" до с. Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат до с. Блаце, на 2км пред Граничниот Премин "Блаце" од 06.10.2022 г. на местото на изведување на градежните работи се одвива нов времен двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) со поставена соодветна соорбаќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Oд 11.9.2023 г. воспоставен е времен режим на сообраќај во тунелот на патниот правец Блаце – Скопје, поради изведување на градежни работи – санација на тунелот. Поставена е светлосна сигнализација со наизменично пропуштање на возилата.

БИОН ДОО Тетово известува дека од 20.05.2023 година на патниот правец "Државен пат А3, делница: Буково - Охрид, подделница Буково - влез во Охрид" ќе има измена на времениот режим на сообраќај поради изведување работи што се предвидени на објектот "Поставување на сообраќајна сигнализација и опрема на државен пат А3, делница Буково - Охрид, подделница Буково - влез во Охрид". Режимот ќе биде според сообраќајниот проект. Работите на објектот се предвидени да завршат на 29.02.2024.

Од 14.06.2023 година почнува проектот „Санација на трупот на патот Р1303, делница Македонски Брод – Прилеп, премин Барбаpос. Сообраќајот на овој патен правец ќе се одвива непречено со ограничување на максимална брзина до 30 км/час.

Поради изведување на градежни работи (реконструкција на коловозот) на патниот правец Подмоље – Охрид на магистралниот пат А3, сообраќајот ке биде пренасочен преку регионалниот пат Р-1208. Работите започнуваат на 09.6.2023 г., а на местото ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Почнувајќи од 06.03.2023 г., на автопатот А1, делница Петровец – Катланово, започнуваат градежни активности поради што има изменет режим на движење на возилата. Сообраќајот се одвива непречено и се препорачува внимателно пристапување.

Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново на државен пат А1, делница Велес-Неготино, ќе се применува времена измена на режим на сообраќај. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопат Е-75. Сообраќајот ќе се одвива непречено, со брзина од V=80km/h во зона на градилиште. Режимот ќе се применува се до целосна изградба на новата клучка Градско.

На патниот правец Градско - Прилеп се изведуваат градежни активности и затоа препорачуваме внимателно возење и прилагодена брзина на движење.

На патниот правец Кичево - Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

Снимка на татко кој сака да ја убие ќеркичката- ѝ ветува рај, а потоа се слуша истрел (ВИДЕО)

Чарлс Александар, кој на 7 ноември ја киднапирал својата ќерка од куќата на нејзината баба во Охајо, беше убиен во полициска акција, а властите сега одлучија да ја објават снимката од телефонскиот разговор што го имале со него за време на бегството.

На видеото се слуша како полицискиот диспечер го моли Чарлс да не го повреди девојчето. По инцидентот девојчето неповредено е вратено кај семејството, објави Пипл.

Инцидентот се случил на 11 ноември кога Чарлс ја киднапирал ќерката од куќата на нејзината баба. Пред тоа се обидел да го земе девојчето од училиште, но не успеал бидејќи немал старателство над неа.

Откако киднапирањето било пријавено во полиција, веднаш започнала потрага. Неговиот автомобил бил лоциран истата вечер. Кога ги видел почнал да бега, но полицајците му пукале во гумите и на крајот застанал на паркинг.

Чарлс потоа имал неколку разговори со полицискиот диспечер, кому му се заканил дека ќе го убие и детето и себеси.

На снимките од телефонските разговори, кои изминатава недела беа објавени во јавноста, се слуша како Александар се заканува дека е вооружен, а потоа мирно ѝ кажува на ќерката „дека ќе оди во рајот“.

„Ќе нѐ застрелам и двајцата, повлечете се сега“, се слуша како вели Чарлс, додека во позадина се слуша мало девојче кое го моли да не го прави тоа.

"Сакам да разговарам со нејзината мајка. Ешли, ако го слушаш ова, треба да ми се јавиш", рекол тој.

После тоа, девојчето го прашала својот татко од каде знае дека и двајцата ќе одат во рајот.

