Сончево и топло со мала до умерена облачност

 Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. 

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. УВ=8

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 34 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека за време на викендот се очекува времето да биде нестабилно со пороен дожд и грмежи на повеќе места, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд (над 10 л за 3 часа), засилен ветер и појава на град. Локален пороен дожд и грмежи во попладневните часови ќе има и од понеделник.

Сопствениците на земјиштето во,, Расадник “ бараат извинување од ВМРО ДПМНЕ

Сопствениците на поголемиот дел од земјиштето во Расадник, реагираат на денешниот протест на ВМРО ДПМНЕ со барање да им се извинат од партијата зашто биле наречени дека се дел од урбана мафија. .

Со допис до медиумите сопствениците ја информираат јавноста дека десет години плаќаат данок за градежно земјиште кое сега конечно со предлог ДУПот на општина Кисела Вода ќе можат да го користат.

,,Ниту сме дел од некаква урбана мафија, ниту имаме било какви удели во носењето на ДУП за Расадник. Бараме извинување за наведените клевети од ВМРО ДПМНЕ и ангажирање за побрзо носење на ДУП-от”, во спротивно правдата ќе ја бараат на суд се наведува во реакцијата од сопствениците на земјиштето во Расадник.

Родилка и нејзиното бебе починале на ГАК -директорката Јовановска повеќе детали најави за утре

Вечерва на Клиниката за гинекологија и акушерство во Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза” во Скопје , починала родилка , врз која вчера бил спроведен царски рез и било констатирано дека бебето е мртво..

Случајот за Канал 5 го потврди директорката на Гинекологија, Викторија Јовановска која повеќе детали најави за утре.

Јовановска информира дека станува збор за родилка на која ова и била 12-та бременост и дека досега имала шест абортуси и шест раѓања. Од фамилијата на родилката рекоа дека таа на Гинекологија била однесена вчера, па откако било направено Це Те Ге на детето и според нив, констатирано дека било се во ред, за што поседуваат и документ како што тврдат. Како што кажуваат од Клиниката, пак, на жената и кажале дека Це Те Ге- то е добро и не е добро и и рекле за саат време да се врати назад на уште една проверка.

Но, кога ја побарале, таа била замината дома. Според роднини на родилката откако наводно и било кажано да дојде денеска на нов преглед ,по два часа од прегледот направен вчера на пат кон дома, како што објаснуваат нејзини роднини, родилката прокрварела и била повторно вратена назад, по што била подложена на царски рез.

Како што информиравме, повеќе детали од ГАК најавија за утре а Канал 5 ќе го проследи случајот со повеќе детали во утрешните информативни изданија.

Франција и Британија бележат рекорди,се воведуваат строги мерки

Франција објави дека има околу 13.500 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, најмногу од почетокот на епидемијата во земјата, додека Велика Британија соопшти дека има најмногу случаи во текот на 24 часа од 8 мај.

Француските здравствени власти пријавија 13.498 нови случаи на ковид-19, што е нов рекорд за 24 часа откако болеста започна да се шири во земјата.

Бројот на луѓе во Франција кои починале од коронавирус се зголеми за 26 на 31.274, а кумулативниот број на случаи со коронавирус изнесува 442.194.

Во Велика Британија, во последните 24 часа се пријавени нови 4422 случаи на коронавирус, најмногу од 8 мај.

Таа земја во петокот потврди 4.322 случаи на коронавирус, што е за речиси илјада повеќе од претходниот ден.

Досега се регистрирани вкупно 390.358 инфекции со коронавирус во Велика Британија, додека починале 41.759 лица.

Најновиот пораст на бројот на новозаразени доаѓа откако британските власти денеска објавија дека дополнителни ограничувања ќе стапат на сила во вторник во централните и северните делови на Англија, со цел да се намали зголемувањето на бројот на луѓе со ковид-19.

Контактот помеѓу различни домаќинства ќе биде забранет, додека работното време на угостителските објекти што работат до доцна навечер,ќе биде ограничено.

притисни ентер