Сончево со мала до умерена локална облачност, температура до 36 степени - Канал 5

Сончево со мала до умерена локална облачност, температура до 36 степени

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Сончево со мала до умерена локална облачност, температура до 36 степени

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. Вредноста на УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 35 степени.

- До петок времето ќе биде стабилно со слаб до умерен јужен ветер и со пораст на температурата. Во сабота во попладневните часови се очекува локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен ветер од јужен, а во недела од северозападен правец, кој ќе предизвика опаѓање на температурата, велат УХМР.

Алмеида нoв тренер на Севиља

Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља го назначи денеска поранешниот аргентински репрезентативец Матијас Алмеида (51) за нов тренер, потпишувајќи тригодишен договор.

Алмеида нoв тренер на Севиља

За време на неговата фудбалска кариера, Алмеида мина една сезона во Севиља, што беше негова прва европска станица по пристигнувањето од Ривер Плата, а подоцна играше во Италија за Лацио, Парма и Интер.

Алмеида го постигна најголемиот успех во својата тренерска кариера досега со грчкиот АЕК, со кој ја освои грчката титула и трофејот во Купот во својата прва сезона на клупата на клубот од Атина./МИА

Условни затворски казни за навивачите кои обесија кукла со ликот на Винисиус

Четворица навивачи на Атлетико Мадрид се осудени на вкупно 64 месеци условна затворска казна за злосторства од омраза против напаѓачот на Реал Мадрид и на бразилската репрезентација, Винисиус.

Условни затворски казни за навивачите кои обесија кукла со ликот на Винисиус

Инцидентот се случи во јануари 2023 година кога четворицата навивачи на Атлетико закачија црна кукла облечена во дресот на Винисиус на еден од градските мостови, со натпис „Мадрид го мрази Реал“ пред натпреварот меѓу Атлетико и Реал во Купот на Шпанија.

Првиот обвинет е осуден на вкупно 22 месеци, од кои 15 месеци за злосторства од омраза и дополнителни седум месеци за закани и споделување фотографии од стореното кривично дело преку интернет, додека преостанатите тројца се осудени на по седум месеци за злосторства од омраза и по седум месеци за закани.

Сите четворица осудени потпишаа писмо со извинување упатено до Винисиус, Реал, Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација./MИА

Вирц в петок на медицински прегледи пред трансферот во Ливерпул

 Германскиот фудбалски репрезентативец Флоријан Вирц ќе допатува в петок во Англија на задолжителните медицински прегледи пред неговиот трансфер во Ливерпул, објави денеска „Скај Спортс“.

Вирц в петок на медицински прегледи пред трансферот во Ливерпул

Вирц ќе се пресели во редовите на новиот англиски првак од Баер Леверкузен, откако двата клуба се договорија за трансферна сума од 116,5 милиони фунти, од кои 100 милиони се загарантирани, а остатокот во форма на потенцијални бонуси.

Во зависност од неговите перформанси, годишната плата на Вирц ќе биде од 195.000 до 245.000 фунти неделно.

Трансферот на Вирц се случува на негово барање, одбивајќи да биде продаден на друг тим.

„Скај Спортс“ наведува дека Вирц совршено се вклопува во тактичката поставеност на Ливерпул и во англискиот тим гледа најдобар потенцијал за развој.

Минатата сезона, Вирц одигра 31 натпревари во Бундеслигата и заврши со десет голови и 13 асистенции. /МИА

притисни ентер