„Затоа што си добра“, ѝ рекол татко ѝ.

Девојчето одговорило дека тој ден не сака да оди во рајот.

„Ни јас не го сакав тоа, само сакав да разговарам со мајка ти“, сосема смирено ѝ рекол татко ѝ.

„Не сакам да умрам денес, не сакам да одам во рајот“, одговорило малото девојче.

Диспечерот потоа го советувал Чарлс да зборува смирено со девојчето за да не се вознемири.

Подоцна полицијата го застрелала таткото, додека детето безбедно е вратено дома.

Девојче отишло на педијатар, па се породило во тоалет на болницата- бебето го фрлила во канта

Тинејџерка (15) се породила во тоалет на болницата во Катерина, а потоа го фрлила бебето во корпа за отпадоци.

Во саботата отишла на лекар и побарала да оди кај педијатар. Малку подоцна ги замолила медицинските сестри да дојдат во тоалет.

Кога се вратила, на лекарите им кажала дека е бремена и дека абортирала. Кога докторите отишле во тоалетот, во корпата за отпадоци нашле новороденче, објави Си-Ен-Ен на грчки.

Новопечената мајка им објаснила на лекарите дека не знаела дека е бремена. Новороденчето било тешко 1.600 грама, а се верува дека девојчето било родено во шестиот месец од бременоста.

Лекарите веднаш го интубирале бебето, а мајката била хоспитализирана и подоцна префрлена во болницата во Солун поради обилно крварење.

Да потсетиме, во Виена на почетокот на месецов жена (30) е осомничена дека прво го задушила новороденчето, а потоа неколку пати го удрила од асфалтот. После тоа го завиткала детето во ќебе и најлонска кеса и го фрлила во канта за отпадоци во болницата.

Моќната израелска противвоздушна одбрана има една слабост, што често ја користат непријателите

Израелската воздушна и ракетна одбрана се смета за една од најдобрите во светот, а оваа година се докажа и со соборувањето на иранските балистички ракети, како и ракетите на Хамас и Хезболах.

Железната купола стана суштината на нејзиниот успех, иако е само еден од неколкуте системи.

Меѓутоа, иако израелската противвоздушна одбрана се докажа во одбраната на градовите, има еден горлив проблем – а тоа е дека не може да се одбрани од нисколетачки беспилотни летала, предупредија двајца израелски бригадни генерали, пренесува „Бизнис инсајдер“.

„Мораме да ја браниме нашата противвоздушна одбрана“, напишаа Еран Ортал и Ран Кочав во блог за Центарот за стратешка одбрана Бегин-Садат на Универзитетот Бар-Илан во близина на Тел Авив.

Ортал и Кочав стравуваат дека непријателските беспилотни летала би можеле да ги уништат системите за противвоздушна одбрана, како што е познатата Железна купола, дозволувајќи им на балистички ракети, авиони и артилериски ракети да го погодат Израел без да бидат пресретнати.

„Израелските воздухопловни сили сè уште суверено владеат со воздушниот простор, но под носот на напредните ловци има посебен дел од небото“. Авторите овој дел го нарекуваат „ниско небо“.

„Непријателот најде дупка во системот. Воздухопловните сили (и, во него, корпусот за воздушна одбрана) се обврзани да се бранат од комбинирани и координирани ракетни, беспилотни летала и ракетни закани“.

Во текот на изминатата година, израелскиот воздушен и ракетен систем за пресретнување постигна извонреден успех против различни ракети лансирани од Иран, Хамас, Хезболах и други ирански сојузници, вклучувајќи балистички ракети, крстаречки ракети, артилериски ракети и минофрлачи. На пример, Израел, со помош на САД, Велика Британија и други земји, наводно пресретнал 99 отсто од околу 300 балистички ракети, крстаречки ракети и големи нападни беспилотни летала, кои Иран ги лансираше во нападот во април оваа година.

