Сообраќајна несреќа во Грција - повредено четиричлено семејство од Македонија

Четиричлено семејство од Македонија е повредено во сообраќајна несреќа што рано утрово се случила на автопатот кон Солун при влез во Грција.

Четиричлено семејство од Македонија е повредено во сообраќајна несреќа што рано утрово се случила на автопатот кон Солун при влез во Грција, откако, од засега непознати причини, автомобилот излетал од патот, а според локалните медиуми, сите патници биле пренесени во болница, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што пишуваат медиумите од северна Грција, несреќата се случила околу 8.15 часот утрово, а во возилото се превезувал брачен пар на возраст од 48 и 50 години и нивните две малолетни деца на 11 и 15 години.

Автомобилот излетал од патот и се превртил, а во сообраќајката не учествувале други возила.

Од противпожарната служба на Грција соопштија дека десет пожарникари со шест возила интервенирале за мажот да биде извлечен од превртеното возило, по што со возило на брза помош бил пренесен во болница.

Градоначалникот Јанчев одржа прием по повод Тиквешкиот гроздобер 2024

Градоначалникопт Митко Јанчев одржа прием за гости и делегации по повод годинешниот Тиквешки гроздобер.

Градоначалникот Митко Јанчев денес во Вински музеј Кавадарци имаше прием на гости и делегации во пријатна атмосфера , добра музика и вкусна храна! Тиквешки гроздобер 2024, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Добредојдовте на ТИКВЕШКИ КАРНЕВАЛ 2024!, објави на ФБ градоначалникот Јанчев.

Германски власти тврдат дека Полска ја саботирала истрагата за Северен ток, се огласи Варшава

Пред речиси две години, неколку експлозии во Балтичкото Море предизвикаа бура низ светот.

Набрзо се дозна дека се уништени три од четирите крака на гасоводите Северен тек 1 и 2, кои беа поставени за снабдување со гас од Русија до Германија. Но, кој го направи тоа?

Германските инспектори веруваат дека можеби го имаат одговорот. Главниот осомничен е украинскиот инструктор за нуркање по име Володимир З., кој последен пат живеел во близина на Варшава. Инспекторите го сомничат дека го извршил нападот заедно со уште петмина Украинци. Но, пред да биде уапсен, осомничениот побегнал во својата родна земја.

Германските инспектори сега ја обвинуваат Полска дека не ги извршила европските налози за апсење и претрес издадени од германскиот Федерален суд на правдата против Володимир З. во јуни. Германската федерална криминалистичка полиција и федералното јавно обвинителство се незадоволни. Службеник запознаен со истрагата упатил сериозно обвинение до Велт Ам Зонтаг, тврдејќи дека Полска ја саботира истрагата. Друго лице запознаено со истрагата ја нарече епизодата „попречување на правдата“.

„Полската влада очигледно го пушти за да ја прикрие сопствената вмешаност во нападот на гасоводот“, рече Аугуст Ханинг, поранешен шеф на германската Федерална разузнавачка служба или БНД, објави Политико.

Тој е убеден дека претседателите на Полска и Украина, Анджеј Дуда и Володимир Зеленски, биле запознаени со плановите за напад.

„Операции од такви димензии се незамисливи без одобрение на политичките лидери на вклучените земји“, рече Ханинг.

Инспекторите велат дека шестчлената нуркачка екипа која наводно го активирала експлозивот од едрилицата Андромеда била обучена во Полска. Инспекторите веруваат и дека Варшава можеби обезбедила логистичка поддршка за подводната операција. Членовите на екипажот на Андромеда се осомничени дека товареле опрема неопходна за нападот во крајбрежното летувалиште Колобржег, каде што бродот бил закотвен седум дена пред експлозијата.

Германските инспектори, исто така, ги обвинуваат полските власти за намерно задржување на видео снимките од марината Колобржег. Тоа одбивање ги подгреа германските сомнежи за прикривање.

Властите во Полска велат дека се огорчени од обвинувањата кои доаѓаат од Германија.

„Тврдењето дека Украина ја извршила оваа операција со полско знаење е целосно неосновано“, изјави Јацек Сиевиера, шеф на полското биро за национална безбедност.

Тој рече дека обвинувањата и инсинуациите доаѓаат од близок круг на поранешни проруски функционери кои повеќе не се на позиции на моќ.

Полска, рече тој, ги истражува сите траги, вклучително и можноста Русија да била вмешана во нападот.

Во Белград се одржа досега најмасовниот „Прајд“ (ФОТО)

Годинешната Недела на гордоста се одржува од 2 до 8 септември, а прошетката се одвива денеска на релација од паркот Мањеж до зградата на Владата на Србија.

Од шетачите од сите генерации најголемо внимание привлекоа драг кралиците, пишува Телеграф.

Долга коса, впечатлива шминка, вртоглави потпетици, костими кои привлекуваат внимание, а еден од нив носеше лента со натпис „дебел пе**р“. Всушност, на нив нема детал што не привлекува внимание:

Кума на овогодинешната Парада на гордоста е пејачката Зејна Муркиќ.

Камионот на гордоста ја водеше прошетката низ Немањина. Ана Јовановиќ од Белград Прајд изјави дека е горда транс жена Ромка и дека зборува во име на оние чии гласови ретко се слушаат.

Како што вели, како Ромка е маргинализирана поради нејзината етничка припадност, како жена е ограничена од патријархатот, како транс личност нема права или не се почитуваат.

притисни ентер