Сообраќајка во близина на „Мавровка“, четворица полесно повредени

Попладнево имаше сообраќајна несреќа во близина на „Мавровка“ со четири повредени лица, а во несреќата учествувале пет возила. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

ВМРО-ДПМНЕ: Пациенти болни од рак оставени без терапија

Пациенти болни од рак оставени без терапија, владата и министерот загрозуваат десетици животи.

90 пациенти на кои им е потребна биолошка терапија за колоректален, оваријален и цервикален карцином цел месец не можат да ја примат потребната терапија.

Пациентите немаат примено терапија затоа што МЗ не распишало тендер за набавка на лековите.

Под ризик се и пациентите со рак на бели дробови, бубрег и дојка, за кои во наредните неколку месеци ќе се исцрпи потребната терапија.

Министерството за здравство да не си игра со животите на луѓето и веднаш да распише оглас за набавка на сите потребни терапии.

Дали власта сфаќа дека нивната неспособност убива луѓе?

Неспособноста и во здравството е една од причините зошто мора да има избори. Народот не смее да пати и страда заради криминогеноста и неспособноста на СДСМ и нивните коалициони партнери.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Град Скопје со поддршка на 116 проекти во износ од околу 13,5 милиони денари

Град Скопје со поддршка на 116 проекти во износ од околу 13,5 милиони денари за развој и унапредување на спортот и образованието.

Градот Скопје донесе одлука за поддршка на програми, проекти, активности и манифестации во областа на спортот од интерес за Град Скопје за 2022 година, како и за кофинансирање на програмски активности на здруженија, фондации и други правни лица преку грантови за проекти кои ќе се реализираат во средните училишта под надлежност на Град Скопје.

На јавниот повик за поддршка во областа на спортот од интерес за Град Скопје за 2022 година пристигнаа 164 апликации, а Град Скопје донесе одлука за поддршка на 96 проекти согласно годишната програма за спорт, со вкупен износ од 11 милиони денари обезбедени од Буџетот на Град Скопје за 2022 година.

Стратешката определба на Град Скопје за поддршка на спортот е да преку програми, проекти, манифестации, активности и јавни повици го поттикнува развојот на спортот, како и афирмирање на Градот како развоен спортски центар со европски карактеристики што соодвествуваат на неговиот статус како главен град, со цел остварување на јавниот интерес од локално значење во областа на спортот.

Листа на поддржани проекти, програми, активности и манифестации:

https://skopje.gov.mk/media/8604/finansirani-proekti-i-manifestacii-sport-za-2022.pdf

На јавниот повик за кофинансирање на програмски активности на здруженија, фондации и други правни лица, кои предвидените проектни активности ќе ги спроведат во средните училишта на Град Скопје и учество ќе земат учениците и наставниците, согласно Програмата за активностите на Градот Скопје од областа на средното образование во 2022 година, пристигнаа 23 апликации. Градот Скопје донесе одлука за кофинансирање на 20 проекти, со вкупен износ од 2,5 милиони денари обезбедени од Буџетот на Град Скопје за 2022 година.

Програмските активности кои се поддржани преку кофинансирање и се реализираат во средните училишта под надлежност на Град Скопје се насочени кон следниве приоритети: Справување со актуелните предизвици на здравствената криза односно унапредување на дигиталната писменост на сите членови на училишните заедници; Психосоцијална помош на членовите на училишната заедница за справување со разните форми на насилството, а во прв ред со сајбер-насилството кое станува актуелно за време на учењето од далечина; Едукација и промоција за градење на здрави животни стилови кај младите преку јакнење на свеста кај средношколците и пошироката јавност за личната одговорност во заштитата на сопственото физичко, психичко и социјално здравје; Унапредување на животната средина преку подигање на свеста на средношколците за личната одговорност во одржувањето на чистата и здрава животна околина; Истражувања и промоција на родовата равноправност, ученичките права, слободи и развој на креативност; и Организирање манифестации на кои ќе се презентираат училишните постигнувања, ќе се промовираат најдобрите ученици и ќе се претстават резултатите на воспитно-образовната дејност пред пошироката јавност.

Повеќе скопски населби утре без струја

Без струја утре од 8:30 до 12:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Божидар Аџија", од Државниот студентски дом „Пелагонија" до улицата „Димо Хаџи Димов" во општина Кисела Вода.

Во периодот од 8.30 до 15:00 часот струја ќе немаат дел од корисниците од село Зелениково, а од 8:40 до 14:30 часот корисниците од улиците „13 Август-Охридски Договор", „1633" и „Роман Каскалиев" во општина Гази Баба.

Без струја утре од 9:00 до 11:00 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на булевар „Партизански одреди" во општина Карпош, од 9:00 до 13.00 часот дел од корисниците од улицата „Мариовска" во општина Кисела Вода, а од 11:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Ванчо Мицков" во општина Карпош.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради технички зафати во електродистрибутивниот систем.

притисни ентер