Меѓутоа, Израел имаше проблеми со малите експлозивни дронови лансирани од Хезболах, милиција во Либан поддржана од Иран. Повеќе од сто израелски војници и цивили се убиени или ранети од овие беспилотни летала, вклучително и 67 кои беа повредени кога беспилотно летало удри во зграда во северен Израел во октомври. Сепак, ситуацијата е далеку од онаа на војната во Украина, каде што стотици мали беспилотни летала ги направија маневрирачките операции на боиштата речиси невозможни.

Сепак, Ортал и Кочав стравуваат дека израелските воздушни одбранбени сили биле развиени во ерата пред беспилотните летала, кога заканата за Израел доаѓала од авиони и балистички ракети, критика што може да се примени на системите произведени во западните земји и Русија.

„Овој систем беше изграден со текот на годините под претпоставка на израелската воздушна супериорност. Самата противвоздушна одбрана не требаше да биде цел на нападот. Непријателот може да навлезе длабоко во Израел и да го вклучи системот за противвоздушна одбрана во една линија, додека други летала користат пренасочување и навлегуваат во друга, скриена линија. Може да идентификува цели и да ги нападне веднаш со вооружени или самоубиствени дронови.“, предупредуваат тие.

Израел се потпира на повеќеслоен одбранбен систем, со ракетите Arrow со долг дострел кои пресретнуваат балистички ракети над земјината атмосфера, Давидова прашка со среден дострел што пресретнува балистички и крстаречки ракети на надморска височина од околу 20 километри и Железна купола кој пресретнува крстаречки ракети, ракети со краток дострел и артилерија и минофрлачки гранати на мала височина. Сите овие системи зависат од производството и повторното полнење на проектили кои се соодветни на заканите. Проблемот е што овие системи не можат да се заштитат едни со други.

„Степенот на взаемна помош и заштита меѓу слоевите е релативно ограничен“, напишаа Ортал и Кочав. За да се оптимизира распоредувањето на ограничениот број проектили пресретнувачи, „секој слој е дизајниран да ракува со специфичен тип на ракета или проектил. Железната купола всушност не може да им помогне на ракетите „Стрела“ или да ги поддржи нивните мисии. Овие ограничувања се подеднакво присутни меѓу другите слоеви“.

Исто така, израелската противвоздушна одбрана не е дизајнирана за опстанок, создавање лажни ракетни батерии и радари за заштита на системи кои често се движат.

„Степенот на мобилност, заштита и способност за прикривање на израелскиот систем за воздушна одбрана не е доволен. За разлика од сличните системи во светот, нашиот систем не беше изграден со синхронизација како клучна цел“.

Создавање четврти слој фокусиран на заштитни точки како што се радари, ракетни фрлачи и војници кои ги користат од проектили и беспилотни летала кои поминале низ првите три слоја. ПВО мора да биде камуфлирана и доволно подвижна за да ја смени локацијата пред непријателот да може да ги погоди.

Иронично, Израел беше еден од пионерите во користењето беспилотни летала за спротивставување на противвоздушната одбрана. Откако претрпе големи загуби од советските ракети земја-воздух за време на војната во Јом Кипур во 1973 година, Израел користеше беспилотни летала за време на Либанската војна во 1982 година. Користејќи беспилотни летала кои имитираат авијација, Израел ги намами сириските радари за противвоздушна одбрана да ги активираат, со цел да ги уништи со проектили што уништуваат радари. Израелските воздухопловни сили уништија 29 од 30 ракетни батерии во долината Бека без загуба и соборија повеќе од 60 сириски авиони.

Во меѓувреме, корпусот за воздушна одбрана на израелските одбранбени сили (ИДФ) го префрли својот фокус од противвоздушна одбрана на противракетна одбрана.

„Претпоставката беше, и сè уште постои, дека израелските воздухопловни сили владеат со небото. Затоа, задачата на воздушната одбрана беше да се фокусира на ракети. Оваа претпоставка повеќе не е валидна“, заклучија Ортал и Кочав.

притисни ентер